Иако сум голем навивач на Реал Мадрид , некои работи треба да се предочат најреално.
Прво , ако играат сезонава како што играа вчера против Валенсија прво полувреме , ќе неможеме ни Мерида (Прва Лига се бе тие?
) да ги тепаме.Катастрофа. Кој од кој полош.Еден куп неизнудени грешки и лоши пасови.Никаква контрола врз играта.Лошо.
Второ полувреме.Пеки!
Пред се одлична тактичка поставеност со минус еден играч, и огромна волја со неприкосновена желба за успех.
Би ги издвоил , Диара (дечкото истрча МНОГУ) покриваше за двајца во средина.Офанзино и дефанзивно.Робен исто така беше доста агилен по десната страна.Раул, РВН, Гути некако дури испод просек , барем од нив што треба да се очекува.Одбраната беше доста поцврста и решителна.Пред се Хајнце (по киксот прво полувреме 0-1) и Пепе.Рамос доста солиден , ама не е уште 100%.Некако Торес би беше загубен и доста неоправдано премногу дефанзивно ориентиран.
Само како и да е , покажаа големина достојна за величината на клубот.Карактер.
Е сега бар според мене , судијата беше за чиста десетка!
Прво, ВанДерВарт , немаше потреба за таков нервозен старт врз Мата.Точно, беше 0-1 а Валенсија во тоа време , ама сепак беше околу 40та минута прво полувреме.Цело второ остануваше да се игра.И момаков старт со две нозе , кај што едната ја дигна и за малце ќе имаше ситуација "ала Силва".Оправдан диретен црвен.
Второ, Руд доби два сосема ОПРАВДАНИ жолти картони , ама непотребно.
Трето , пенал за Реал имаше , но сепак ако се погледнеше забавената снимка , момакот од Валенсија го сопре ударот на Руд со рака , ама топката немаше да отиде директно во гол.
Значи , жолт картон и пенал.
Бар тие беа помаркантни ситуации.
Како и да е.Реал одигра со многу желба и мотивација во второ полувреме.Пристапот беше одличен , ама не толку и играта во глобала.Треба некои коцки да се спојат.Пред се да проработи Гути.
Без него , мав ни е работата.
На крај, Честитки до нашите "бели" за првата титула во новава сезона!!!