Фан Клуб: Македонија Ѓорче Петров

Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Бобан Јанчевски ја напушти Ренова и се сели во Македонија ЃП!?

Досегашниот искусен напаѓач на Ренова со богато интернационално искуство го напушти клубот по три изминати сезони.
Како што дознаваме освен капитенот Вулнет Емини, продолжување на договорот не добиле ниту искусните напаѓач Бобан Јанчевски и Исмаил Исмаили.
Бобан Јанчевски кој покрај за Ренова има играно и за Вардар, Работнички, Башкими, Тиквеш, Тетекс како и белгиски Локерен и бугарски Локомотив Пловдив, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во второлигашот Македонија ЃП.
Актуелниот шампион на купот и поранешен шампион на Македонија, во овој зимски трансфер период остана без најискусните и најдобрите четири првотимци откако Муарем Бајрами замина во Гомел, а Вулнет Емини,Бобан Јанчевски и Исмаил Исмаили не ги продолжија договорите. Во пролетниот дел од сезоната тимот од Џепџиште ќе настапи драстично подмладен.
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 14:37 ---
Природно е клубот да си се врати таму каде што припаѓа :D. Гледано вака одстрана.
Западната страна на градот е горда на тебе. Ајде Ѓорчееееееееее :vozbud:!!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Ридван Фуга и Бурим Гуџуфи во Слога.
Со среќа нека им е, фала за се :).
Баже Божиновски од Маџари нов играч. 27 години, Штопер.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Македонија ЃП со прволигашки засилувања во атак на Првата лига
Поранешниот наш шампион, тимот на Македонија ЃП кој по една мината сезона во третата лига и две во втората лига, оваа пролет со нови засилувања атакува на повторно враќање во првата лига.
Поранешиот наш шампион, а сега второлигаш Македонија ЃП во вторник со почеток од 13:00 часот ги започнува подготовките за пролетниот дел од сезоната каде што ќе атакува на повторно враќање во првата лига.
За остварување на прволигашките анбиции, управата на ѓорчепетровци веќе ангажираше неколку квалитетни засилувања од кој има и онакви со прволигашко искуство.
Нови играчи на Македонија ЃП се: Виктор Ивановиќ ( ФК Алумина ), Мирослав Атлески ( ФК Силекс ), Марјан Билбиловски ( ФК Тетекс ), Баже Божиновски (Маџари) како и младинците Даниел Николовски, Бесмир Бојку и Кристијан Костовски. Исто така многу блиску до потпишување со клубот е и искусниот напаѓач со богата интернационална кариера Бобан Јанчевски-Јанкер.
Од клубот исто така истакнуваат дека овој трансфер период досега од клубот си заминале: Ридван Фуга (ФКСлога), БуримГуџуфи (ФК Слога ), Драган Митревски ( ФК Алумина ), Стефан Таневски ( ФК Вардар ), Исамудин Хусеиновиќ(Норвешка) и Дарко Лазаревски.
--- надополнето: 12 јануари 2013 во 18:02 ---
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Официјално, Бобан Јанчевски ново засилување на Македонија ЃП
Информацијата што пред една седмица ја пласираше Спорт Корнер, денеска се офцијализираше откако Бобан Јанчевски потпиша со Македонија ЃП.
Тимот на Македонија ЃП како полседно овогодишно засилувања за крај како јаготка на шлак, го ангажираше најзвучното заислување, робусниот искусне напаѓач Бобан Јанчевски-Јанкер со што јасно на конкурентите им ги покажа прволигашките анбиции.
Бобан Јанчевски покрај за тимот на Ренова има играно и за Вардар, Работнички, Башкими, Тиквеш, Тетекс како и белгиски Локерен и бугарски Локомотив Пловдив.
Во овој трансфер период беа ангажирани и: Виктор Ивановиќ ( ФК Алумина ), Мирослав Атлески ( ФК Силекс ), Марјан Билбиловски ( ФК Тетекс ), Баже Божиновски (Маџари) како и младинците Даниел Николовски, Бесмир Бојку и Кристијан Костовски.
--- надополнето: 19 јануари 2013 во 14:02 ---
Прв тренинг .
318002_323684614416178_536720486_n.jpg

6359_523772594311064_304929552_n.jpg

Шибај мајсторе, врати не кај што ни е местото.:D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.126
И Мики Атлески е ваш нов играч. За втора лига големо засилување ќе ви биде, се работи за играч од средината на теренот.
Со ваков состав би требало да немате проблеми околу влезот во прва лига.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
И Мики Атлески е ваш нов играч. За втора лига големо засилување ќе ви биде, се работи за играч од средината на теренот.
Со ваков состав би требало да немате проблеми околу влезот во прва лига.
Со господ напред. Го гледав за Силекс неколку утакмици не е лош. Фалинка му е што е низок ама добар играч е .

Иначе нов играч на Македонија Ѓ.П. е играчот на Тиквеш Сашко Костадиновски.

Се пушти муабет, Симов ако го избркаат од Вардар можно е да прави кам-бек во Ѓорче.

Во ваква лоша 2 Лига греота е со овој состав да не влеземе. Доста е селски фудбал. Ајде Ѓорче :).
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
3.334
Со господ напред. Го гледав за Силекс неколку утакмици не е лош. Фалинка му е што е низок ама добар играч е .

Иначе нов играч на Македонија Ѓ.П. е играчот на Тиквеш Сашко Костадиновски.

Се пушти муабет, Симов ако го избркаат од Вардар можно е да прави кам-бек во Ѓорче.

Во ваква лоша 2 Лига греота е со овој состав да не влеземе. Доста е селски фудбал. Ајде Ѓорче :).
Vlagate sigurno ... Na Makedonija GP mestoto i e vo 1 Liga...Slusam muabeti deka Rufeja se zasilila mnogu i ambiciite i bile za vo 1 liga..Kako i da e ocekuvam direkno da si vlezete pa dogodina da ni dojdete vo Tetovo ( ako opstaneme ):D
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Vlagate sigurno ... Na Makedonija GP mestoto i e vo 1 Liga...Slusam muabeti deka Rufeja se zasilila mnogu i ambiciite i bile za vo 1 liga..Kako i da e ocekuvam direkno da si vlezete pa dogodina da ni dojdete vo Tetovo ( ako opstaneme ):D
Со играчиве што ги земавте гарант останувате. Нема да се дозволи Тетекс да испадне у тоа сум сигурен 100 % ;). Страв ми е да не се маткаме по баражи по такви работи. Другиве екипи не земале ништо играчи па затоа очекувам со Гостивар да се јадеме за прво место. Местото ни е во 1ва Лига. Тие лигушите што не донесоа до ова дереџе бел ден да не видат.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Пријателска

Македонија Ѓ.П. - Силекс 2-2 (1-1)
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Пријателскиот натпревар меѓу Македонија ЃП-Вардар кој требаше денес да се одигра е одложен:

Додека игравме во трета лига
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Утре пријателска со прилепски Корзо на Стадионот на АМС !!

13.00 ч.
Македонија Ѓ.П. - Корзо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom