Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
13 август 2023
Мислења
972
Поени од реакции
2.386
Демек овие се квалитетни у пм, па мора тренерот да игра формација, која нему не му е позната, за да го извлече максимумот од неквалитетни играчи, кои нема да се тука наредната сезона, наместо она што е квалитетно да го учи на формација која ке игра во иднина и е позната на тренерот?

Знаеш дека на Ван Нистелрој Флечер му има давано инструкции за составот? Гледаш што се случува со Лестер?



Јунајтед е екипа која има потршоено најмногу пари во последните 15 години. Како се пари проблем? Зошто ПСЖ не освои ЛШ, еве, Катар им е газда.

Читам дел од мислењава, и не ми се верува, делумна амнезија.
Трошеа на глупости ко Санчо, Антони, Маунт и слично. Со поставена добра фудбалска структура би било подруго. Факт е дека за драстични промени треба иатурање на кеш инстантно. Се смеевме сите на Боли што истури милијарда во 2-3 прелазни, ама ете почнаа да функционираат. Од 20 играчи барем пола ќе се погодат.
И птиците на гранките знаеа дека ќе треба лев бек, кој кур штедеа и дремеа летото? Ништо не правиме само со кратење на трошоци, бетер од евреите ќе испаднат овие.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
468
Поени од реакции
1.005
Мене Аморим веќе почна да ме нервира со ротациите. Ќе му одигра некој одличен натпревар, како Хојлунд на пример, на следниот е резерва. Разбирам ротации, но кога некому му оди, остави го да игра.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.491
Поени од реакции
3.488
Сега сфаќам колку не го ценевме Де Геа. И тогаш бевме исти како сега но човекот правеше чуда на голот и затоа не бевме никогаш 13ти на табелата пред боксинг деј.
Прости ни Давиде :popce:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.839
Поени од реакции
2.703
Сега сфаќам колку не го ценевме Де Геа. И тогаш бевме исти како сега но човекот правеше чуда на голот и затоа не бевме никогаш 13ти на табелата пред боксинг деј.
Прости ни Давиде :popce:
Да ама пола фан база го бркаше зошто не знаел да игра со нога :pos: Голман е, прво основно нешто е што треба да знае е да брани, па после се друго.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
191
Поени од реакции
18
Воопшто нема менталитет во овој тим.Не се караат не се тепаат меѓусебе , само шират рацете , заеби шанса наведни главата. Овој Бруно само назад у Удинезе кузнае дали и таму ќе игра. Дало незнам шо бара 6/7 сезони у Јунајтед . Продај го таму на Реал или у С.Арабија.

Од овој Мејну играч нема да биде , поарно нека го даваат на позајмица у Виган,Престон.

Мекуши невидени сите до еден . Немаат ни снага , немаат ни брзина 70 % од тимот е тромав, плус веројатно многу од нив се глупи.

Плус на се ова , Јунајтед нема добра фудбалска структура со години.
 
Член од
6 ноември 2017
Мислења
131
Поени од реакции
280
Гледам на тв снимаат накај трибини и само се прашувам зошо се толку глупи луѓево шо плаќаат 66 фунти откако џимбо и евреите им накачија цена на карти. Само за да гледаат медиокритет? Никад у живот немам гледано волку страшно ужасен тим на ФК Манчестер Јунајтед со ваков прав лузерски менталитет. Го заслужуваат ова шо им се дешава.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.779
Поени од реакции
21.484
Богами на трибини све црепови, 10 години мртвила на терен ете сега и картата им ја покачија ... стадионот фул. Треба да се организираат таму и да се почне со сериозен притисок и не идење на стадион, ова веќе буквално на ништо не личи. Се додека не се отакчиме од Евреите и ИНЕОС ќе тонеме. Тимови менуваат цели постави, тренери цели структуири ене ги пак се борат за трофеи, ние 10 години сме во криза абер нема од излез, тонеме во правец на испаѓање од лига, и сме во состојба да изгубиме и против 10-то лигаш 5-0.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
22.862
Демек овие се квалитетни у пм, па мора тренерот да игра формација, која нему не му е позната, за да го извлече максимумот од неквалитетни играчи, кои нема да се тука наредната сезона, наместо она што е квалитетно да го учи на формација која ке игра во иднина и е позната на тренерот?

Знаеш дека на Ван Нистелрој Флечер му има давано инструкции за составот? Гледаш што се случува со Лестер?



Јунајтед е екипа која има потршоено најмногу пари во последните 15 години. Како се пари проблем? Зошто ПСЖ не освои ЛШ, еве, Катар им е газда.

Читам дел од мислењава, и не ми се верува, делумна амнезија.
Се е тоа во ред менаџерот да си види кој е за таа формација а кој не, но 10 бода сме од зоната за испаѓање што во овој момент мислам дека нетреба да се експериментира и да вади секоја утакмица разни играчи,нема потреба до толку да ротира ај еден до два играчи но пола па и повеќе од пола менува на секоја уткмица што епремногу.

Во врска со Катар Јунајтед е друга приказна за разлика од ПСЖ, плус кога дојде Катар ПСЖ имаше 17 трофеи сега има педесет и нешто тоа доволно збори. Сега некој ќе каже не се споредливи лигите, но друго е кога имаш неограничени фондови друго е кога кратиш од се и сешто.

Во Јунајтед го јадат стапот сите само вистинските виновници не, т.е Играчите.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.824
Поени од реакции
1.292
Демек овие се квалитетни у пм, па мора тренерот да игра формација, која нему не му е позната, за да го извлече максимумот од неквалитетни играчи, кои нема да се тука наредната сезона, наместо она што е квалитетно да го учи на формација која ке игра во иднина и е позната на тренерот?

Знаеш дека на Ван Нистелрој Флечер му има давано инструкции за составот? Гледаш што се случува со Лестер?



Јунајтед е екипа која има потршоено најмногу пари во последните 15 години. Како се пари проблем? Зошто ПСЖ не освои ЛШ, еве, Катар им е газда.

Читам дел од мислењава, и не ми се верува, делумна амнезија.
Баш дека се тешки дрва играчиве со нив неможеш да менуваш формации. Како на некој неписмен ќе му ја објаснуваш разликата меѓу Шекспир и Достоевски. Или ако имаш штоф колку за едни кратки пантолони неможеш да сошиеш одело.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
524
Поени од реакции
733
Онана не беше оваков во Интер,ако сме реални,постои некоја енергија у соблекувалната која ги јаде сите,има некој канцери таму 100 посто,и Мазрауи е лош последните два меча, дојдат на високо ниво играат и после одат надолу,многу токсичност.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.779
Поени од реакции
21.484
Еве ви добар агол на кој се гледа квалитетот на ОНАНА : топката уште не удрена од играч се сврте накај гол да гледа во кој дел од аголот ќе заврши топката !!!!
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:, ни за секунда не се обиде нешто друго да направи !!!!
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
524
Поени од реакции
733
Плус неможам да заклучам што се случува, некои утакмици доминантни и со пас и пресинг и атракции,друг ден како прв пат да допираат топка,денес неможеа на два метри пас да погодат.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.779
Поени од реакции
21.484
Плус неможам да заклучам што се случува, некои утакмици доминантни и со пас и пресинг и атракции,друг ден како прв пат да допираат топка,денес неможеа на два метри пас да погодат.
не е баш така, прво полувреме беа одлични (освен грешката и примениот гол) второ не пресекоа со 2 брзи гола и после тоа престанаа да играат .. односно играа со топки по земја од 200 метри и слични глупости или како на крај кога на Амад му ја собраа топката кога веќе типчето џогираше. Не беа нешто Борнмаут, и головите што ги дадоа беа со огромна доза на среќа, поготово првиот за кој тврдам истиот играч да проба да го даде пак без 20 луѓе во 16-тник нема да го повтори.
Онака чисто правам споредба со нашите напаѓачи (зиркзе поготово) и противничките , имаше еден момент кога со пируета противнички напаѓач ги стави во бонус нашите 2ца задни во одбрана, а зиркзе пример имаш 250 допири со топка пред да се сврти кон гол или па нема да ја исконтролира. Исто и со нашите крила поготово Граначо, прима топка прави 250 допири па ја шутира во 11терец за разлика од нивниот крилен кој одма на прва најде соиграч помешѓу 10 наши и дадоа гол.
Исто ме нервира она кога го удвојуваа Маино (или Амад) никој со газ не мрдана да дотрча да се отвори или да помогне на било кој начин ... и нормално завршуваше со изгубена топка.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.597
Поени од реакции
6.365
Треба да се промени менталитетот на тимов кој е неоспорно лузерски. За тоа да се случи треба продавање на главните играчи. Ете Рашфорд е веќе на трансфер листа, би го додал и Бруно покрај другите кој е извесно дека ќе си одат. На лето носење на неколку "бесни кучиња" да ја променат природата на овој тим.
И да не брзаме со ставање на Аморим во ист кош со Тен Хаг. Тен Хаг си донесе негови играчи од кој 90% беа промашај а дебело платени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom