Фан Клуб: Лас Палмас

Статус
Затворена за нови мислења.

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
UD Las Palmas / УД Лас Палмас



Мојот омилен клуб од Шпанија. Во моментов е во Сегунда, откако минатата сезона се спасија некако од испаѓање и иако цело време беа или во зоната за испаѓање или едно-две места погоре, на крај завршија осми. Најуспешна сезона на клубот му е 1968/1969 кога завршиле втори на табела, зад шампионот Реал Мадрид. Последен пат во Примера играа во сезоната 2001/2002 кога завршија 18ти и испаднаа. Потоа следеше нагло паѓање и по две сезони стигнаа до Сегунда Б (трета лига). По две сезони поминати таму, се вратија во Сегунда каде што се и сега. Во примера имаат играно вкупно 31 сезона, што сепак за еден мал клуб како Лас Палмас е супер.

Во Копа дел Реј има само еднаш играно во финале, сезона 1977/1978 кога изгубиле од Барселона со 3:1.

Титули имаат 4, сите им се како победници во Сегунда (1953/1954, 1963/1964, 1984/1985, 1999/2000).

Локација: Канарски Острови
- град: Лас Палмас
- остров: Гран Канариа
Формиран: 22 Август 1949
Стадион: Естадио Гран Канариа
- капацитет: 31.250
Бои:
- дома: жолто-сино
- гости: небесно сино-бело
Веб сајт: www.udlaspalmas.es







 

drag43_sexy

вауууУ!
Член од
3 октомври 2007
Мислења
1.349
Поени од реакции
2
Незнам баш дали има луѓе што навиваат за тимов али ок :toe:
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
до сеа сум сретнал само еден во МК, али затоа е темава, да се види дали има. мада не верувам дека смета нешто посебно знаејќи дека има и еден куп теми за клубови кои немаат повеќе од 1 симпатизер. :)
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154


Оваа круната ко да ја копирале од друг клуб :)
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
ех па не е воопшто иста. сличносто нормално е да има, круна неможе поинаку да изгледа

 

Никола_МКД

Corazón blanco
Член од
18 март 2007
Мислења
1.213
Поени од реакции
22
сите амблеми во еден се :pos2:.
круната од депор (истата ја имат и мурсија, сосиедад). од лево на десно амблемите на расинг (круната ногу ме потсеќа, другото од друг тим е копирано) севиља алавес незнам патетико. лавчето од вмро го има и на амблемот на зарагоза. значи толку креативност да се нема бе ццц :tapp:






без мајтап да не знај некој зошто му е толку наоружан амблемо
 

Kiko-Kozle

GunneR 4 EveR
Член од
29 јуни 2008
Мислења
356
Поени од реакции
7
јас знам зашто
едноставно така му било пишано на клубот
што има тоа везе сеа кога Лас Палмас е шампион
мислам на Канарските Острови

п.с. се зезам бе...................и јас отворив тема Фан Клуб Стоук Сити
тие влегоа у премиер лига после 50 години
позз
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Jas sum za DEPORTIVO i vo zemjava ima uste trojca sto aktivno si navivaat za deportivo, ali za Las Palmas ne sum znael deka nekoj go poddzrzuva. Ako bas sakam koga nekoj naviva za pomali klubovi
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Па и ја одамна навивам за Донкастер. Скоро ке биде отворен и фанклуб за него на форумот. Баш го подржувам Хари Потер :salut:
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
админот на MacedonianFootball.com е страствен навивач на Донкастер :helou:

еве сеа глеам дека не бил единствен :)
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
Па и ја одамна навивам за Донкастер. Скоро ке биде отворен и фанклуб за него на форумот. Баш го подржувам Хари Потер :salut:
Најсериозно може да објасниш зошто си за Донкастер, пошо тимот го знам од пред 2 сезони кога изгубија од Арсенал на пенали во Купот, знам дека имаат црвено-бели дресови кои се форма како на Селтик дресовите.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Најсериозно може да објасниш зошто си за Донкастер, пошо тимот го знам од пред 2 сезони кога изгубија од Арсенал на пенали во Купот, знам дека имаат црвено-бели дресови кои се форма како на Селтик дресовите.
Ако сакаш нешто во врска со Донкастер да ти објаснам, пиши на фан-клубот што го отворив, овој е за Лас Палмас:salut:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.559
Во согласност со останатите модератори, темите кои немаат свои фанови на форумов ке бидат под клуч, причината е очигледна, не се развива никаква дискусија освен билдање на постови со честитки .

Доколку некоја тема е ставена под клуч, а има член кој навива за истиот клуб и сака да постира на истата тогаш слободно нека исконтактира некој од модераторите на темата за Фудбал ( Димитар, Фантом, мене ) преку приватна порака па темата повторно ке биде отворена за дискусија, а до тогаш уште еднаш повторувам, :locked:.

п.с. Дискусија за некои од тимовите може да водите и на соодветните првенства, ништо не губите во случајов . :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom