Фан Клуб: Пелистер

Член од
2 август 2011
Мислења
1.155
Поени од реакции
1.390
Da ne nosime odluki pred vreme, rabotata na novata uprava moze da ja ocenuvame po zimskata pauza koga ke vidime dali ke se donesat igraci ili ne se ova dosega e nasledeno i nemoze da mu se prepise kako neuspeh na upravata. Mora del od igracite da se izbrkaat kako Paseto, Fikata i tn i da se donesat igraci na nivnite mesta. A i Mane me razocara so vakov fudbal nema 15 dusi na tribina da ima, tolku coek bez madinja nemam videno doma da se branis so partal ekipi, namesto da napadni pa i da izgubat barem fudbal ke gledame a ne vaka uzas.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
И моето дете ќе навива за Пелистер
Токму сега ·
Според нас Марјан Секуловски треба да го води Пелистер до крајот на сезоната !

Еве неколку факти зошто тоа така го мислиме:

- Мане беше доведен во Пелистер на само 10 дена до почетокот на новата сезона
- Состави респектабилен состав, од она што останала и од она што е ,,Free" на пазарот
- До доаѓањето на Секуловски, играчите повеќе немаа, одколку што имаа тренинзи без никакви припреми
- За тоа како треба да изгледа тимот што тој го посакува и кои засилувања треба да му се донесат, Секуловски не беше запрашан, затоа што во тоа време клубот немаше управа, се донесе она што останало
- По 12 одиграни кола, Пелистер има најдобра одбрана во ПМФЛ
- Секуловски е најзаслужен што фудбалерите играа како во клубот да цветаат рози, а ситуацијата беше повеќе од АЛАРМАНТНА

Според овие факти, наше мислење е дека Марјан Секуловски ја заслужува довербата и со квалитетни засилувања во зимскиот преоден рок на пролет клубот да се избори за Европа !

Ајмооо
Кој е за да остани Мане нека мани лајк,кој не е нека коментира....:D
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
757
Поени од реакции
884
И моето дете ќе навива за Пелистер
Токму сега ·
Според нас Марјан Секуловски треба да го води Пелистер до крајот на сезоната !

Еве неколку факти зошто тоа така го мислиме:

- Мане беше доведен во Пелистер на само 10 дена до почетокот на новата сезона
- Состави респектабилен состав, од она што останала и од она што е ,,Free" на пазарот
- До доаѓањето на Секуловски, играчите повеќе немаа, одколку што имаа тренинзи без никакви припреми
- За тоа како треба да изгледа тимот што тој го посакува и кои засилувања треба да му се донесат, Секуловски не беше запрашан, затоа што во тоа време клубот немаше управа, се донесе она што останало
- По 12 одиграни кола, Пелистер има најдобра одбрана во ПМФЛ
- Секуловски е најзаслужен што фудбалерите играа како во клубот да цветаат рози, а ситуацијата беше повеќе од АЛАРМАНТНА

Според овие факти, наше мислење е дека Марјан Секуловски ја заслужува довербата и со квалитетни засилувања во зимскиот преоден рок на пролет клубот да се избори за Европа !

Ајмооо
Кој е за да остани Мане нека мани лајк,кој не е нека коментира....:D
А твоето мислење за цело ова напишано, за сите факти и докази ? :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
А твоето мислење за цело ова напишано, за сите факти и докази ? :D
Абе брат,се ок е напишаното,ама искрено кој се замара со се то,мене ме интересира Пелистер да е јак,доста е појќе да си играт мајтап партал екипи со нас...
Кој сака нека е тренер само нека има успеси,да има победи,да гледаме Пелистер кај шо игра убав фудбал...
А за да го има ова ќе треба управата да ги засука ракајте и да донеси салам играчи..
Иначе лично јас сум да остани Мане,да му се дај шанса да ја истурка сезоната,да видиме колку можи со појак ростер,па после да даваме анализи колку го бива или не...
 
Z

ziko bt

Гостин
Абе на овај состав и стручен штаб да искешират 3-4 бразилци,со слични карактеристики на Блажевски,Стојков и си доминираме напролет.Е сеа изгубивме 5 битни бода дома,ама јебига освен триото на врвот четврто место е достижно,нормално Вардар или Работнички ако го земат купот.
И еве за стадионот.:sneaky:
http://ekipa.mk/ofitsijalizirano-ffm-opshtina-bitola-dogovor-za-rekonstruktsija-na-tumbe-kafe/
 
Последно уредено од модератор:

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.052
Поени од реакции
7.819
Не е до Мане бе, едноставно со овие крпени играчи толку ни е силата, ама како шо слушнав веројатно имал договорено ангажман за Азија од на пролет и сигурно бегал...
Е сега ни останаја уште 4 утакмици:
Работнички гости
Силекс дома
Тетекс гости
Шкендија гости
Тешко ќе биди да се тепа ѕинго дома, со ваква игра, не знам ептен ако се отвори...
Со Тетекс евентуално би се надигрувале со затворена формација да се тепа 0:1...
Со Работнички и Шкендија не би имале шо да бараме, ептен ептен ако ја умртват пред се на Работнички мислам едно бедно 0:0...
И нормално на полусезона да видиме како би се покажала новата управа...
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
757
Поени од реакции
884

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Абе и Мане сега ја претера,жими миле....
Нејќи да го плукат а се изнаплука по публиката..
Се прај дека е шетан тренер,дека има работено во појќе земји,е па сегде е бе исто..
Во Англија да не не го плукат Мурињо?:eek:
Да не не ги критиковат во Шпанија трнерите,играчите,управите?...
Шо не се прај таму...само не се дава толку до значење како тука...
Овај овде најде да бара да не плукале по играчите..
Е па то му е работа бе на гледачот....нивно право е да искажат мислење,некој кажва мислење за играта,некој се прај тренер,друг соли памет како требаше да се изигра,четврт ќе плука по управа..
Некој ќе плука,некој ќе фрла по судијата...то е сегде во светот,не е само тука..
Шо сака овај?Да ги галат...
А и не е фер да се плука по публиката,оти има некој луѓе шо ги прозива во експозето:icon_mrgr:ги нареква искомплексирани а тие луѓе се со децении со клубот..
Е па извините тренери,играчи ама не сте само вие Пелистер,Пелистер сме сите ние...
Не можите вие да речите дека појќе го сакате клубот од другите?
Се собрале 7 дена пред сезона,немале припреми,тие биле играчите,повредени...
Кај другите да не е поарно?
Да не беа сите ко Вардар на припреми во Австрија?
Силекс да не беа кузнеј каде на припреми,или Реново..
И аман со тие припреми,ко демек ако ги напраевме сега ќе газевме...:icon_mrgr:
Аман веќе само изговори да се најдувале...
Се повредват играчите сегде,само кај нас се користи повредата на играчот како изговор за неуспех...
Се повредват оти немат како шо треба грижа,немат салам физиотерапевти,ушт поважно не водат спортски живот(дремат по кладилници,по кафичи,не се хранат правилно,кој пие,кој пуши итн)...
И кој е крив овде?
Нормално повредите можат да му се случат на секој,ете Арсенал пепел го напраја повредите,ама не е случајно шо се повредват на секое...
Мора да се напрај нешто сериозно околу ова...
И на крај за играта,нека кажи Мане Мурињо дали има некоја идеја,шо тој бара од утакмицата?
Нема изговор за играта,сме немале среќа...жими миле сме немале...
Која среќа бе кој бакрачи?
Среќа неаме шо Пашето е тежок месечар и не проценва дали треба да излези или не?
Шо среќа треба овде...:tapp:
Шо покажа појќе Ренова?Или Силекс во Кратово?Или Шкендија во Битола...
Точно е дека никој не не надигра,ама не можи цел живот само на то да се вадиме,абе дадовме се,барем не не надиграја,овај е крив,тој е крив...:facepalm:
Заборава тој Мане дека ко му го свртија грбот сите на клубот дека останаја овие гледачи шо сега плукат по нив..
И пак ќе бидат тука,и ко ќе ги запали патиките пак Мане во Сингапур или некоја друга вукојебина,нема тој да биди тука,туку пак ќе бидиме ние....
Заборава тој Мане дека публиката беше тука ко се криеја тие и чекаа кој ќе биди газда на клубот...:нинџ:
И сега абе публиката ни го сврти грбот...
Е шо да ви прај публиката ко не знајте кај терате?
Се вратиле играчите оти го сакат Пелистер?Се вратија оти немаја кај да одат зато се вратија...
Е шо демек публиката го нејќи Пелистер?Мане и хероите само го сакале...:tapp:
И шо ако карале по него?
Тој е професионалец и треба да истрпи критика,ако реагира на секој шо ќе викни од публика кај ќе биди крајот?
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.155
Поени од реакции
1.390
Mrazam.gnidi kako Mane, koga se drugi mu se krivi, luge koj ne znaat da prifatat odgovornost i krivica. Se samo da se glumi zrtva pa pola od firmite vo Bitoka mu se kasnat platite a ovie posto mu se kasnele nekoja plata treba na ramenja da gi nosime i koga nema da go isoptat dresot. Epa Mane treba da svatis deka so tvojata kukavicka taktika ke te psujat i toa kako.
 
И

Игнориран член

Гостин
Сеа и Мане осеќа дека ќе биди сменет после ова утакмица и ајде ќе си кажам шо ми лежи на душата.
Па ако глеаме така и Боче пред да си замини имаше даено интервју во нова македонија , кај шо јасно кажваше за сите проблеми на клубот.
Проблемот е во лошата игра на клубот и зато се плука на утакмици. И кога ќе победва клубот ако пружи лоша игра на терен и тогаш публиката го искажва незадоволството од прикажаната игра.
Е сеа се вадат со припремите , со ситуацијата која го снајде клубот... Абе во ред е то , сите се свесни за ситуацијата во клубот , ама бе месец дена да не шутниш на гол и само да се браниш ... Па пичка му матер . То е анти-фудбал.
Вистина најслаб напад имаме во првенството , ама пак и ова е претеризам.
Сеа шо прајме во наредни 4 кола. Ќе се браниме ??
Па Работнички и Шкендија ќе отворат 100% . Колку сакаш брани се . Напаѓачки фудбал играт двете екипи и ќе те разбијат за едно полувреме.
Турново дома не го тепавме , Ренова ни ги зеде бодојте и ни останва уште со Силекс утаккмциата во Битола. И неа ако не ја добиеме и се ќе се најдиме одма во опасната зона под Ренова и Турново.
Незнам каква е ситуацијата во клубот со ова новата управа , ама очигледно е дека постои некое незадоволство кај играчите и од таму се и овие лоши резултати .
Нека дојди паузата , па да се напрај една филтрација во клубот.
Да се обноват договорите на 2 год (минимум) со Батецот , Љамче , Трајковски , Мустафов и Владица обавезно . Овие деца да се задржат во клубот по секоја цена треба.
Динчев можат да го пуштат па и Миленковски .
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Го читав текстот на Мане во интервјуто и мислам дека како треенр-професионалец можеше да дади критика или незадоволство и да побара подршка и молба во 2-3 реченици,ама да пиши цели реферати не го личи!Па ние публиката од шо да бидиме задоволни?Ова не е проблем од денес,туку од генерации наназад.Критика како критика сегде ја има,то е нормално во светот.Кога не чини играта мора да реагира публиката...Пред 10 год Реал ко не играше како шо треба на стадион 80 илјади публика му скандираја и му вадеа бели шамивчиња и му мавтаја во знак на револт!То Мане и играчите треба да го сватат.Кога играт убаво ќе бидат убаво наградени!И нека не се прај Мане и играчите дека го сакале клубот поќе од мене или од еден куп други луѓе,крај краева земат пари до тој клуб!То дека се трудат да играт сигурно,ама тие се силите, нема шо да бараме оваа сезона,имаше многу турбуленции.А то дека го сакале клубот ајде ќе видиме до кога,да не испадни пак како и стално (не се работи долгорочно) и да замини Азија или Африка...Со него и голем дел на играчи кои последна станица му е токму матичниот клуб,или играчи кои ја одржаваат формата преку летото или зимата во нашиот клуб за на крај да ни речат кој ве еба и заминат во други клубој или на печалба.Епа досега кај нас ретко кој изиграл цела кариера во нашиот клуб или би го паметеле по многу нешта ( и тие се ретки),баш напротив и овие играчи дел од нив немаат кај да одат па играат во клубот од градот каде што живеат..Не велам дека не го сакаат баш напротив,ама работата чкрипи во секој можен сегмент на името Пелистер.Ова сезона за нас е уште една пропадната и е завршена уште пред да почни.Одвај чекам да дојди полусезоната и да се види дали од наредната година 2015/16 ќе има стабилен фудбал во Битола.И уште нешто,Мане во никој случај не треба да замерва толку на публиката туку ако сакат успех малку повеќе нека стават повеќе тренери,луге кои ќе работат на кондицијата на играчите здравиот спортски живот и слично,а не онде секој петок до 4 сато да се претерват по дискотеките,да пијат,пушат и само по кладилници да одат,ете пошто нив најмногу ги боли светото име Пелистер,тогаш токму тие нека не го валкаат
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.380
Поени од реакции
5.735
Значи ако е некој кадарен отпишана екипа да врати во живот то е само Пелистер.Од нигде никаде ги оживеавме гипсарите :facepalm:.
Незнам можи ќе пишам глупости(и јас незнам шо да кажам за ситуацијата) ама дај шо побрзо нека дојде полусезона па после да видиме шо ќе се дешава.

Значи факт е дека никој од нас не очекување дека со овие играчи ќе имаме 17 бода по 13 кола.

Ама и друг факт е дека ова сезона ние не играме фудбал.Не дека лани или оломнани игравме нешто подобро ама мислам ова година е врвот.Ај јас разбирам на гости да играш на резултат и на тие шо ја гледат утакмицата да си карат мајката шо дошле на стадион,ама единствено нешто шо јас лично му замервам на Мане е пичкарскиот однос на домашен терен.
Значи ако има повредени казнети и слично не треба да го интересира,па макар играл и со кадети.Се знае дома се напаќа од прва минута и против секој се оди на победа.Па пичка му матер не дошол Реал Мадрид и тие другите се отепани како нас.Е сега секоја приказна си има две страни.
Едната тренерска која до некаде е оправдана оти Мане знај кој се ги има на располагање па макар сме и комплетни па оди на варијанта дај ќе се тегниме па ако од нигде никаде дајме гол супер ако не никому ништо.
Но од друга страна е таа на гледачите.Во време кога барем и на телевизија а и реално можиш да си приуштиш врвен фудбал земваш се закреваш одиш на мизерија стадиони , одвојуваш од твоето и така малце слободно време за да гледаш фудбал и по 2 сати поминати на стадион единствено нешто шо си приуштил ти се еден куп нерви кој наместо кога одиш на утакмица емотивно да се испразниш,се полниш со уште поќе негативна енергија.
А знајме дека фудбалот се игра за публика.Публиката и треба слободно како и секаде во светот да зи го искажва својот став,а тренерите и играчите како профисионалци(барем така во Македонија се водат на хартија ,а реално 99% од играчите и тренирете се светлосни години од то) да не обрнуваат внимание на тоа.
Значи фер е да излези Мане и да кажи видите мојата филозофија на фудбал е таа.Јас и дома и на гости оти имам таков профил на фудбалери нема да играм фудбал бидејќи само така можи да земам некој бод и да напрајме шо поголемо бодовно салдо пред паузата.
А јас како гледач да му кажам на ФК Пелистер и на Мане.Еве чекам да дојди полусезона и бидејќи сум премногу поврзан со клубот не идам да ве гледам на обострано задоволство до напролет.И така нервите ни се при крај па место уште толку да ги губам ќе си седнам дома како чоек и ќе гледам фудбал да фудбал на телевизија.А ако ФК Пелистер се премисли и почни да игра фудбал на некоја од преостанатите 4 утакмици па макар и изгубат 10 - 0 ќе дојдам пак да ве гледам.
Но како и да е сепак Мане ги надмина моите очекувања во однос на бодовното салдо до сега.А за то дека никој не ги надигра во фудбал во право е, оти ние не ни играме фудбал.
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
Ајде Мане Мурињо спремен е за Мјанмар или потаму негде... Да ги научи како се игра фудбал без шут кон голот.
Јас во животот немам видено досега тренер шо на дерби после негатива се решава да извај преден везен и да клај заден (Љаме-Бацката) а со то да се повлечи заради то да не примел поќе гола. Која тактика е бе да не се шутни на гол? Ниту увежбана контра, ниту прекини, ниту корнери... Која мизерија е она, од слободен или шуткаат 10 метра над гол, или центаршутот не стига ни до 16.
Две додавања не сврзват, едноставно тактиката е бапнија напред можи Ступиќ сам ќе ја издрибла цела одбрана и ќе дај гол. Ако е оправдање дека не ја одбирал тој екипата... Еве кажете еден тренер шо кај нас самиот си носи играчи. То шо ќе договори управата то се носи, додуша Мане имаше привилегии да брка некои играчи пред стартот на сезоната иако не знам која беше целта да имаме едвај 12-3 играчи во ротација... Неспремни повеќето :unsure:
Наместо шо пишел четиво дека го плукале, поарно нека седнел и нека барал чаре како да го поминиме центарот.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.267
Поени од реакции
5.103
Ова Мане ако го има изјавено, јас ќе бидам ПИЛОТ!
Не си допишвајте вие администраторите глупости...

Друг муабет...
На оваа екипа и Пеп Гвардиола да е тренер пак ништо нема да напрајме, то е јасно како ден, не е до тренерот, исто и јас би му дал шанса на Мане да се докажи до крајот на сезоната, кога можеа лани со Бочевски, зошто да не сега и со овај.
Треба ИГРАЧИ, ИГРАЧИ ни требат, јас да сум тренер би го сменил скоро цел тим! Од овие моментално шо ги имаме единствено вредат Крстески, Степановски, Ганчев, Батецот и Љамче. Другото е пропаст !
Мане не трча на тренерот па цела вина да е во него, тие се играчите 13-14 играчи имаме и со нив играме цело време, не имаме ростор од 23 играчи па да бираме кој да игра, мака мачиме прво со реализација, од 13 утакмици 8 гола даени, 5 примени, па овие комедија се од МТВ за преносот ко го даваја Пелистер викат, Пелистер има ГРАНИДНА одбрана "Една од екипите со најмалку примени голој во Европа" леле мори мајко, споредба и пол, па играме БУНКЕР ни самите играчи незнат шо играт и со каква цел излегват од соблекувални, не знајме гол да дајме, среќата е 1 или 2 утакмици, ќе ми кажват немале среќа а помина пола сезона, ова е НЕЗНАЕЊЕ која среќа кој црни камења !
Па уште Европа ќе се бореле, гледајте спасете ја сезоната оти ќе испадните остајте вие Европа, какви екипи таму се натпреваеуват капата ќе ни ја паднат, па моментално екипа од Малта да ни дојди ќе ни ја скрие топката...
За утакмицата, незнам шо да кажам, немам коментар ова е последна утакмица од мене за сезонава, следува бојкот, па незнам дали овие фудбалите некогаш ја гледаат снимакта на ТВ да видат самите на шо личат ? Како заклани кокошки сме на терен, доста ни е слаба лигата и собираме бод по бод иначе до сега ќе бевме заковани рамо до рамо со Тетекс на последното место.
Имавме добри шанси за гол , особено преку контрите на Јове и двете на Миленковски.
Се бара членот од Ѓорче кој беше цело време против Фиката дека треба да работел на Вулканизер, шо плукаше по него, јас си мислев друг е проблемот нешто Фиката да не има гибано на љубовен план кај него шо го замразил толку:D Ама во право бил, 2 гола ни пропаднаја денес само од него, имав надеж во Фиката, доста брзо крило, ама ова сезона не отепа буквално или со се топка ќе излези надвор, некој безвезен дриблиг па губи топка или ќе ја плесни преку гол, тотално е изгубен, во право беше скојанецот моментално само ни смета во екипата !
Динчев изигра доста добро денес, стабилен во одбрана, корисен во офанзива, по центаршутот наменет кој Ступиќ овај самоубиство ќе си напраеше од само 3-4 метри чиста топка со глава ја погоди само стативата, во првото имаше добар удар од шеснаесетник ама одбрани голманот и кога нема да искористиш 5-6 одлични шанси за гол следува казна, кикс над киксојте од Пашето, тргни застани, дури да се одлучи шо да напрај прими прост гол, нема шо да коментирам за него, само појќе се нервирам кажав уште минатата сезона голман треба по најбрза постапка!
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
757
Поени од реакции
884
Ова Мане ако го има изјавено, јас ќе бидам ПИЛОТ!
Не си допишвајте вие администраторите глупости...
Е ај баш да видам биди ПИЛОТ !
Мане има ФБ, прашај го ќе ти кажи, сакаш и број да ти дам да зборниш ?

Иначе вака едно прашање до сите тука шо сте "упатени" во модерниот фудбал, со КАКВА игра Алтетико Мадрид, ланската сезона освои Ла Лига и стигна до финале Лига на Шампиони ?

Секој тренер си има своја игра, ако Мане ги има играчите на Шкендија или Вардар сигурно нема да игра дифенс, ГАРАНТИРАМ ! Аама за жал ги има тие играчи шо ги има + еден мал милион проблеми во клубот, ВО КОЈ СИТЕ МИСЛИТЕ ДЕКА ЦВЕТААТ РОЗИ, а е дамбетер од АЛАРМАНТНА ... и се се одразва сега ... држи држи држи и на крај мора да пукни, а пукна и се ова се одрази кај Мане, да беше Боче до сега ФФМ ќе не имаше збришано од лигата заради два неизиграни натпревари !

Има многу работи шо НЕ ГИ ЗНАЈТЕ !

Толку од мене, ми се смачи да читам толкави натписи од нашите "големи" стручњаци, сакав само да е можно секој од вас барем 2 дена пред утакмица и на утакмица да е тренер на Пелистер - НИШТО ПОВЕЌЕ !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom