Да де, Хавиер, затоа гледај го во моментов Хавиер како бек, која корист во моментов тимот ја има од него ?
Во Аргентина дури и го изгуби првотимскиот статус зашто многу лошо играше како бек, во Серија А како бек играше против Бари, тотално некорисен, Рома, тотално некорисен и мислам имаше уште еден меч, не ми текнува .
Или, ај вака, колку кросеви и нафлени топки имаше Хавиер на оние мечеви во кои играше како бек ?! Смеам ли ја тука да речам дека Хавиер вчера, или на мечот со Бари не го дал својот максимум ? Смеам, ама нема тоа да го кажам, него ке ти речам дека капитенот како бек е веќе тотално некорисен, годините го направија своето, 5 години игра у средина и таму треба да остане и да не мрда .
Камби е деструктивец, дефанзивен играч од средина за врска, може да игра и централно одбрана, мада ако се сеќаваш лани, со Рома, директно кумуваше за еден гол , оној третиот на Рома па не беше критикуван од Мур.
Киву у средина ? Епа друже, кога Киву играше у средина Интер имаше играч помалце на теренот, тоа беа мечеви ко оној со Јувентус пред 2 сезони дома ( последен пораз на домашен терен ), оној со Аталанта лани ( одржана лекција ) .
Е, пример на место, Киву во средина, типичен пример за ситуацијата со Балотели, како игра човек кој од позиција во одбрана и лев бек е ставен во средина, тотално некорисен за екипа дури, на моменти и дестркутивно влијае врз цела игра .

Смеам ли ја тука да кажам, па Киву не го даде својот максимум ? Смеам, ама како можам да барам максимум на терен од играч кој игра на позиција тотално непозната за него, дури и да го дава својот максимум, пак ке остане играч мање на терен, тотално разбирливо .
По која основа велиш дека Киву го дал максимумот во средина, а тимот со него имаше играч мање на терен, а велиш Балотели не го дал максимумот, а исто ко Киву, играл лошо на за него неприродна позиција .
Кога Мурињо ке го игра Балотели на она место кое нему најмногу му одговара ке правиме муабет за играта на Супер Марио, вака крилно нема смисла за дискусија, примерот со Киву ти беше на место, добро ме потсети на тој момент .
Кварезма и Мансини крилно беа лоши и не беа по вкус на Мурињо, а не па дете од 18 години, кое е напаѓач .