Не знам само шо си прат бајрам со умот играчите?
Кој ќе ги исплати?Круме?
Нема ситно златарот....(не му останаа ситни пари од ланските местенки,сите банкноти му биле во апоени од 500 евра)...
Побрзо од Двојче ќе земат пари
(а сите видовме овие 6 години која екипа се офајдила од барањето спас кај Општината)....
Шо мислат да постигнат со штрајкот не знам...
Ако мислат дека некој ќе ги сожали се лажат,никој не се замара за фудбал во градот....(за жал)....
Се знај дека пари не гледаат.....
И шо чекаат плата,придонеси?
Не е ова Металург,Работнички.....
Тука земаа/т плата само неколку играчи и тренерот(нормално ако играат по нотите на тн управа)....
Подобро нека одат нека се растрчаат,по селските клубови,повеќе ќар ќе имаат отколку да играат за Пелистер....
Нема спас за Пелистер...
Јасно беше уште пред 2 сезони....
Ни во втора лига не можиме да играме.....
Па и Круме уште има доблест да остани во клубот?
Кој е тој пак да остани во клубот?
Кои успеси ги имаше клубот?
Па уште и се фалеше дека постигнал нешто со неговото"работење"...
Во 4та,5та лига се поорганизирани екипите....
Барем таму секој си ја знај работата,играчите знаат дека играат чисто рекреативно,задача на управата е само да обезбеди превоз за гостувањата,и чат пат по некое сокче и пивце за играчите по утакмица...
...
И ако наместат некоја утакмица за частење в кафана...
Кај нас играчите не зедоа пари ни за местенките
(со ретки исклучоци)...сите пари завршија во неколку џепчиња...
Овде кај нас само си тепаме филмој дека сме (биле)некоја ЕКИПА....а реално одамна(не само овие неколку сезони,кризата во клубот е присутна одамна,од 98,99 со повремени блесоци)....сме екипа кај шо играчите живеат во некој сон дека некој редовно ќе ги плаќа,а тн. УПРАВА си тепа филмој и си го присвои клубот за себе(и така никој не им го оспорува владеењето)
...
Навивачите кренаа раце одамна(уште од времето на Ванчо),сите избегаа шо подалеку од стадионот,а и реално Чкембари немаат никаква моќ да го спасат клубот,сите знајме како стојат работите во градот....почитичарите видоа колку е сатот и не се замараа воопшто со фудбалот во кампањата...
Барем да ја почниме сезоната,со било какви играчи...
Да не одат за џабе тие 6 тисуча еура од котизацијата кај Хари в џеп....