Ај ако сакаш накратко објасни за што се работи.. ме мрзи цело да го читам.. ДО вчера бев со книга у рака..
Има повеќе,во одредени пасуси го критикува Фергусон,но најголем дел е за Carlos Queiroz,објаснува дека имаме премалку титули во Европските купови,обрнува внимание на утакмицата со Баерн 99,дека и покрај големата среќа сме имале одличен тим со Гигс Сколс,Бекам,Кин во средината,можеби најдобриот среден ред некогаш во фудбалот,Енди Кол и Двајт Јорк најдобриот напаѓачки тандем таа сезона,Шмајхел на голот,Невил , Ирвин,Стам во одбраната,неверојатен состав вели.Двајца Bench-players како Солскер и Шерингам,да постигнат голови во продолжението,не е мала работа.Потоа кажува 2008 утакмицата во Москва со Челзи,Фергусон во екстра-тајмот го спремил Ошеј да влезе во игра,но по сугестија на Ќеирош прави друга измена и го внесува Андерсон.Како што кажува,Андерсон бил во плановите за пеналите и тоа се покажало како точно бидејки нели,потоа Андерсон погоди од 11 метри.Се префрла на оваа сезона,изгубивме од Евертон,победивме со пресврт против Фулам,Саутемптон,среќно против Ливерпул и пораз од Спарси.Второто полувреме било едно од најдобрите во кои го гледал Јунајтед вели,меѓутоа голема вина покрај играчите префрла и кај Фергусон.Објаснува како измените во 2 полувреме направија голема разлика и внесоа свежина,посебно Руни кои по 6 минути асистираше до Нани за 1-2.Објаснува како против Ливерпул Гигс одигра 90 минути во кои не покажа нешто посебно и немаше голем удел,но не се чуди за тоа што Гигс играл туку фактот дека Гигс ги одигра сите 90 минути,не беше воопшто заменет.Сака да каже дека Фергусон премногу се потпира и им верува на тие таканаречените "homegrown" играчи.За крај,вели дека Фелан не е добар асистент на Фергусон,и за тоа говори и неговото CV-асистент на Гери Мегсон во Норич,Блекпул и Стокпорт,колку и да е добар тренер,не е доволно спремен да биде поддршка на Фергусон.
