Аууу каква утакмица
Ваква утакмица пред скоро пола стадион исполнет не се видело подолго време...
За играта, имавме поќе шанси од Шкендија, поќе напаѓавме ама на крај можеби и нерешено е реално...
Уште 2 минута имавме 100% шанса каде по една ниска топка упатена во шеснаесетникот од Лапачот топката стигна до Врапчето каде излезе очи во очи со Ников од само 2-3 метри и Ников му одбрани
Уште тука се вжешти атмосферата и се очекуваше дека ќе биди жустро !!!
После то следеа серија напади на Пелистер, во првото полувреме Шкендија речиси не го помина центарот, далеку подобри бевме од нив првото полувреме, освен ударот од 20 метри на еден играч од Шкендија каде заврши над голот друго не се виде ништо од нив...
Второто полувреме играта се отвори на двете страни и Шкендија почна да напаѓа, така имаја 2-3 добри шанси од кои една чист гол спаси Коруновски каде топката одеше одма под пречката ама Коруновски со врвот на прстите одбрани...
На теренот се беше пожустро имаше многу кошкања меѓу играчите, па дојде и до контакт меѓу Елмазовски и Демири каде и двајцата добија црвени картони.
Голот на Шкендија падна на контра напад каде Ејупи излезе сам со Коруновски и постигна гол.
СТАВРЕВ ГРДОТИЈО ЕДНА !!! Особено тој судијата помошникот со знаменцето не отепа 50 пати крена офсајд
До душа во неколку наврати беше и во право каде Главевски се заборава да излези од офсајд
ама на 2 пати ни спречи чисти акции без врска крена офсајд и тука си го навлечи гневот судијата па летна нешто од трибина и го погоди во главата па падна како покосен
Во тој момент мислев дека ќе ја прекинат утакмицата оти тргнаја кон соблекувалните ама се вратија и натпреварот продолжи, два пати беше натпреварот во прекин од по 10 минути, еднаш ко го удрија судијата и еднаш кога беше тепачката на теренот тука мислам тренерот на Шкендија си ја повлече екипата ама се вратија назад брзо...
После инцидентот повротно крена офсајд па тука настана хаос цела трибина тргна кон теренот за да влезат сите се испокачија на ограда
и одма специјалците со трчање се наредија и пристигна засилување од кај соблекувалните 5-6 желки со трчање се наредија покрај ограда
Натпреварот продожни каде по еден центаршут на Китановски топката стигна до Главевски кој одлично ја сврти топката со глава, но повторно брани Ников, наредната акција одма падна гол, само шо влезе во игра Драганчо Димитровски прв контакт со глава од корнер нафрлување и гооол за лудило на трибина
Најдобро кај нас изигра Лескароски
другите потфрлија сите...
На трибина Чкембари 700+ одлично навивање во текот на 90мин. во второто полувреме запалени беа 5-6 бакљи и 3-4 димни, надополнето со 2 пароли (кои ги видовте погоре)
Да напоменам дека имавме поддршка и од нашите браќа Лозари кои дојдоја 1 автобус од Кавадарци околу 50 души одлично дружење, секоја чест за момците Битола-Кавадарци !!!
Исто така имаше и 3 дечки од Рибари од Охрид...
Ме радува тоа што и публиката се враќа полека имаше над 2000 обична публика !!!