Незнам што ви е филмот што толку го ругате Гаитан, стварно незнам, му немате изгледано ни еден натпревар а вие го прогласивте за пропаднат трансфер ако воопшто се случи. Од кај вие знаете дека ќе се изгубел во големи натпревари или нешто, чекајте прво да потпише да изигра некој меч и после ќе видиме дали ќе биде така или не. Јас не викам дека ќе стане клучен играч или нешто али вие го осудивте а тој не ни потпишал. Доколку дојде Гаитан ќе биде супер би играл ко лево крило и по потреба во средината. Како леви крила ќе ги имаме Јанг и Гаитан и Гигс кој ќе има поднамалена минутажа додека како десни крила ќе ги имаме Валенсија и Нани и Парк исто со намалена минутажа ко Гигс. Со вакви крила топ ќе бидеме незнам што се буните. Ако Ферги мисли дека Гаитан е довоблно добар за Јунајтед мене тоа ми е доволно. Исто добро би дошол и Хави Гарсија од Бенфика, дечкото откако премина од Реал таму стана многу добар играч и одлично игра, голем плус е што може да игра и како штопер. Јас би бил задоволен искрено со Хави Гарсија. На Фабио ќе му биде погодена средината во Бенфика и се надевам дека ќе се врати по позајмицата спремен за прв тим. Бебе исто така може да биде пратен на позајмица во Бенфика или продаден.
Во врска со Кагава за кој шпекулациите се големи во последно време и тој добро би дошол искрено има се што е потребно за да успее во Јунајтед, плус ако го земеме за толку мала сума на пари ќе биде премија. Со Кагава добиваме добар играч но клубот исто така добива и голема продажба на дресови во Азија што е многу битно, нешто слично ко со Парк да се надеваме дека ако дојде ќе биде ко Парк.
Во врска со Хазард незнам искрено што да мислам за дечкото има преку 100 изјави и секоја му е дека Јунајтед, Сити, Реал, Барса, Ливерпул, Тотенхем, Милан, Интер, Јувентус се одлични тимови и дека би играл за нив.