Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.750
Поени од реакции
7.364
Средината им беше послаба од нашата што очекувате да направат.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.750
Поени од реакции
7.364
А Верати и Вајналдум за шлукање му беа на клупа? :)
Или не се фит?
За Вајналум незнам Верати од повреда се враќаше.
Не е ко нашата овца Поч неспремни да става во оган. :pos:
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.750
Поени од реакции
7.364
Не ја гледав, малце само ѕирнував, а ги гледам на клупа.
По напреварот сношти нека флаат грне злато по Зидан или Тен хаг, Поч ќе го изедат пираниве и примадониве од клубот.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
По напреварот сношти нека флаат грне злато по Зидан или Тен хаг, Поч ќе го изедат пираниве и примадониве од клубот.
А од каде знаеме дека Тен Хаг нема да го изедат? Никогаш не се соочил со тим каде ќе е под притисок и има ѕвезди и играчи со его до плафон.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.750
Поени од реакции
7.364
А од каде знаеме дека Тен Хаг нема да го изедат? Никогаш не се соочил со тим каде ќе е под притисок и има ѕвезди и играчи со его до плафон.
Ќе ги измава примадоните. :D
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.296
Поени од реакции
6.652
Ептен претерувате со хејтањето на Покетино. Не дека би ми бил и мене фаворит, ама во ситуација кога им лупа корпи кој стигне, не е лошо решение.
Едино нешто што кај него ме плаши се резултатите против топ 6 екипите дур беше во Тотајнхем. Иако Тотајнхем одсекогаш имале лузерски менталитет, Арсенал ги доминирал и кога бил катастрофален, без разлика кој им бил менаџер. Фудбалот што го форсира Покетино е доста добар, тактички гледано, со висок пресинг, брзи кратки пасови и слично. 86-7 бодови мислам освои со Тотајнхем, стигна до финале во ЛШ, реално со просечни играчи, плус Кејн, Сон и Ериксен, а не беше баш поддржан од Леви. Го достигнаа максимумот, им требаа нови играчи, некои играчи си отидоа, Ериксен сакаше да си оди, он мислам само Ндомбеле го доби во тие 2 години мислам, евентуално некои млади таленти, не ми текнува баш. Имаа таа сезона криза во резултатите, али факт е дека кој и да дојде после него, ни блиску не беше до неговите резултати, што значи вадел максимум од тоа што го имал. Во ПСЖ не му ни ги рачунам резултатите. Види го Тухел во ПСЖ и Челзи, небо и земја разлика. Во ПСЖ тренерот не се прашува ништо. Си носи управата играчи какви што сака, они одлучуваат кој мора да игра. Страшен дисбаланс во тимот имаат. Одбрана онака солидна. Освен Маркињос, другите штопери ништо посебно не се. Едини асален бек им е Хакими, а за играта на Покетино и на Тухел, доста се битни бековите. Средината им е катастрофа. Едини играч кој има квалитет за топ тим таму е Верати, кој по пола сезона и повеќе е повреден, а има и чести падови во формата. Вајналдум е добар ама му треба период да се вклопи, а он во комбинација со Ерера, Гаје, Паредес, е просечен подади другиве. Нападот им е од светска класа играчи, кои како тројка заедно тешко функционираат. Башка Меси и Нејмар не се замараат да играат пресинг, да трчаат у одбрана. Така да на ни еден тренер не треба да му се суди за перформансите во ПСЖ.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.048
Поени од реакции
1.510
Страшен дисбаланс во тимот имаат. Одбрана онака солидна. Освен Маркињос, другите штопери ништо посебно не се. Едини асален бек им е Хакими, а за играта на Покетино и на Тухел, доста се битни бековите. Средината им е катастрофа. Едини играч кој има квалитет за топ тим таму е Верати, кој по пола сезона и повеќе е повреден, а има и чести падови во формата. Вајналдум е добар ама му треба период да се вклопи, а он во комбинација со Ерера, Гаје, Паредес, е просечен подади другиве. Нападот им е од светска класа играчи, кои како тројка заедно тешко функционираат. Башка Меси и Нејмар не се замараат да играат пресинг, да трчаат у одбрана. Така да на ни еден тренер не треба да му се суди за перформансите во ПСЖ.
Според ова не треба да се суди ниту во Јунајтед :ROFLMAO:
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.296
Поени од реакции
6.652
Според ова не треба да се суди ниту во Јунајтед :ROFLMAO:
На Јунајтед му фали само еден добар ДМ. Јунајтед има средена одбрана. Тоа што Мегваер има пад во формата, е друга работа. Во средина освен на позиција ДМ, Јунајтед има 3-ца одлични играчи, од технички аспект, Бруно, Погба, Дони. Со правилна тактика, дефицитот на квалитетен ДМ може да се покрие дур да се донесе таков играч. Јас си стојам на тоа дека и Фред и Мек Томинеј можат попристојно да ја покријат таа позиција, ако другите двајца играчи во средина не се одвоени толку од нив. Не се будали тие во Сити, Ливерпул, Челзи, Барен, што играчите во средина ги поставуваат поблису еден до друг. Нападот е покриен на секоја позиција. Проблемот е што Оле не знаеше или не сакаше да смени тактика и да ги користи предностите на играчите. Санчо на пример, не може да биде тоа што сакаше Оле. Прво ја нема потребната брзина. Второ, не е таков тип на играч. За Јунајтед со овој моментален тим идеална би била 4-3-3 па и 4-2-3-1. Со тоа што играчите треба да бидат поставени поблиску едни до други, за да можат да проигруваат побрзо, пасеви на прва, со кои се освојува брзо простор и се ствара вишок. Да се е користат максимално предностите на играчите. ПСЖ во средина нема ни еден креативен играч, на приближно ниво со Бруно, Погба.

Друго. Никако не може да се споредат ПСЖ и Јунајтед. Во ПСЖ управата си носи по свој мерак играчи, тренерот не се прашува. Управата одлучува дека тие играчи мора да играат. Да не беше така, до сега Нејмар ќе беше продаден 100 пати, Меси немаше ни да го земат, во ситуација кога ги имаат веќе Мбапе и Нејмар кој не се замара на терен, да потрча во дефанзива. Сега од тројката напред, двајца играчи се тотално аут кога се бранат. Вчера Сити лагано си подаваа во средина и ги претрчуваа Меси и Нејмар, овие ко у театар да се посматраат, без да направат бар еден чекор. Во Јунајтед од друга страна, управата воопшто не му се меша на менаџерот во тоа кој ќе игра, се носат играчи во договор со него. Тотално различни концепти. Во Јунајтед фали само еден ДМ и евентуално десен бек.
Де Геа
Бисака-Мегваер-Варан-Шо
Бруно-Фред/Мек Томинеј- Погба/Дони
Санчо-Ронално/Рашфорд
Со тоа што ги имаш за комбинации во напад и Гринвуд, Кавани, Марсијал.
На Јунајтед му треба ДОФ кој ќе постави спортски темели, одреден концепт, филозофија на игра, во согласност со која би се донел тренер. А не ко сега после САФ, четири тренер се донеса кој од кој со поразнлилен стил, сите си носеа играчи за нивна игра, па наредниот мораше да продава и да носи играчи за својата игра. Моментално, тимот има квалитет за многу повеќе од тоа што го игра. Сезонава требаше, ако не да освојат, што не беше реално, бар да бидат конкурентни до крај, да отидат на ниво погоре од лани. И те како има квалитет во тимот за да се отиде ниво погоре од предходно.

Screenshot_20211125_160712.jpg

За оба зборев, тројката напред на ПСЖ не се замара да се врати назад, затоа што им се може, управата не би дозволила било кај од нив да биде седнат на клупа.
 
Последно уредено:

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.750
Поени од реакции
7.364
Многу го поврзуваа и се зборуваше дека барал поголема функција после 6те месеца како директор на фудбал.
 
Член од
15 јули 2018
Мислења
39
Поени од реакции
48

Ralf Ragnick е според мене супер опција за до крај на сезона, после тоа ке му дадат некоја позиција во клубот како ДОФ.
Уште наредна сезона да дојде Тен Хаг и тип топ


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom