Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
10 декември 2010
Мислења
6.260
Поени од реакции
7.263
Споредено со дербињата со Челзи, Сити, Арсенал на ОТ, Тотенхем, ова е доста подобро издание, но во исто време е посрано издание зошто овој десеткуван Арсенал требаше да се добие. Вакви утакмици ко оваа и прошлата обавезно се добиваа доколку се целеше кон нешто посериозно, но со Марсијал и Рашфорд толку.
Штета Кавани утна две одлични шанси, но не е тој за критика. Рашфорд дибекот и остала боранија се за стап.Од колективот толку, сите знаме до каде е работата и со тренерот и тимот, сомнежите се потврдуваат.

Се надевам Рашфорд ќе биде седнат наредниов период на клупа да одмори главата малку, едно 2-3 утакмици од клупа само да влага.
Автоматски споено мислење:

Инаку не знам што е работата со позајмените играчи.
Гарнер ќе ја прекине позајмицата во Ватфорд и ќе оди во Нотрмгам форест.
Исто и со Чонг кој од Вердер Бремен ќе оди во Клуб Бриж.
Вотфорд смени тренер накај декември и новиот не го играше Гарнер, претходно си беше редовен малиот, додека Чонг изгледа толку му е калапот.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
856
Поени од реакции
453
Рашфорд треба да одмори од фудбал до крајот на февруари.

Нека основа НВО 'Рашфорд' или 'Фондација Рашфорд', и нека си брка работа таму.

Немаме фајде од неговиот отапен осет за гол / фудбал.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Сколс почнува да ми иде на ганглии со неговата стручност.
Од толку дрва, почнувајки од тренерот, голманот па до хуманитарецот со ужинките, он најде на Бруно маани да му бара:mad:
Не изигра ни тој нешто вау вчера, ама мене ми се чини дека Оле и компанија ја утнаа после излегувањето на Мектоминеј.
Сега излегува на видело тенкоста на ростерот, посебно напред сите се во минус со формата.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.516

Абе сеа рака на срце веќе некое време Бруно не игра ништо. За муабетиве нагоре за Кавани,утна ама не е тој за критика...секоја чест за ликот се оддаде на терен од к'о дојде ама ако наназад сме изгубиле бодови на натпревар или сме биле елиминирани заради промашувањата на Марсијал, вчера изгубивме бодови ради него. Настрана што се утна (нормална работа), на два-три пати уништи 90% шанси со погрешно движење, не му отвори простор на Марсијал кој притоа имаше перфектна замисла. Не,не го критикувам само да посочам дека сме за некого мајка за некого маќеа. Рашфорд и на клупа е малку, исклучување од тим краток период да се дефрагментира...
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.830
Поени од реакции
7.413
Сколс почнува да ми иде на ганглии со неговата стручност.
Од толку дрва, почнувајки од тренерот, голманот па до хуманитарецот со ужинките, он најде на Бруно маани да му бара:mad:
Не изигра ни тој нешто вау вчера, ама мене ми се чини дека Оле и компанија ја утнаа после излегувањето на Мектоминеј.
Сега излегува на видело тенкоста на ростерот, посебно напред сите се во минус со формата.
Тие се Англичани Бруно не е увек ќе му вршат повеќе притисок .
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.638
Поени од реакции
62.877
Нормално е да не критикуваш жестоко играч кој игра 85-90% од мечевите на топ ниво, и никогаш не можеш да му го донесеш залагањето под знак прашалник. Од друга страна, имаш 2 примадони, кои ем не трчаат, ем ништо не играат. Затоа и вторите се на тапет почесто.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.516
Да не бидам тотален хејтер, кај Бруно ептен ми се бендисува што гледам напредок во смисла на поедноставување на играта. Порано сакаше да е поекспониран и беше огромен трошач на топки а сега во тој сегмент има промени на подобро, значи поедноставно и поефикасно. Проблемот кај него е прегореноста.

Бате, Рашфорд ни е втор по трчање статистички, па ја пак би го набркал дома на одредено.
 
Се разбираме. Ама таа статистика, знае некога да биде ептен курва. Постои ефективно трчање, и постои неефективно трчање. Постои интезитет, спринт, затворање на пресинг, трчање во канали. Да беше само трчање, сите ке бевме фудбалери. Гледај колку само од утрчувањата му се во офсајд. Забораваш дека е втор, ама зад Кавани.

Лани го гледав Кунде од Севиља, и ме импресионираше. Не знам како игра сезонава, и колку долг договор има, ама мора да се пазари стопер. На Баји едноставно не можеш да се ослониш, а Мегваер кај и да е, ке цркне, све што можеше изигра овие скоро 2 сезони.
:eek:

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.830
Поени од реакции
7.413
Не е за у Англија Коунде исто како Ајсмен што не е.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Му ги погледав хајлајтсите нешто малку, исти приод има како ван Бисака.
 
Член од
2 септември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
92
Поразите од кристал палас и овој од шефилд на крај може многу да не чинат... ако наредните 5 не ги добијат, ќе се тресиме за топ 4 пак до последно коло... mark my words
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.638
Поени од реакции
62.877
Оле ти ли си? :D
Да бев, некои играчи за уши ке извадев од терен.

@vidooq стопер со 178 цм и 70 кила? Абе ветер ќе го одува овој, не па некој од овие копачиве англиски :D
Не знаев дека е низок. Против нас имаше страшно добро читање на игра и делуваше дека е доста брз, а покрај Мегваер би бил доста добар партнер. Линделоф и Мегваер не функционираат, зашто и двајцата се бавни, плус првиот е у минус во играта со глава.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.457
Поени од реакции
42.745
Поразите од кристал палас и овој од шефилд на крај може многу да не чинат... ако наредните 5 не ги добијат, ќе се тресиме за топ 4 пак до последно коло... mark my words
Неможеш вака да гледаш, пошто реално тие два меча ни се единствени до сега каде што изгубивме поени неочекувано, а такви утакмици имаа сите екипи до сега (и тоа и повеќе од нас).

Проблемот е што сме катастрофални во, условно кажано, дербињата. Со Арсенал пораз и нерешено, со Лестер, Челзи, Сити и Ливерпул нерешено, со Тотенхем пораз. Тука има 7 утакмици, односно 21 бод, а ние имаме освоено вкупно пет. Мизерија. Пичкарска екипа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom