Онана е токсичен за клубов да сме реални. Многу зборува, сака да изгледа самоуверено, а во реалност лесно паѓа под притисок. Далеку е од лош голман, но со оглед на сите случување во и околу клубот го губи фокусот и страдаме како тим. Мора да се размисли да се продаде дури може да загризат некои по него, а од Арабија ќе има интерес за него.
Во одбрана остануваме без Линделоф и Еванс. Хевн може да покрие една позиција, а и Мазрауи и Шо (ако е фит) можед а покријат на оваа позиција. Куконки може исто да добие шанса, но ништо чудно да се размислува и за уште некоја опција ако фатиме ЛШ преку ЛЕ.
По крилните бекови ги имаме Далот, Мазрауи и Амад (дали ќе се планира за тука?), а лево Доргу, Шо, Маласиа и Амас. Маласиа ќе се продаде, а Шо не верувам дека ќе се најде некој да го купи. Може и по Далот некој да загризи летово, така да мислам дека треба да се размисли за десно кој да се купи.
Во средина Ериксен си заминува, Касемиро е прашалник што ќе се случува со него. Последниов период крена форма и сеуште сум на ставот дека со паметно негово користење можеме да добиеме многу. Мислам дека ќе остане до крајот на договорот, освен ако не се појави некој од Арабија кој ќе му понуди висока плата летово. Угарте, Мејно, Колиер, Касемиро (?) и Бруно за кого мислам дека ќе го враќа на оваа позиција, а офанзивно ќе се носи играч кој ќе биде на таа лева и десна 10ка.
По крилата мислам дека Рашфрод и Антони ќе се продадат, и офанзивно на тие 10ки остануваме на Амад, Гарначо, Бруно, Маунт и Зиркзе (кој повеќе одговара во форот). Прашање е со Гарна што ќе биде летово, но мислам дека нема да си замине.
Во форот Хојлунд мора да се продаде и да се бара нов шпиц. Зиркзе би го зачувал зошто може да има голема корист во системов на Рубен. Плус тука е Чидо.
Е сега треба да пазариме и што ќе се пазари и колку ќе чини е битно. Мора да гледа клубов на пазарот на играчи на кои им истекува договорот, а затајуваме на тоа поле низ годиниве. Интер на пример сега и Јуве во минатото направија тимишта од играчи на кои им истекувал договорот. Реал и Барса ја практикуваат таа политика во последниов период и им овозможува тоа да имаат слобода да ангажираат некој поскап играч.
Од тоа што ми фаќа око како слободни играчи летово се следниве:
1.Алекс Мерет, голман од Наполи и се работи за солиден голман.
2.Ола Аина од Нотингем. Одлични партии за Нотингем на десен винг бек покажа сезонава, а играат и 3-4-3, нешто сличен систем како што сака Рубен. За зголемување на конкуренција мислам дека може да заврши голема работа.
3. Џонатан Тах од Леверкузен на стопер. Ќе имаме потреба од стопер, а Тах е во најдобрите години со солидно искуство. Башка и Леверкузен игра 3-4-3 и ќе се снајде одлично.
4. Лирој Сане од Баерн. Има одлична левица, брз и може да игра и десно и лево. Искуство во шампионски тимови на Сити и Баерн.
5. Џонатан Дејвид од Лил. Добар финишер и мислам дека како слободен играч вреди да се ризикува со него.
Сега јасно ми е дека фокусот на новиов менаџмент се млади играчи, но со ангажирање на вакви играчи може да се рашири ростерот и да добиеме на квалитет. А ќе имаме добар износ слободни пари да ангажираме некои квалитетни примарни цели.
Од играчиве кои се шпекулираат ми се допаѓа Куња и посакувам да го ангажираме.