Како и да е вака како денес не смее да се повтори...против Челзи изигравме многу подобро отколку со Виган па мајка му стара да дозволиме еден Виган да ни биде рамен цело второ полувреме?арно си кажа Фергусон дека ке биде потешко...еве ви една добра вест за Браун...
Фергусон: Браун наскоро ќе се врати на теренот
Сер Алекс Фергусон вели дека Вес Браун ќе се врати на терените најмногу за две недели.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед од ноември е надвор од терените откако заработи повреда на зглобот.
Sky Sports News на 11ти декември најави дека Браун за четири недели ќе се врати во игра, но враќањето се пролонгира.
Сепак Манчестер Јунајтед има доволно фудбалери кои можат да го покријат отсуството на Браун.
Гери Невил и Рафаел играат одлично, а тука се и Џони Еванс и Џон О'Шеј кој можат да играат на повеќе позиции.
"Вес Браун би мошел да се врати за две недели најдоцна, ќе биде добро кога ќе го имаме назад" - изјави Ферги во пресрет на дуелот против Виган.
"Сакате да ги имате сите фудбалери на располагање, посебно во јануари кога програмата е згусната".
"Но можеме да се справиме со тоа, бидејќи имаме фудбалери кои можат да играат на различни позиции" - вели Фергусон.