Чаби Алонсо треба да биде претпазлив за да избегне санкција во ЛШ, Мурињо има дилеми околу него...
Резултатот од првиот меч со ЦСКА Москва(1-1), не е единствената работа за која треба да се грижи Мурињо, во пресрет на реванш натпреварот. Во овој витален дуел, Мурињо би можел да ризикува да го загуби Чаби Алонсо, неговиот клучен играч во средината, за дуелите од 1/4 финалето.
Играчот од средината
има 2 жолти картони во ЛШ, што значи дека доколку добие уште еден, трет, Реал ќе мора да го игра следниот меч без него. Баскиецот е злато вреден за екипата, бидејќи одигра 26 од 27те натпревари за Реал во Ла Лига. Го пропушти само дуелот со Спортинг, поради жолти картони.
Во ЛШ Чаби ги одигра сите натпревари. Неговата природна замена, Нури Сахин, се наоѓа отсечен од тимот од Мурињо. Турчинот игра многу малку сезонава, и нема настап од 20 декември. Мурињо му даде само 364 минути во текот на целата сезона, претежно во најмалку значајните натпревари. Сахин беше повреден долго време, и откако се врати од повредата, Мурињо не смета на него.
Голема дилема за Жозе, дали да го резервира Чаби за евентуалното 1/4 финале, или пак да го стави во игра, и да излезе со најдобрите 11 на мечот со ЦСКА, но притоа да ризикува да го изгуби за првиот дуел од 1/4 финалето.
Нека заигра малку Сахин АМАН!