Фан Клуб: Валенсија

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Синоќешната вечер на Местаља беше една од најемотивните вечери во мојот живот,се наежив од атмосферата,го испративме Пипо со најголеми почести баш како што заслужува една голема легенда. Фала ти Пипо за се што направи за овој клуб:eek:lee::eek:lee::eek:lee::eek:lee:
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Голема благодарност за Бараха за се што даде за тимот од Местаља.
Со него во тимот Валенсија освои 2 титули во Шпанија, една во купот, куп на УЕФА, европски супер куп, а во неговата прва сезона играше и во финалето од ЛШ против Баерн. Мислам дека и постигна гол при изведувањето на пеналите. Посветен и благодарен фудбалер кој долги години беше и репрезентативец.

Инаку Валенсија веќе и официјално потпиша со два нови фудбалери за наредната сезона. Како слободен фудбалер е доведен Рикардо Коста од Лил, а од Галатасарај за околу 5 милиони е купен Мехмет Топал. Се надевам дека и оваа сезона ќе ги погодат засилувањата.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Голема благодарност за Бараха за се што даде за тимот од Местаља.
Со него во тимот Валенсија освои 2 титули во Шпанија, една во купот, куп на УЕФА, европски супер куп, а во неговата прва сезона играше и во финалето од ЛШ против Баерн. Мислам дека и постигна гол при изведувањето на пеналите. Посветен и благодарен фудбалер кој долги години беше и репрезентативец.

Инаку Валенсија веќе и официјално потпиша со два нови фудбалери за наредната сезона. Како слободен фудбалер е доведен Рикардо Коста од Лил, а од Галатасарај за околу 5 милиони е купен Мехмет Топал. Се надевам дека и оваа сезона ќе ги погодат засилувањата.
Освен Рикардо Коста и Мехмет Топал, Валенсија ќе потпише и со 20 годишниот играч од средниот ред Французинот Софиан Фегули:

o_valencia_fichajes-1417941.jpg
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Освен Рикардо Коста и Мехмет Топал, Валенсија ќе потпише и со 20 годишниот играч од средниот ред Французинот Софиан Фегули:

Прегледај го приврзокот 28899
За дечково знам уште зимоска дека беа заинтересирани да го земат исто на free transfer од 1 Јули, ама од тогаш немав ништо слушнато. Мислам дека настапуваше за некој од послабиве тимови од Франција, Гренобл, Булоњ...:toe:
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
За дечково знам уште зимоска дека беа заинтересирани да го земат исто на free transfer од 1 Јули, ама од тогаш немав ништо слушнато. Мислам дека настапуваше за некој од послабиве тимови од Франција, Гренобл, Булоњ...:toe:
Да да го следат цела сезона и веќе е сигурно дека ќе потпише со Валенсија како слободен фудбалер. Инаку да играше за Гренобл од Франција, а за него беа заинтересирани повеќе екипи меѓу кои мислам и Милан...
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.271
Поени од реакции
8.407
Крај на сезоната... тоа што ни се случуваше во претходните години ме донесе до заклучок дека оваа сеозна можеме да ја наречеме успешна...
Тешко е да им се парира на онакви вонземјански тимови на Барселона и Реал, ма да криво ми е што во меусебните натпревари со нив можевме да ќариме уште некој бод (освен тоа едно нерешено на местаља со Барселона)
Единствено од штто се разочарав беше слабата игра во четврт финалето од Лига Европа каде што на глуп начин бевме избацени... Останаа неколку дупки да се потполнат , како на пример одбраната после Албиол остана некој вид на дупка (не толку дупка колку што се примаа глупави голови)
Догодина играме во Лига на Шампиони се надевам дека ќе се вратиме на голема врата, ма да имам претчувство дека ќе биде продаден уште некој од ѕвездите на тимот ма да се надевам дека тоа нема да бидат двајца во една сезона а и да се случи заминување на некој да се надеваме дека ќе се заменат во целост!

И според некои написи што беа се надевам дека конечно ќе заиграме на новата Местаља :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.710
Поени од реакции
43.720
Успешна сезона,3-то место - директен пласман во ЛШ и 1/4 финале во Европа Лига..Успех е и тоа,но стварно беше глуп начинот на кој бевме избацени.
За следната сезона само да се задржат поважните играчи и ќе биде уште поуспешна :). (добро сеа,Сива да дое у Манчестер неам ништо против:smir:). Во ЛШ да се стигне до 1/4 финале би било супер,иако јас посакувам финале Манчестер-Валенсија :) , а за во Ла Лига,сеа за сеа мислам дека повеќе од трето место тешко..Да се среди финански тимот за некоја година и после се надевам повторно ќе им прави проблеми на Барса и Реал во Шпанското првенство.

И благодарност до Бараха за се што направи за тимот..Вистинска легенда.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Феноменална сезона за Валенсија,штета само за оној натпревар со Атлетико во ЛЕ.Би сакал да го задржеа тимов и в година за ЛШ но очигледно е дека Виља и Силва си одат дефинитивно.Им посакувам уште поуспешна 2010/2011.
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Според она што се зборува во Валенсија, од блиски извори на клубот: Давид Виља не сака да си замине од Валенсија, а клубот бара повеќе од 40 милиони за тој да се пресели во Барселона.

Доколку би се случило такво нешто, како замена за Виља се споменуваат: Андре-Пјер Жињак од Тулуз, Роберто Солдадо од Гетафе, Артиз Адуриз од Мајорка и Адријан Колунга од Сарагоса.
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
По се изгледа работата за Виља е завршена,ќе оди во Барса за 44 милиони евра....:toe:
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Голем респект Давид Виља и се она што го даде за тимот сите овие години.
Благодарност за фудбалските моменти исполнети со неизмерно задоволство, едноставно обожавав кога имав можност да го гледам во дресот на љиљаците.
Заслужи да заигра во поголем клуб, се најубаво за Виља и во продолжението од кариерата.
 

Buji Buton

Manijak :P
Член од
4 мај 2010
Мислења
929
Поени од реакции
228
веќе и официјално виља е во барселона :smir:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.586
Поени од реакции
14.387
Сега откога замина Виља, колку е можно Валенсија да го продаде и вториот свој најдобар играч, Силва ? Не зборам за во Реал, општо, дали би направил транфер во друг клуб, и дали Валенсија поради финансиската криза би ги пуштила двајцата свои најдобри играчи во еден преоден рок ?
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Виља:Секогаш ќе ја носам Валенсија во срцето,ова е најтешкиот ден во мојата кариера...
http://www.valencianista.es/noticias/ampliar/29777/villa-siempre-llevare-a-valencia-en-mi-corazon-es-el-dia-mas-dificil-de-mi-carrera

Јеби га виша сила:toe: голем респект и едно огромно фала за најголемата 7-ца во историјата на Валенсија.Фала ти за 5 прекрасни сезони поминати тука,со среќа понатаму во кариерата...:bravo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom