Ираклис - Брегалница во сабота во Солун
Фудбалските прволигаши се принудени на принудна пауза. Причина, квалификациските натпревари на Македонија против Русија и Андора, За Штипскиот прволигаш Брегалница оваа пауза е добредојдена со оглед на исклучително лошиот старт на оваа нова сезона.Брегалница во почетните 5 кола има учинок од една победа, едно реми и три порази или од максимални 15 , Брегалница на контото има само 4 бодови. Брегалница имаше игра, имаше поволен резултат и со Работнички во Скопје и со Силекс во Кратово но поради киксови во одбраната на крајот сепак наивно губеше. Натпреварот се игра 90 минути се до последниот свиреж на судијата а очигледно ова правило не се почитува .
Дали е во прашање недоволна концетрација , мегусебно недоразбирање или неуиграност не е јасно иако во редовите на Брегалница фигурираат во главном звучни фудбалски имиња. Добро е што сето ова се манифестира во почетната фаза од првенството па има можности за исправка и за корекции. Стручниот штаб и раководството на Брегалница не остава ништо на случајноста и слободниот термински простор го става во служба на одигрување контролни средби. Најновата ексклузивна информација доаѓа денес и вели дека е договорена пријателска фудбалска средба од интернационален карактер. Благодарејки на добрите спортски односи на одредени фудбалски работници од една и челните луге на Брегалница Илија Митров и Горан Даскалов во корелација со градоначалникот на Штип, Зоран Алексов од друга страна - Фудбалската експедиција на Брегалница ќе гостува во соседна Грција. Начелно е договорена пријателска средба со прволигашот Ираклис која ќе се одигра во Сабота во Солун со почеток во 17.30 часот. Ова ќе биде уште фудбалска алка во синџирот пријателски врски зачинети со фудбалски натпревари на Брегалница со клубови од непосредното соседство, односно со клубови од Бугарија, Србија , Албанија а сега и со клуб од Грција.
http://sportefe.com/makfudbal/iraklis-bregalnica-vo-cabota-vo-solun
Глигоровски ја напушти Брегалница
Брегалница Штип остана без услугите на својот голгетер Ивица Глигоровски. Поранешниот прв стрелец во нашата лига незадоволен од статусот во екипата од Штип реши да "одлета" од екипата, пред се прстот насочувајќи го кон тренерот Никола Спасов, кој го смета за најголемиот виновник што не му била дадена шанса во штипските "сини"
"Решив да си заминам. Ова повеќе не се издржуваше. Не бев задоволен од статусот и имав некои недоразбирања со тренерот Спасов. Тој ме ставаше да тренирам со деца, со младинци... Не ми даде шанса иако ми беше ветено. Секоја чест на раководството и на градоначалникот кои сакаат да направат нешто, но штета што имаат таков човек за тренер. Мислам дека со ваквото однесување само го руши угледот на Брегалница", коментира Глигоровски.
http://sport.com.mk/?ItemID=968F1DC3781398479B3F353351416F63