Фан Клуб: Валенсија

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ма да беше мојата најголема желба за во Реал,еден од моите омилени играчи му посакувам добра кариера и во најлутиот ривал.
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Давид Виља беше одличен играч и уште подобра личност...никогаш не се пожали на ништо во Валенсија, иако не освојуваше титули (што не е случај со многу денешни талентирани играчи). Виља беше еден од најдобрите играчи во историјата на Валенсија и ќе остане запаметен како таков.

Еве како Виља се збогуваше со своите навивачи:

„Сакав да се обратам на сите преку valenciacf.com за да го споделам, она што за мене без сомнеж е најтешкиот и најемотивниот момент во целата моја кариера. Дојде моментот да се збогувам, и после 5 прекрасни сезони со тимот, во себе носам многу чувства, оставам многу пријатели, но знам дека сето тоа е за доброто на клубот. Во Валенсија пораснав како фудбалер но исто како и личност.​
Клубот Валенсија го чувствувам како своја куќа од првиот момент кога пристигнав овде и никој не смее да се сомнева дека така нема да биде засекогаш.

Сакам сите да знаат дека за мене беше огромна чест да го носам овој дрес, кој ми даде толку нешта и кој ќе го носам засекогаш во моето срце. Исто така за мене претставуваше привилегија да ја носам капитенската лента, и како и внатре, така и надвор од теренот, во секој момент се обидував на најдобар начин да ја претставувам Валенсија, како таа заслужува.​

Најпрво би сакал да ги поздравам сите навивачи, кои секогаш ми ја покажувале својата љубов и поддршка уште од првиот ден кога пристигнав на Местаља. Исто така би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи кои ми помогнаа да се подобрам, на сите стручни лица посебно на Мануел Љоренте, и на сите вработени со кои работев сите овие години.​

Сакам да се заблагодарам на сите и да потврдам дека после пет години се чувствувам како уште еден граѓанин на Валенсија, какви што се и моите керќи. Дадов се за Валенсија, која секогаш ќе биде дел од моето срце, во која сум акционер и на која и ја посакувам целата среќа на светот. Си заминувам со задоволството дека клубот се враќа таму каде што заслужува да биде секоја година, борејки се со најдобрите во Европа во Лигата на Шампионите.

Играчите доаѓаме и си заминуваме, но со прекрасните навивачи кои ги има позади себе и огромната институција која што всушност претставува, Валенсија секогаш ќе има силен и компетитивен тим кој сигурно ќе им донесе многу радост на сите оние што ја сакаме.​

Инсистирам, секогаш ќе ја носам Валенсија длабоко во себе! Благодарам на сите за многу нешта… и АМУНТ Валенсија!“

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Освен Рикардо Коста и Мехмет Топал, Валенсија ќе потпише и со 20 годишниот играч од средниот ред Французинот Софиан Фегули:

Прегледај го приврзокот 28899
Денеска и официјално го стави потписот.
http://www.valenciacf.com/contenidos/Actualidad/Noticias/2010/05/Noticia_26257.html?__locale=es
Нека му е со среќа...
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Според Валенсискиот весник Супердепорте, Валенсија летово ќе потпише уште со двајца напаѓачи и еден играч од средниот ред како замена за Рубен Бараха.
Како фаворити се издвоени Роберто Солдадо (Гетафе) и Ариц Адуриз (Мајорка), а исто така биле спомнати Французите Жињак (Тулуз) и Кевин Гамеиро (Лориент). Сепак според барањата на Унаи Емери и техничкиот директор Фернандо Гомез, се бараат играчи кои се навикнати на играта во Шпанската лига, па затоа како фаворити се издвојуваат Солдадо и Адуриз.

Во врска со Никола Жигич тој не е ставен на продажба, но ако стигне понуда за него и биде прифатлива, ќе се прифати.

Во средниот ред се очекува единствено продавање на Мануел Фернандез кој во зимскиот преоден рок беше скоро продаден на Интер, но не ги помина медицинските тестови.

Од играчите во среден ред се спомнуваат имињата на Хави Маркез (Еспањол), Андер Херера (Сарагоса) и Апоњо (Малага).
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
јбг Виља мораше да си иде поради парите што ги должиме, ја мислам кога Реал се расфрла со пари може да им го дадеме Силва за околу 30-40 милиони + Дренте или Гарај, подобро Дренте и послем да ги продадеме Мигуел и Жигиќ негде у премиер лига на пр. Астон Вила која нуди 15мил., а Дренте да ни игра како десен бек.За замена за Силва не е толку тешко да се најде бидејќи Силва е без добар финишинг, место него да го купиме Педро Леон од Гетафе за околу 10 милиони, супер игра, памтам и каков гол им даде на Валенсија од слободен, годинава кога изгубивме 3-1 од Гетафе...А за напаѓачи Жињак и Солдадо и веќе го имаме Домингез, исто Мата може како шпиц да игра, а легендата Висенте од лева страна да игра...сеа може ќе ги изгубиме Виља и Силва како најреспектирани фудбалери од Валенсија, сепак мене не ме загрижува, како што рече Канизарес, и Мендиета и Лопез си отидоа на времето па Валенсија беше уште појака..."It seems like the end of the world, but life goes on."
 
blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090

Ова е иднината на Валенсија младиот напаѓач на Шпанската У-17 репрезентација Paco Alcácer доаѓа од нашата школа и веќе за него пројавија интерес сите големи екипи од Европа. Унаи Емери Изјави дека е задоволен од играта на Алкасер и дека ќе го покани на тренинг кампот да тренира заедно со првиот тим па којзнае може тука лежи наследникот на Виља :vozbud:
 
Ниеден играч не е поголем од клубот! :smir:
Во врска со Давид Силва, претседателот на Валенсија Љоренте изјави дека не ја исклучува можноста за продажба на ниту еден играч и дека ако има поволна понуда таа ќе биде разгледана и евентуално прифатена. Новоста е што синоќа Љоренте изјави дека за 30 милиони Давид Силва нема да ја напушти Валенсија, што значи ќе бараат повеќе пари. Исто така изјави дека најважниот дил сезонава (Виља во Барса) е веќе готов и нема потреба од брзање така да сигурно ќе се чека после мундијалот за евенутална продажба на некој од играчите.

Валенсија во моментот има долг од 470 милиони евра поради што Љоренте изјави дека доколку продаде некој играч нема да бара од другиот тим вклучување на некој друг играч туку само пари. Многу пари од долгот веќе се исплатени и во моментот се бараат финансии за продолжување на изградбата на Новата Местаља, со што тимот би се префрлил да игра таму, а парцелата на старата Местаља би била продадена за околу 350 милиони евра со што долгот ќе биде сведен на минимум и тимот ќе може да функционира нормално. Со самото пласирање во групите на Лигата на Шампините Валенсија ќе инкасира дополнителни пари, така да работите одат кон подобро. :smir:

За Давид Виља ми е криво што нема да настапи на Новата Местаља како миленик на публиката, но што е тука е, се најлошо за Барса со него во тимот. :)

Ова е иднината на Валенсија младиот напаѓач на Шпанската У-17 репрезентација Paco Alcácer доаѓа од нашата школа и веќе за него пројавија интерес сите големи екипи од Европа. Унаи Емери Изјави дека е задоволен од играта на Алкасер и дека ќе го покани на тренинг кампот да тренира заедно со првиот тим па којзнае може тука лежи наследникот на Виља :vozbud:
Не само Алкасер туку и други играчи од младиот тим ќе тренираат заедно со првиот тим на подготвувањата во Австрија летово, и можно е Алкасер да се приклучи на првиот тим за следната сезона!
Во Валенсија сите го гледаат како наследник на Виља, ем домашно дете! :vozbud:
 
Член од
11 април 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
да кога сме кај Алкасер се работи за голем талент, иначе денес Жигиќ е во Бирмингем ако ги помине медицинските прегледи, трансферот ќе биде реализиран за сума од 6мил. Фунти...не е толку лошо мада и можеше да се почека после светско, зошто Србија има потенцијал да направи изненадување.
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
да кога сме кај Алкасер се работи за голем талент, иначе денес Жигиќ е во Бирмингем ако ги помине медицинските прегледи, трансферот ќе биде реализиран за сума од 6мил. Фунти...не е толку лошо мада и можеше да се почека после светско, зошто Србија има потенцијал да направи изненадување.
Остана Валенсија без напаѓачи. :icon_lol:
Очигледно брзаат во клубот да се ослободат од непотребните играчи, а моментално во тимот има 36 играчи кои треба да бидат распоредени, на позајмица или продадени.

Никола Жигиќ 30 годишен, Унаи Емери не го користи доволно и се гледа дека не се вклопува во тимот, па така 7 милиони евра за него се повеќе од доволни. Всушност никој повеќе не ни понудил за него.

Во моментот и официјално Никола Жигиќ во Бирмингем за 7 милиони евра.

--- надополнето ---

Жигиќ претставен во Бирмингем
 
B

BooBojan

Гостин
Здраво на сите вас овде во овој Фан клуб Валенсија е клубот кој го сакам најмногу веднаш после Манчестер Јунајтед.Сакам да напишам нешто во врска со сезоната која е зад нас.
Солидна сезона за Валенсија иако очекував триумф во лига Европа но не успеа клубот.Одлични сезони одиграа младите сили на клубот иако одбраната не беше на најдобро ниво.Бруно и Матие имаа добри сезони иако овој вториов и некое време беше повреден.Најголемиот напредок тимот го имаше токму во играта во средниот ред.Одличи сезони за младите Силва Мата Пабло Банега мислам дека многу научија од постарите и поискусни Албелда и Марчена.Виља е продаден и мислам дека него во тимот треба да го замени Алехандро Чори Домингез кој е сличен тип на ирач на Виља за наредната сезона очекувам пак 3то место но да бидеме далеку поблиску барем во бодовната разлика со Реал и Барселона.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Колку сакам Солдадо да дојде
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.129
Поени од реакции
75.077
Вечер во Депортиво ќе биде прмовирано првото засилување кое доаѓа како позајмен од Валенсија, а тоа е 21 годишниот средњак Мичел. Ај некое инфо ако може за играчов :smir:
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Вечер во Депортиво ќе биде прмовирано првото засилување кое доаѓа како позајмен од Валенсија, а тоа е 21 годишниот средњак Мичел. Ај некое инфо ако може за играчов :smir:
Па што да се каже за Мичел, цела сезона резерва, немаше скоро ниту една шанса да настапи во првиот тим, единствено во пред сезоната Унаи Емери му даваше минути, и постигна гол (кој изгледа му е единствен) на пријателскиот натпревар против Арсенал на Местаља кога Валенсија победи со 2-0.

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.129
Поени од реакции
75.077
Па што да се каже за Мичел, цела сезона резерва, немаше скоро ниту една шанса да настапи во првиот тим, единствено во пред сезоната Унаи Емери му даваше минути, и постигна гол (кој изгледа му е единствен) на пријателскиот натпревар против Арсенал на Местаља кога Валенсија победи со 2-0.

Го видов и претодно негопвиот гол на јутуб :)
Не ме ни чуди што бил резерва, пошто Депортиво неможе да си дозволи нешто повеќе, само го најавија како големо засилување па мислев да не се истакнал нешто како младинец :)
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Го видов и претодно негопвиот гол на јутуб :)
Не ме ни чуди што бил резерва, пошто Депортиво неможе да си дозволи нешто повеќе, само го најавија како големо засилување па мислев да не се истакнал нешто како младинец :)
Па во младиот тим бил најдобар изгледа, пошто пред две сезони го земаа во прв тим, а не така лесно се стигнува во првиот тим на Валенсија. :)
Во клубот сметаат дека ќе се докаже ако игра во Примера, па затоа и го даваат на 1 година позајмица, ако биде добар да го вратат. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom