Ауу порзот минатото коло во последни минути..ауаууаауауа...
Тоа е, изгледа нема да има директна Серија А догодина
Како и да е..ОГРОМНА победа против сериозен противник.
Фросиноне тепаа за жал така да...ајде...видиќемо
Со оваа победа Парма осигура речиси па сигурен пласман во топ 4 што гарантира дека барем би се скокнало првото коло од плејофот.
Е сега.... Јакото во Серија Б е што не се гледа гол разлика туку директен дуел.
Во следно коло Фросиноне игра дома со Фоџа, а Парма ја очекува гостување кај Специја.
Ако Фросиноне НЕ победи, а Парма го добие својот дуел...СЕРИЈА А!
Oва е бидејќи ако Фросиноне добие бод а Парма три тогаш и двете екипи ќе имаат 72 бода и слична гол ралзика (во моментов таа гол разлика е +18 за двете екипи) АМА како што реков...се гледа меѓусебен дуел.
Парма има еден пораз и една победа во дуелите со Фросиноне. Изгуби 2-1 а победи 2-0 што ја прави Парма подобра во меѓусебниот дуел.
Да се надеваме на позитивен исход!