Епа ај здраво на сите фнови на Манчестер тука. Во првиов мој пост би сакал да се осврнам на најгорливата тема во моментов и тоа заминувањето на Роналдо и кога треба клубот да купи за следната сезона.
Прво и основно пред целава трансфер сага да запо~не летово Реал излегоа со изјава дека пред-договор тие веќе имале со Роналдо уште пред една година. Сите оние изјави од типот Манчестер е мојот дом или Роналдо сигурно останува биле само мачкање на очи. Факт е дека без Роналдо нема да бидеме истиот тим ама очигледно беше дека Роанлдо сака да си замине па зошто да не ги скинеме реал со сумата и да му го оствариме сонот на Ропналдо и со тоа да покажеме дека не држиме играчи во клубот против нивната воља. Така да нека му е среќа и ич нека не се секира за Манчестер пошто ќе преживееме и без него.
Е, сега за можните трансфери. Прво ѓе почнам со десно крило. Нормално дека идеално решение би бил Рибери ама пошто Баерн му залепи цена од 105 милиони евра очигледно е дека немаат намера да го продадат на никоја друга екипа. Секако постојат други играчи кои можат да се видат како замени на пр. Давид Силва, Алексис Санчез, сепак повеќе од очигледно е дека ѓе го купиме Луис Антонио Валенсија. За играчов имам стварно измешани чувства, ама верувам во изборот на САФ, така да се надам изборот ќе биде правилен.
Доаѓаме до нападот. Се шпекулира со Бензема, Ето и Вучиниќ. Од овие тројца би го преферирал Бензема пошто типот е ѕвер и одличен играч. Ето секако би бил супер засилување, додека Вучиниќ не ме задоволува. Сепак да чекаме да видиме каков ќе биде изборот на САФ
ONCE A BLUE, ALWAYS A RED