Фан Клуб: Барселона

Статус
Затворена за нови мислења.

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Незнам што да кажам.... Ето :zver: Незапирлив е човекот, Меси исто така, Чави исто... ЦЕЛИОТ ТИМ ИГРА КАКО ШТО ТРЕБА ДА ИГРА ЕДЕН ШАМПИОН!!!
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Честито победа, головите за тие што не ги гледале тука.
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
Ајде Честитки, растур правиме, само така да се продужи! :vozbud:

Позз до сите Фанови на БАРСЕЛОНА - НАЈДОБРИ СМЕ!!!!! :helou:
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.317
Поени од реакции
270
Абе кој е како нас!
У 20 минута решаваме утакмици еееееј!
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
У моментов никој!
Инаку ако забележувате Меси оваа сезона не игра десно крило, пошто не е тоа тактиката на Гвардиола. Игра како полушпиц и мислам дека така е поопасен, има постигнато 9 гола, и многу повеќе асистенции(вчера асистираше на 3 гола). Мислам дека на новата позиција е поопасен. А за Ето немам зборови... фантастично игра, а кога пак ќе помислам дека Пеп сакаше да го продаде, а има постигнато 14 гола до сега.:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
У моментов никој!
Инаку ако забележувате Меси оваа сезона не игра десно крило, пошто не е тоа тактиката на Гвардиола. Игра како полушпиц и мислам дека така е поопасен, има постигнато 9 гола, и многу повеќе асистенции(вчера асистираше на 3 гола). Мислам дека на новата позиција е поопасен. А за Ето немам зборови... фантастично игра, а кога пак ќе помислам дека Пеп сакаше да го продаде, а има постигнато 14 гола до сега.:vozbud::vozbud::vozbud:
Пеп не ја смени тактиката ни формацијата игра 4-3-3 формација со две крила и еден шпиц и вчера утакмицата ја почнавме така. Ама тешко ни одеше и да не беше Алвес немаше да водиме. После првиот гол Меси дојде позади Анри и Ето, а Анри играше во центарот со дозвола од Пеп да оди лево (како во Арсенал). Тоа што највеќе ме разочара што Анри играше на “своја позиција“ и пак беше најлош играч на теренот. Меси деветте гола ги даде кога играше како крило ,а вчера работата не му беше да дава голови него да ја надомести креативноста што ја изгубивме откако се повреди Ињеста.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Ако си гледал утакмица кога Рајкард беше тренер, и сега ќе видиш дека Меси воопшто не игра како десно крило. Ги нема тие негови препознатливи продори во шеснаесеникот од десната страна ( ги има, али не се толку чести) туку сите негови топки, дриблинзи, шутеви одат преку средината. Има најголема слобода на движење во тимот, Пеп знае како да го извади најдоброто од него...

Инаку за формацијата... не е сменета, нема ни да се смени 4-3-3 формацијата во поглед на поставеноста на играчите. Но многу други работи се сменети... играме пресинг, играме на контра напади, сите во напад, сите во одбрана, постигнуваме голови од корнери, слободни удари. Ова веќе наликува на тим способен да освои се што треба да се освои, а не тоа лани што беше.

Едит: Може да стави некој линк за спуштање на натпреварот ?
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Меси има многу различна улога сега од тоа што имаше под Рајкард ама причината зошто ги нема продорите по десна страна е да се направи место за Алвес да втрчува. затоа секогаш кога Меси ќе добие топка трча накај средината така да неможе да се каже дека е ни крило ни полушпиц ама на хартија неговата позиција е десно крило.
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Изгледа ги исцедивте Ваљадолид до крај...не оставивте нешто за нас за идната недела?
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Кај вас мора да извлечат поволен резултат:pipi:
 

5pammeR

Love
Член од
24 август 2008
Мислења
338
Поени од реакции
9
Последните неколку натпревари сме мн јаки и ги решаваме тимовите за 20 мин им даваме по едно 2-3 гола.. само така да продолжиме..
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ефикасноста сезонава е неверојатна. Како се што не успеваа до направат лани и прехлани, сега да го надополнуваат:) Мислам дека сезонава играта е далеку поквалитетна од таа на Реал, меѓутоа прерано е да се слави титулата. Освен со Атлетико М, ниеден друг дерби натпревар немаше така да ќе видиме во втората половина од декември што да се очекува.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Eto'o: "Lo mejor está por llegar"



^ Превод: Најдоброто допрва треба да дојде :vozbud::vozbud:
Моментално Ето е на 11то место на табелата на најдобри стрелци во историјата на Барселона пред Луис Енрике. А 2 гола му требаат за да биде на 8 мата позиција... има постигнато 110 голови на 162 натпревари, и тоа за само 5 години во тимот. Машина!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom