Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
Harry Potter напиша:
neznam kolku e tocno deka ke si odi Carlos letovo, no edno znam, ako si odi od Madrid togas ke se vrati vo Milano, toa odamna go ima kazano. on vo Real dojde od Inter ;)
Па добро знам дека во Реал дојде од Интер и дека имаше некој такви шпекулации дека ке се врати во Интер ама јас сакав да кажам што ке добијат ако го пуштат летово и дали Кол ке биде соодветна замена за него!Јас лично мислам дека не е тој правиот играч за негова замена!Ама тоа е таква е управата на Реал многу се гадови какви играчи пуштија како на пр.Мориентес(најдобар тандем беа со Раул),Сидорф(како тенк е сеа у Милан тој и Пирло ја држат средината),и на крај што сум највеке изнервиран е коа го продадоа Макелеле и до ден денес не можат да му најдат замена ѕвер играч е.И сеа уште и Карлос да го даат нека кршат глаа после кој им е крив............
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
Ronaldo back for Real Madrid: Hungrier than ever!




Тренерот на Реал Мадрид,Хуан Роман Лопез Каро го најави Роналдо во неговиот прв состав за утрешниот меч против Еспањол.

Бразилецот потполно закрепна од неговата повреда која го држеше надвор од терените полседниот месец и тренираше со напаѓачите од својот клуб вчера.

Роналдо беше дел од комплетната тренинг сесија и работеше заедно со Робињо,Хулио Баптиста и Антонио Касано под надгледност на Лопез Каро.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Роберто Карлос го повреди Бекам

Дејвид Бекам најверојатно ќе го пропушти претстојниот натпревар на Реал Мадрид, против Еспањол в сабота во 20 часот.

Англискиот репрезентативец настрада при еден груб старт на Роберт Карлос на синоќешниот тренинг на "кралевите", по што веднаш замина на лекарски прегледи.

Неофицијалните информации од Шпанија говорат дека станува збор за доста сериозна повреда на скочниот зглоб на десната нога на Англичанецот, поради што Бекам го очекува пауза од терените од најмалку десет дена.

Поради големиот оток околу зглобот, лекарите на Реал објавија дека ќе мора да се почека 24-48 часа за да може да се даде конечната оценка за повредата на Бекам.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
bekam igra vecerva so espanjol duri i mu go namesti golot na guti vo 13 minuta za 1-0, a igra i ronaldo.
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
marketar напиша:
bekam igra vecerva so espanjol duri i mu go namesti golot na guti vo 13 minuta za 1-0, a igra i ronaldo.
Веке е 2-0 стрелец на вториот е Зидан 44 мин............
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
СТАТИСТИКА
4 - REAL MADRID: Iker Casillas; Cicinho, Woodgate, Mejнa, Roberto Carlos; Gravesen (Pablo Garcнa, m.46), Guti (Cassano, m.65); Beckham (Baptista, m.80), Zidane, Robinho; and Ronaldo.
0 - ESPANYOL: Gorka; Armando Sб, Jarque, Moisјs, David Garcнa; Zabaleta (Luis Garcнa, m.64), Ito, Costa, Coro (Pandiani, m.80); De La Peсa (Domi, m.58); and Tamudo.
ГОЛОВИ
1-0, m.14: Guti.
2-0, m.43: Zidane.
3-0, m.45: Ronaldo.
4-0, m.50: Zidane.

4-0 Реал Мадрид ја продолжува добрата серија

Лопез Каро почна со ротации.Роналдо се врати во тимот на местото на Баптиста и Мехија и Вудгејт формираа нов пар во централната дефанзивна линија,додека Сисињо остана на десната бековска позиција без разлика на оправувањето на Салгадо.Со овие единаесетмина Мадрид почна да ја контролира играта,само после неколку минути игра.Робињо и Сисињо ја пробаа среката од крилните позиции,додека многу активниот Зидан импресионираше со своите пасови.Еспањол идеа на контра напади преку Де Ла Пења и Тамудо,нивните клучни играчи.Но Мадрид набрзина им го одзема здивот.


Во 14 минута Гути го отвори резултатот,како резултат на добрата игра на Робињо и додавање до Бекам,кој ја најде левата нога на капитенот.


И конечно после неколку добри акции на Мадрид во 42 минута постигна гол.Тоа беше Зидан со неговиот 5-ти гол сезонава после добрата игра на Робињо и Роберто Карлос.


Натпреварот веке беше решен со голот на Роналдо после добрата игра на Сисињо и прекрасниот центаршут во истекот на продолжението од првиот дел на натпреварот.


Во второто полувреме Еспањол се најде во незгодна позиција од неколкуте сериозни контра напади на Белите.Во еден од овие предводен од Сисињо,Зидан испрати јак удар од 30 метри и го остави Горка немоќен во 50-та минута од натпреварот.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
БУФОН ГИ НЕГИРА НОВИНАРСКИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ

Не одам во Реал Мадрид
Голманот на Јувентус, Џиџи Буфон, категорично ги отфрли шпекулациите дека е подготвен да си замине од таборот на италијанскиот првак за да го засили Реал Мадрид.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Флорентино Перез е подготвен да го продаде Икер Касиљас на Манчестер Јунајтед, и потоа да го доведе Буфон на Сантијаго Бернабе. Сепак, според зборовите на италијанскиот репрезентативен чувар на мрежата, овој трансфер нема да се реализира.

"Новинарите можат да пишуваат што сакаат, но луѓето треба да ја знаат вистината. А таа е сосема спротивна од она што се пишуваше по весниците во последните месец дена. Јас сум пресреќен што сум член на Јувентус, тим со кој освоив многу трофеи. Навистина немам причина да размислувам за заминување бидејќи играњето за Реал Мадрид не ми е некој голем предизвик. Јас сум среќен што сум дел од Јуве и нема да си заминам оттука освен ако челниците на клубот не решат да ме продадат. Јас самиот никогаш нема да побарам такво нешто. И лани бев поврзуван со трансфер на Реал, па на крајот потпишав нов договор со Јувентус. Би сакал истото да се случи и оваа година", изјави еден од најдобрите светски голмани во моментов.

Буфон поради повреда ги пропушти првите три месеци од новата сезона во Серија "А", но по целосната рехабилитација повторно добива шанса во однос на Кристијано Абијати.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Цела Англија го бара Бекам

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, откри дека постои голем интерес кај англиските клубови за услугите на Дејвид Бекам, но дадава дека се надева за продолжување на договорот со англискиот капитен на крајот од сезоната.

"Речиси сите клубови од Англија се обидуваат да го вратат таму, но ние сме презадоволни од него и немаме намера да го пуштиме. Што се однесува околу продолжувањето на договорот, тој има уште година и пол од стариот договор и има време за да се почнат преговорите. За да спречиме преговорите да се претворат во сапунска опера мислам дека е најдобро да ги почнеме на крајот од сезоната. Луѓето како да не сакаат да видат дека Бекам игра одлично за нас, па и натаму сметаат дека го ангажиравме само за да продава повеќе дресови. Тој заврши голема работа за Реал откако дојде тука, а можеме уште многу да очекуваме од него", истакна Перез.

Бекам им пристапи на "кралевите" во 2003 од Манчестер Јунајтед за 35 милиони евра, а по неговото пристигнување на Бернабе клубот нема освоено ниту еден трофеј. "Кралевите" имаат 13 бода негатива во однос на барса во Примера, но затоа се со добра шанса за триумф во купот каде во полуфиналето ќе играат со Сарагоса, а, пак, во Лигата на шампиони ги очекува четвртфиналниот дуел со Арсенал.

"Ќе се бориме за секој трофеј за кој имаме шанса. Јас лично го посакувам оној во купот затоа што е единствениот трофеј кој го немам освоено откако сум претседател. Имаме големи мотиви и во Лигата на шампиони и едвај чекаме да започнат дуелите со Арсенал. Добро ни оди против англиски клубови и се надевам дека ќе продолжиме во тој стил", заврши Перез
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
Сисињо и Вудгејт,не патуваат за Сарагоса!

Лопез Каро ги одбра сите можни играчи за гостувањето против Са рагоса во осмина финалето на Кинг купот освен Сисињо,Вудгејт,Раул Браво и Диого од тактички причини.Мехија не тренираше последните два дена и тој исто така нема да патува заедно со остатокот од екипата.

Во екипата за натпреварот против Сарагоса се вклучени следниве играчи

Голмани-Касиљас и Кобено

Одбрана-Салгадо,Роберто Карлос,Рамос.Елгера и Павон

Среден ред-Зидан,Робињо,Пабло Гарсија,Гути,Гравесен,Баптиста и Бекам

Напад-Роналдо и Касано

А кој ке бидат прв состав останува да видиме........
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
Уффффф дебакл Сарагоса - Реал Мадрид 6 - 1

Лееееј се шокирав коа го видов резултатот............:ija:
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Urban_Mover напиша:
Лопез Каро ги одбра сите можни играчи за гостувањето против Са рагоса во осмина финалето на Кинг купот освен Сисињо,Вудгејт,Раул Браво и Диого од тактички причини.Мехија не тренираше последните два дена и тој исто така нема да патува заедно со остатокот од екипата.

Во екипата за натпреварот против Сарагоса се вклучени следниве играчи

Голмани-Касиљас и Кобено

Одбрана-Салгадо,Роберто Карлос,Рамос.Елгера и Павон

Среден ред-Зидан,Робињо,Пабло Гарсија,Гути,Гравесен,Баптиста и Бекам

Напад-Роналдо и Касано

А кој ке бидат прв состав останува да видиме........
masko so se sluci vecerva, so najsilen sostav izgubija od saragosa so 6-1 i da da napisam i so bukvi sest sprema eden, 4 gola dade milito a drugite 2 everton, dodeka za real golot go dade baptista.
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
marketar напиша:
masko so se sluci vecerva, so najsilen sostav izgubija od saragosa so 6-1 i da da napisam i so bukvi sest sprema eden, 4 gola dade milito a drugite 2 everton, dodeka za real golot go dade baptista.
Е да машко катастрофа алал да им е на Сарагоса се попалиле по купов ја елиминираа Барселона па сеа и Реал браво.......
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom