Првиот состав и играта Мурињо не можеше да ја постави подобро. Игравме стварно подобро од нив, бевме доминанти среде Минхен, бев задоволен од тоа како се одвиваат работите. Не заслуживме да губиме, али и реми ќе беше добро. Затоа што видов дека Баерн не ни може ништо, ни дадоа еден глуп гол кој е и дебело нерегуларен.
И тогаш Мурињо ја посра работата, таман кога тие почнаа физички да паѓат ние се повлековме и браневме резултат, а дека оваа екипа не знае да се брани и да чува резултат му се докажа Х пати. Ја посра и со замените. Голот беше само знак прашање кога ќе падне, ги пуштивме повторно да заиграат наместо да ги притиснеме и да ги докрајчиме. Се победивме самите себе си, стравот не чинеше убав 1 - 1 резултат, па дури и победа. А никој не може да ме увери дека немаше да ги победиме ако ги притисневме наместо да се браниме, и ако измените не беа до толку глупи.
Задоволен сум затоа што реално имаме добар резултат, гол во гости вреди како два. Иако можевме и требаше да добиеме многу повеќе од овој натпревар.
Во 53 минута Озил постигна гол, само требаше Кака да влезе во игра место било кој, па подоцна и Игуаин во игра и да се продолжеше со тоа темпо. Би ставил пари на тоа дека ќе ги победевме 1 - 3 со брилијанта партија на Кака, само да влезеше некаде околу 60та минута.
Верувам во тимот и во Мурињо, али ако не успее да се пласира во финале, не гледам причина зошто би останал и на Бернабе наредната сезона, макар и ја освоил Ла Лига.