YEEEEEEEEEEEEEEEEEE!!!!!
СЕ СКЛОПУВА МОЗАИКОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРАНСФЕРОТ НА НАШИОТ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ВО НАЈДОБРИОТ ТИМ ОД ГЕРМАНИЈА
Пандев веќе го одбра Баерн Минхен
*"Најблиску сум до Минхен...Само уште неколку недели", открива Пандев, кој според наши извори на 28 декември треба да биде промовиран за нов член на славниот тим од Германија
Лацио добива 18.000.000 евра како отштета, а Пандев за 2.000.000 годишно ќе го носи дресот на Баерн Минхен. Треба да потпише договор на 6 години и кога ќе се соберат сите пари се добива цифра од 30.000.000 евра кои најдобриот клуб од Германија треба да ги плати за услугите на најдобриот фудбалер на Лацио и Македонија. Мозаикот се склопува, преговорите одамна се завршени, а наши извори откриваат дека на 28 декември Пандев треба да биде во Минхен на потпис и промоција. Тоа треба да биде предновогодишна честитка од управата на баварците за сите нивни навивачи.
"Најблиску сум до Минхен и дресот на Баерн. Мислам дека Лацио веќе се има договорено со Германците, а сега се прават разговори околу условите под кои јас ќе заминам во оваа екипа. Само уште неколку недели. Да заврши и првиот дел во Италија, да дојде време за пауза и моментите кога може да се прават трансферите....Само здравје и нема потреба од брзање", ни открива Пандев детали околу прашањето кои трае со месеци, а ги интересира сите љубители на фудбалот во Македонија. На прашањето дали на 28 декември заминува во Минхен, Пандев со насмевка одговара:
"Сите детали не можат да се откријат. Реков да поминат само уште неколку дена и потоа с$ ќе се знае. Мојот менаџерски тим е во акција... Треба добро да се размисли, треба добро да се процени што е најдоброто. Јас сакам да сум дел од тим кој секогаш ќе се бори за титули, ќе игра во Лигата на шампионите...", додава нашиот најдобар фудбалер кој веќе со месеци го надрасна Лацио и сега е времето кога треба да замине, кога треба да тргне по шампионските патеки и да освојува титули.
А во Минхен веќе се прави место за Пандев. Се најавуваа заминувања на Подолски, Тони...
"И јас читав за тие најави. Баерн Минхен е голем клуб и желба на секој фудбалер. С$ уште ништо не е 100% сигурно ,но ако заминам таму мислам дека ќе ја донесам вистинската одлука. Ми одговара германскиот фудбал, условите, но и квалитетот на екипата. Мора да признаам дека со месеци кај мене владее дилема, но и тензија околу тоа каде, кога... Понудите доаѓаат од сите страни и затоа во ваквите моменти треба многу добро да се размисли. А сакам да останам во Лацио. За 2 години тука ќе добијам и италијански пасош, но мислам дека сега е моментот да се направи нешто подобо, да се одбере вистински клуб...", е размислувањето на Пандев, кој според тоа како сега стојат работите ги брои деновите во Рим.
Според тоа како сега стојат работите нашиот Горан Пандев се наоѓа пред атрактивен и рекорден трансфер. Баерн Минхен е изборот на Пандев и по с$ изгледа тоа е вистински потег на струмичанецот и целата екипа која работи на овој трансфер. Од она што го дознавме Пандев пред неколку недели типувал на Тотенхем и Ливерпул, но сега цврсто е решен да се прифати трансферот во Германија.
И. Д. Ивановски
Ултиматум до Лацио
"Правете екипа за титули и Лига на шампиони или си одам...", им рекол нашиот најдобар фудбалер на луѓето од Лацио. Деновиве Клаудио Лотито, првиот човек на римскиот клуб, имал неколкупати средба со Пандев.
"Перед 3-4 дена ми понудија нов договор со важност до 2012 година. Добив двојно поголеми финансии, но и ветување дека од следната сезона Лацио ќе направи силен тим. Мојот ултиматум им го кажав и сметам дека оваа понуда се инсталира намерно во ова време кога за мене има интерес од силни екипи", ни открива Пандев за неговите релации со Лацио во деновите кога се одлучува која од понудите треба да се одбере.
Реал Мадрид не се откажува
Вчера, во Англија, Италија, но и Шпанија многу најави дека идната недела Лацио и Реал Мадрид ги почнуваат преговорите за Горан Пандев. Тоа е терминот кога римјаните гостуваат на "Сантиаго Бернабе" во последниот меч од групите во Лигата на шампионите. Се споменува сума од 14.000.000 евра која "кралевите" ја нудат за Пандев. Во медиумите се најавува Диего, Пандев или Муту. Тоа е триото на желби во Реал Мадрид.
"Моите менаџери имаа разговори со Реал Мадрид. Знам дека ќе имаат разговори идната недела во Мадрид. Реал планира во јуни да прави нов тим со голема чистка, но с$ уште нема ништо конкретно", појаснува Пандев за понудата од Шпанија.
МИ СЕ ОСТВАРУВА НОВОГОДИШНАТА ЖЕЛБА!!!!!!
ДОАЃА ПАНДЕВ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!