Се плашевте за својот трансфер во Мадрид?
- „Не. Ова е како сон. Реал Мадрид направи многу напор за јас да бидам сега овде. Јас никогаш не сакав да одам во Јунајтед или некој друг клуб сакав само во Реал Мадрид“.
Притисок?
- „Не нема знам што можам да направам и спремен сум да му помогнам на овој клуб да победува“.
Мадридиста сте од дете?
- „Секогаш ја следев Ла Лига и многу ми го сакав Реал Мадрид. И имам една слика со дрес од Реал Мадрид уште од мојата 9-год. и сонот стана реалност. Едвај чекам да го облечам дресот на Реал Мадрид и да дебитирам за мојот нов клуб“.
Тотенхем?
- „Тие ќе ме разбераат. Сега започнувам нова авантура и многу им благодарам на фановите. Имав шест години таму со добри и лоши моменти. Виљаш Боаш многу ме мотивираше и многу ми помогна“.
Даниел Леви?
- „Тој е тежок. Сакаше да прави работа од трансферот, но му благодарам што најде договор со Реал Мадрид и ми дозволи да дојдам тука. Но сега нема да зборувам како се договоривме тоа е моја работа нема смисла да зборуваме за тоа“.
Анчелоти?
- „Зборував со него, ќе дадам 100% од моите можности да освоиме титули и да имаме многу успеси сезонава“.
Како е вашата форма?
- „Тренирав и нестрплив сум да почнам да играм овде. Имав мали болки но кога дознав дека Мадрид ме сака веднаш сакав да дојдам тука. Ќе бидам во топ форма“.
Роналдо?
- „Роналдо е најдобар играч на светот, ќе ми биде чест да играм со него. Тој беше еден од главните причини поради кои дојдов овде. Имаме многу добар тим и се надевам дека заедно ќе освоиме многу титули“.
Нејмар кажа дека е дојден да му помогне на Меси да остане најдобар а вие?
- „На, Роналдо не му треба било каква помош тој и така е најдобар, јас сум тука за трофеи“.
Флорентино?
- „Ми даде поддршка и направи да се чуствувам добредојден од првиот момент“.
100-мил евра?
- „Тоа нема врска со мене. Тоа е одлука на Мадрид и Тотенхем. Јас сакав да дојдам и за едно евро само за да освојам многу титули како на пример ЛШ“.
Бернабеу?
- „Бев многу нервозен, не знам дали го забележавте тоа. Се чуствувам како привелигиран“.
Слободните удари?
- „Роналдо е шефот, и прв играч во нашиот клуб и светот, јас сакам само да му помогнам. Ќе треба да видам што ќе каже тој, тој одлучува“ .
Генто?
- „Тој е легенда. има многу титули во Шпанија и ЛШ. Јас очекувам да помогнам да добие Реал Мадрид уште титули во ЛШ“.
Вашето деби?
- „Во добра форма сум. Работев многу напорно на моја иницијатива. Ми треба време за игра. Ќе одам да и помогнам на мојата селекција и потоа ќе одам чекор по чекор, но очекувам да играм против Виљареал. Многу го посакувам тоа“.
На која позиција ќе играте?
- „Таму каде што сака тренерот. Минатата година играв лево и десно крило во нападот. Но ќе играм таму каде што ќе сака Анчелоти“.
ЛШ?
- „Реал Мадрид сака да освои се, ова е најголемиот клуб на светот и ние ги сакаме сите трофеи, не само ЛШ. За тоа и сум тука“.
Совети од Лука Модриќ?
- „Ние сме пријатели и зборувавме понекогаш на телефон. Ми препорача да дојдам тука. Цел свет знае дека ова е најдобриот клуб во светот. Сега моментално учам шпански, важно е да се научи шпанската култура“.
Прво сеќавање?
- „Беше тоа еден гол од финале на ЛШ, но тогаш бев многу мал“.