Знаеш дека си фан на Манчестер Јунајтед кога...
1. Мислиш дека Алекс Фергусон треба да биде претседател на клубот.
2. Му имате простено на Роналдо бидејќи си замина од „Олд Трафорд“.
3. Се чувствувате „грозно“ кога ќе ги слушнете навивачите на Ливерпул, како себеси се нарекуваат „црвените“.
4. Знаете кој е Ерик Кантона.
5. Го обожавате Оле Гунар Солскјер и ужасно Ви е криво што повеќе не е дел од тимот.
6. Барем еднаш во животот сте посакале да носите дрес со бројот 7.
7. Мило ви е кога Џон Тери плаче.
8. Се уште се сеќавате на 1999-та година, кога Манчестер ја освои тројната круна.
9. Знаете дека Мајкл Керик е квалитетен фудбалер, иако никој друг не го разбира тоа.
10. Горди сте на петте постигнати голови на Бербатов против Блекбурн.
11. Знаете каде се наоѓа „Театарот од соништата“.
12. Ваши омилени бои се црвената, белата и црната.
13. Го мразите Малком Глејзер.
14. Си ја потпевнувате химната, кога ви е досадно.
15. Никогаш не сте ја загубиле вербата и секогаш ќе навивате за Манчестер Јунајтед.
(oва седмово би го сменила во - Кога ќе ви ја спомнат Москва во било кој контекст, ви се прави ретардиран осмех од 8 до 8 на лицето xD
DDDD)
--- надополнето ---
Абе зашто Берба да не го дадеме на Реал за огромна сума, барем нерешено ќе вадат против Барса.