Хихихи, некој замина на печалба кај арапите :pos2:
А за составот не се замарајте, ич не губиме со заминувањето на печалбарот.
ВДВ е тука да замени, кој можеби не е класично крило ама сигурно може достојно да потполни празнина во средината.
И не го занемарувајте Дренте, не беше случајно најдобриот играч на У-21 ЕП лани, само треба да добива повеќе шанса.
И во нападот мисалам дека ќе бидиме добри, Руд е проверен стрелец кој има уште најмалку една година првокласен фудбал во него, од Раул само морална подршка очекувам, до скоро мислев дека не е во форма, ама годините кај него си го направија своето, тој веќе не може подобро, сепак има загарантирано место во први 11.
Игуаин е добар НАПАЃАЧ, не е крило, колку само лошо изгледа кога игра таму, се надевам дека Шустер конечно ќе му ја најде позицијата, очигледно е дека има потенцијал во него, останува на него да го искористи на најдобар можен начин.
Од Савиола не очекувам ништо посебно, ама ако може да си ја пронајде формата ќе биде супер, сепак тој моментално е 4-ти напаѓач во Реал, ќе треба напорно на поработи ако сака да го премени тоа.
Сума сумарум имаме добри опции во нападот, ударната сила позади нив е уште поголема, особено од нозете на триото Холанѓани во средниот ред.
Имаме состав за големи нешта, во тоа воопшто не се сомневам.