Според мене:
Валдес- 6.5- Не можеше да направи ама баш ништо за голот. Грешка на одбраната што го остави така да се шета Серано низ теренот. Немаше друга работа.
Алвес- 7.5- Уште еден одличен натпревар од Алвес. Ме загрижуваше на почеток од сезоната ама влегува во форма.
Пике- 7- Може да се каже дека Пике ја презема улогата на лидер на одбраната од Пујол оваа сезона. Многу постабилни бевме со него во одбраната отколку со Маркез.
Пујол-6- Некако губеше концентрација на моменти, а беше и делумно крив за голот.
Абидал -7- Добро, многу добро. Имаше неколку одлични натппревари во претсезоната и на почетокот од сезоната. Сега уште да најде некоја константност и да може да поврзе десетина утакмици вака.
Бускетс -6- Ја врши работата и тоа е тоа. Не се истакнува премногу.
Чави- 8.5- Вообичан натпревар за Чави. Диктираше темпо, многу точни пасови, и то.
Кеита- 8 - Импресивен напредок во споредба со лани. Лани некако се плашеше да учествува во офанзивната игра, а сега е среќен да шутира и да прави долги пасови.
Меси- 9 - Што да зборам. Му дадов девет затоа што Сантандер се премногу слаби. Пет гола во три утакмици и една асистенција.
Ибра- 9 - Си го задржа просекот за гол од натпревар и направи една одлична асистенција. Сега за сега 4 гола и 2 асистенции во 4 утакмици.
Анри- 7 - Не е ефикасен. Игра добро заинтересиран е ама не дава голови. Ај валјда има гол-криза во моментов и ќе почне да дава голови скоро.
Ињеста - / - Не е во форма ама се враќа полека.
Маркез - Тапа. Крив е за голот ама ова му е првиот натпревар по повредата па простено му е.
Педро - трчкаше лево десно ама ништо не направи.