Фан Клуб: Брегалница Штип

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ова информација јас ја објавив уште во Јуни месец!

Од пред 3 дена е официјално.....
 
П

Паспарту

Гостин
Ираклис - Брегалница во сабота во Солун

Фудбалските прволигаши се принудени на принудна пауза. Причина, квалификациските натпревари на Македонија против Русија и Андора, За Штипскиот прволигаш Брегалница оваа пауза е добредојдена со оглед на исклучително лошиот старт на оваа нова сезона.Брегалница во почетните 5 кола има учинок од една победа, едно реми и три порази или од максимални 15 , Брегалница на контото има само 4 бодови. Брегалница имаше игра, имаше поволен резултат и со Работнички во Скопје и со Силекс во Кратово но поради киксови во одбраната на крајот сепак наивно губеше. Натпреварот се игра 90 минути се до последниот свиреж на судијата а очигледно ова правило не се почитува .
Дали е во прашање недоволна концетрација , мегусебно недоразбирање или неуиграност не е јасно иако во редовите на Брегалница фигурираат во главном звучни фудбалски имиња. Добро е што сето ова се манифестира во почетната фаза од првенството па има можности за исправка и за корекции. Стручниот штаб и раководството на Брегалница не остава ништо на случајноста и слободниот термински простор го става во служба на одигрување контролни средби. Најновата ексклузивна информација доаѓа денес и вели дека е договорена пријателска фудбалска средба од интернационален карактер. Благодарејки на добрите спортски односи на одредени фудбалски работници од една и челните луге на Брегалница Илија Митров и Горан Даскалов во корелација со градоначалникот на Штип, Зоран Алексов од друга страна - Фудбалската експедиција на Брегалница ќе гостува во соседна Грција. Начелно е договорена пријателска средба со прволигашот Ираклис која ќе се одигра во Сабота во Солун со почеток во 17.30 часот. Ова ќе биде уште фудбалска алка во синџирот пријателски врски зачинети со фудбалски натпревари на Брегалница со клубови од непосредното соседство, односно со клубови од Бугарија, Србија , Албанија а сега и со клуб од Грција.

http://sportefe.com/makfudbal/iraklis-bregalnica-vo-cabota-vo-solun

Глигоровски ја напушти Брегалница
Брегалница Штип остана без услугите на својот голгетер Ивица Глигоровски. Поранешниот прв стрелец во нашата лига незадоволен од статусот во екипата од Штип реши да "одлета" од екипата, пред се прстот насочувајќи го кон тренерот Никола Спасов, кој го смета за најголемиот виновник што не му била дадена шанса во штипските "сини"

"Решив да си заминам. Ова повеќе не се издржуваше. Не бев задоволен од статусот и имав некои недоразбирања со тренерот Спасов. Тој ме ставаше да тренирам со деца, со младинци... Не ми даде шанса иако ми беше ветено. Секоја чест на раководството и на градоначалникот кои сакаат да направат нешто, но штета што имаат таков човек за тренер. Мислам дека со ваквото однесување само го руши угледот на Брегалница", коментира Глигоровски.

http://sport.com.mk/?ItemID=968F1DC3781398479B3F353351416F63
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Никола Спасов повеке не е тренер на Брегалница.....

Ова следува по лошите резултати на Брегалница но и поради срамниот пораз од Турново во Купот!
--- надополнето: Oct 20, 2011 4:16 AM ---
Инаку.... од понеделникот Генц Исени е нови играч на Брегалница и тој веке има право за настап!

Исто така вреди да се спомене дека и Лазар Илиев го добио сертификатот но право на настап ке има од утакмицата со Работнички.

Во сабота на Градскиот стадион во Штип на мечот против 11 Октомври тимот ке го водат Влатко Давитков и Ѓорѓи Стојков кои беа помошници на Спасов.
Се очекува во наредните денови да се најде квалитетен тренер кој ке ја преземе екипата во наредниот дел од сезоната од кого ке се очекува излегување од кризата во која се наога Брегалница.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.281
Поени од реакции
798
Играе ли Иван Митров Гатузо уште во Брегалница или...?
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Видео:Бојан Захариев од денес на „кормилото“ на ФК Брегалница



Среда, 26 Октомври 2011 20:44



Претедателот на ФК Брегалница, Горан Даскалов денес ѓи престави лугето кои ке го предводат клубот во натамошниот период. Во присуство на целокупното раководство како и на градоначалникот на Штип Зоран Алексов на играчите им беа преставени новите „кормилари" на Штипските плави. Претседателот Горан Даскалов образложи дека се воведува нова функција Спортски Директор во името на Бојан Захариев , нов тренер ќе биде Трајче Сенев, во улога на помошен тренер останува Влатко Давитков исто како и тренерот на голманите Ѓорги Стојков.
Инаку Бојан Захариев нагласи дека досега бил член на Младинската комисија во фудбалската Федерација на Македонија и дека бил Претседател на ФК Вардар и дека ги поседува неопходните лиценци . Првото „огнено крштевање" новиот Стручен штаб на Брегалница ќе го има веќе во сабота кога на Градски во Штип ќе гостува екипата на Работнички од Скопје.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom