Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Многу сум задоволен од денешниов меч особено и од Бербатов, а и фактот што ги тепавме лузерите, но многу ме разочара фактот што дозволивме да ни дадат 2 гола исто како со Евертон што беше. Ливерпул немаа никаква игра, до гол едвај дојдоа па и кога ќе дојдеа не знаеа што да праат, а пак поради наши грешки постигнаа 2 гола. Тоа ме разочара, а ќе мора да се поправиме зошто така секој меч да примаме безвезе голови, а сме во трка за прво место нема да ја бидне работата. Сепак убаво што тепавме моралот нека се крене и појако на следниот меч.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.942
Поени од реакции
7.054
Сега вака малку повеќе за мечот.

Цело време напаѓавме ние, наш беше поседот и ударите кон гол и се`, само што не ги искористивме сите. Нани кога го направи продорот и потоа кога му врати на Руни па Руни ја шутна и пак дојде топката на Нани, требаше Нани веднаш да ја шутира на гол. Нани подоцна кон крајот побара и замена, се надевам дека не е ништо сериозно.
Сите одиграа одлично освен малата непромислена грешка на Џони кога го сопна Торескиња, но кога веќе тоа беше пенал требаше да има пенал и за нас во двата наврата кои ги спомнав. Задоволна сум од играта, не можам да не сум кога дадовме три гола од акции а примените беа од прекини. Не смееме да си дозволиме такви глупави грешки како на Џони и тоа е се`. Ајде, ќе ја освоиме титулава, GGMU!

Нареден натпревар ни е против Сканторп во среда, прво коло од Карлинг, тука мислам дека резервите треба да излезат и да решат, ништо чудо да играат Рио, Гибсон, Андо и Чичаро. Во ПЛ му гостуваме на Болтон, малку олабавено :)
Малата грешка можеше да биде голема, катастрофална. Среќа наша што го имавме Бербатов денеска :) И ајде некој нека ми каже дали го бива човек од метар и 90 да игра бек? Само ај си го фатил местото и довербата и ќе игра. Него ај да не бараме влакно во јајцето, арен си е за резерва и битно тепавме денеска. :)


P.S. Деновиве ќе направам еден wallpaper за денешниот натпревар, само не знам дали да се насочам на тимот или на Бербатов?
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.015
Поени од реакции
5.336
Луѓе го гледате ли Де Геа против Барса? Би можел да го наследи ВДС на голманската позиција а и како што кажа коментаторов во младинксата школа го викале Ван Дер Геа :D 19 години има а ѕвериште кој топки само им ги фати кој паради..
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.843
Поени од реакции
5.669
значи едино нешто што загрижува е тоа што примаме многу ефтини голови... премногу ефтини.. Ливерпул денес едвај поврза 2-3 додавања, не направи ниту една акција , а успеа да ни даде два гола... за утакмиците со Фулам и со Евертон да не зборам...
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.015
Поени од реакции
5.336
значи едино нешто што загрижува е тоа што примаме многу ефтини голови... премногу ефтини.. Ливерпул денес едвај поврза 2-3 додавања, не направи ниту една акција , а успеа да ни даде два гола... за утакмиците со Фулам и со Евертон да не зборам...
Ке се среди тоа наредниве натпревари.. се надевам.. А зашто денес не играше Рио знае некој??
 
B

BooBojan

Гостин
Имам многу да пишувам и не знам од каде да почнам после недела време сум дома.
Манчестер колку можев го следев и ги прочитав сите постови кои ги имате напишано додека сум бил отсутен.
Со Евертон прокоцкана победа и 2 бода но тоа е тоа на секој може да му се случе нешто такво.
Се надевам дека одбраната ке се зацврсти.Впрочем најдобра ни е кога ни треба најмногу затоа што често ни се случува голот на Јунајтед да не биде затресен 5+мечеви и се надевам дека полека ке почне да се врака сигурноста во одбраната.
Со Ренџерс го гледав само хајлајтсот во вторникот имавме шанси но не успеавме да постигнеме погодок но се надевам дека ке успееме да бидеме први во групата.
Со Ливерпул ми се наполни срцето заради Берба само да продолжи во тој стил и се ке биде добро.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Ке се среди тоа наредниве натпревари.. се надевам.. А зашто денес не играше Рио знае некој??
Грип, а и Гигс не се чувствувал добро после натпреварот, се надевам ќе бидат добри за следниот натпревар во лигата. Иначе оној Бербатов стварно е најголема мрза во свет, на вториот гол не се ни сврте со лице накај голот :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom