Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
А шо викаш за Донован??
Нема што да викам за Донован, во подготвителните се покажа многу добро, скоро на секој натпревар даде гол а негде и два (со Мајнц)

Се е тоа џабе кога у Март ќе си оди.:(
 
M

Mario Gómez

Гостин
Може да остане,тој сака ама зависи дали Баерн ќе сакаат.тој изјави дека животна желба му било да игра за баерн ама дали глупавата управа ќе го задржи во клубот!!:vozbud::vozbud:
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Ќе видиме, пак ќе грее клупа од лето.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
И ПОКРАЈ НАЈАВИТЕ ДЕКА МАКЕДОНЕЦОТ ЌЕ ОСТАНЕ НА "ОЛИМПИКО"
Атлетико ќе го купи Горан Пандев
*Шпанците утре во Рим со 15.000.000 евра за потписот на најдобриот фудбалер на Лацио
Горан Пандев е на чекор до трансфер во Атлетико Мадрид. Најдобриот фудбалер на Лацио и на Македонија треба да биде главното засилување за тимот од "Висенте Калдерон" за настапите во Лигата на шампионите.
"Македонски спорт" од блиски извори дознава дека делегацијата на Атлетико Мадрид утре ќе пристигне во Рим на финални преговори со Лацио, Пандев и менаџерскиот тим на нашиот фудбалер.
Цифрата која клубот од Шпанија е подготвена да ја плати за потписот на Пандев изнесува 15.000.000 евра. Понудата на тимот од Мадрид е актуелна од пред 3 недели и барем засега тие се најконкретни во обидот да го купат Пандев од Лацио.
Атлетико Мадрид инсистира да го донесе Пандев во своите редови уште во овој зимски преоден рок. Овој клуб пролетва игра во 1/8 финалето од Лигата на шампионите против Порто.
Шансите за трансфер на струмичанецот во Мадрид се големи со оглед на тоа дека тој с$ уште не го продолжил договорот со Лацио, а по крајот на оваа сезона за цифра од околу 3.000.000 евра би можел да замине од "Олимпико".
Пандев - Агуеро - Форлан!!! Тоа е машината за голови која ја сонуваат луѓето и фановите на Атлетико Мадрид. Дали ќе дојде до трансфер, ќе покажат следните 2-3 дена.
До деталите за сериозноста на преговорите со Атлетико Мадрид стигнавме откако цела Европа беше бомбардирана со веста дека Пандев во јуни ќе го засили Баерн Минхен.
И. Д. Ивановски

Баерн не се дава - 18.000.000 евра
Викендов медиумите го преселија Горан Пандев во Баерн Минхен. Трета најава дека струмичанецот е пред портите на клубот од Минхен. Нагласено беше дека Баерн подготвил последна понуда до Лацио, која е тешка 18.000.000 евра. Пандев би заминал во тимот на Клинсман како замена за Подолски. Веќе видена приказна која трае со години. Така барем беше во деновите од ланскиот зимски преоден рок и во текот на летната пауза.

Дебакл од Каљари
Тежок пораз за Лацио од Каљари со 1:4 на "Олимпико". Драматичен меч на кој Лацио преку Роки и Зарате не успеа да реализира два удари од белата точка. Според прикажаното нашиот Пандев беше меѓу најдобрите во Лацио, но од сето тоа без ефект. Тој не се запиша во листата на стрелците, а имаше 2-3 шанси.

КАРЛО ПАЛАВИЧИНО
Пандев е голема фудбалска ѕвезда
Агентот на нашиот "феномен" Карло Палавачино во интеврју за едно радио во Италија, му порачал на првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито дека во своите редови има светска ѕвезда.
"Подготвени сме да ја продолжиме соработката на уште една сезона. Меѓутоа добро може да се види каков е Пандев на зелениот терен. Тврдам дека не преговараме со ниту еден клуб кој е заинтересиран за Пандев, и ќе кажам повторно, тој е многу среќен во Рим", истакна Палавичино.


Е сеа ако е будала да оди во Атлетико да се такмичи со Агуеро и Форлан,кој се во напонот на силата,или сака да дојде кај нас па од лето да биде прва виолина во Баерн.Тони ќе биде 32,Клосе 31 еден од нив ќе отпадне на клупа,односно ќе биде џокер со оглед на годините,или ќе се оди од Баерн.Олиќ е 29 и со Пандев може да бидат најдобриот балкански тандем во светот,или со Лука Тони иделна комбинација!!!
 
M

Mario Gómez

Гостин
ако не може да игра во Атлетико во Баерн нема шанси зс клинсман го форсира на Тони многу а ќе мора 2 години да е грее клупата!!
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.624
Поени од реакции
22.364
Пандев може да игра во Баерн, од Клосе барем е подобар поред мене ама тешко дека Баерн ќе го купи пошто не мз се дават толку пари. Тоа е.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
МЕДИУМИТЕ ВО ИТАЛИЈА ОТКРИВААТ НОВИ МОМЕНТИ ОКОЛУ МОЖНОСТА ЗА ТРАНСФЕР НА МАКЕДОНЕЦОТ
Баерн прати шпиони за Пандев
*Атлетико Мадрид мудро молчи, а сите медиуми се фокусирани кон понудата од Германија за најдобриот фудбалер на Лацио
Многу математика во Лацио во последните денови од зимскиот преоден рок. Клубот има финансиски проблеми и не може да ги задоволи своите потреби. Најскап и најактуелен во тимот од "Олимпико" е токму нашиот Горан Пандев. Иако клубот и менаџерите на фудбналерот упорно форсираат продолжување на соработката, сепак, реалноста е сосема поинаква.
Медиумите во Италија вчера открија. Баерн Минхен на дуелот со Каљари во неделата имал свои шпиони во Рим. Тие сигурно имале средба со менаџерите на струмичанецот, а истиот ден целиот свет беше окупиран со веста за последниот обид и понуда на Баерн Минхен, која е тешка 18.000.000 евра. Германците стравуваат и од најновата алтернатива. Атлетико Мадрид се споменува како клуб кој ќе се обиде деновиве да го купи Горан Пандев, кој веднаш би заминал за Шпанија. Баравците сакаат да чекаат до лето, а до лето не може да чека Лацио и Клаудио Лотито. Тоа е тајмингот во кој ако не потпишат нов договор со Пандев тој би заминал за ситна сума од 2-3 милиони.
Затоа деновиве ќе има многу преговарања, нервози... С$ е можно иако Пандев посакува барем до јуни да остане во небесносиниот дрес на Лацио.
А Лотито!? Нема пари да му даде плата од 1,5 милиони евра на Пандев. Му требаат 8.000.000 евра да го откупи Зарате. Веќе преговара со аргентинскиот репрезентативец Паласио, кој е најавен како замена за Пандев. Целиот проблем ќе се реши со 15.000.000 евра и сите ќе бидат среќни и задоволни. Лацио ќе остане без Пандев, но ќе ја реши финансиската контрукција додека, пак, нашиот фудбалер ќе замине во Атлетико Мадрид и со оваа екипа пролетва ќе настапува во Лигата на шампионите.
Како и да е, Пандев не може ништо да загуби. Се оди во негов прилог, а тој на секој меч во оваа сезона докажа дека е број еден во Лацио и дека ја надмина таа средина. Дојде времето за поголем клуб, за повеќе пари...
И. Д. Ивановски

Одбиени ЦСКА Москва и Зенит
"Не е за Русија....". Тоа бил одговорот на менаџерите на Пандев кон понудите од источниот пазар за услугите на Горан Пандев. Рускиот Зенит официјално имаше понуда за Пандев вредна околу 15.000.000 евра, а слична била и онаа последната од пред неколку недели од страна на ЦСКА Москва. Русите можеби ќе треба да се обидат да го добијат Пандев по 4-5 години. Сега тој и неговиот тим менаџери се насочени кон нешто поатрактивно.

Можно збогум во Џенова!?
Ако се вистините најавите дека деновиве Атлетрико Мадрид ќе го купи Горан Пандев во тој случај нашиот најдобар фудбалер веќе утре би можел да го одигра и последниот натпревар за Лацио. Римјаните гостуваат во Џенова кај Сампдорија. Веќе следниот предизвик е Милан на 1 февруари, но до тој термин ќе биде завршен преодниот рок. Што ќе се случи!?

Пандев: Нема потреба од брзање
На последните најави околу можноста за трансфер Пандев со веќе слушнат одговор:
"Сакам да останам во Лацио барем до јуни. Преговорите за нов договор се долги, но во завршна фаза. Нема потреба од брзање. Јас имам договор со клубот од 2010 година и ако Лацио сака да ме продаде тоа ќе биде нивна желба".


леле станува интересно!!!се повторува приказната од пред една година која не заврши среќно.Ваљда конечно по втор пат Баерн ќе успее!!!
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Абе нека си дојде дечкото кај нас, во Атлетико и така ќе ја грее клупата, а ваму ќе добива повеќе шанса ако не од сега од другата сезона 100%.
Зошто Тони веќе е стар и ќе мора да одстапи место.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Аууууу маста им ја извадивме на Штутгарт.3:0 на полувреме!!!!Посед на топка во корист на Баерн може беше 95%,топка не фатија овие.:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:.Рибери ко у бавча ги работи!!!Ај уште 3 у второ полувреме!!!!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Штудгард-Баерн 0-3 на полувреме...швајнштајгер , рибери и тони..ако продолжиме вака имаме реални шанси за лига на шампиони..

леле каква ќе биде таа година..ај сеа да го видеме и донован па да видеме каква замена имаме за напаѓачите!!:vozbud::vozbud::vozbud:
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Аууууу маста им ја извадивме на Штутгарт.3:0 на полувреме!!!!Посед на топка во корист на Баерн може беше 95%,топка не фатија овие.:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:.Рибери ко у бавча ги работи!!!Ај уште 3 у второ полувреме!!!!
Интересен натпревар. Браво за вас, баварците. За најстраствените фанови на Баерн Минхен, ТУКА имате live stream.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
ПЕТАРДА!!!!!!!!Поздрав до сите бавараци!!!
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Браво и честито за победата!!

Јас мислам дека на Пандев најдобро ќе му биде во Баерн Минхен.Во Атлетико има многу голема конкуренција, Агуеро, Понгол и Форлан, па со најмала повреда и пад во формата, може да ја загрее клупата.Агуеро е многу подобар од него, со Форлан се тука негде, ама овој е многу поискусен и има подолг престој во Шпанија, а знаеме дека Италијанци/играчи од Серија А тешко се снаоѓаат во Шпанија и обратно.
И дефинитивно најдобро би му било во Баерн, ако се знае дека Клосе и Тони се веќе во одминати години, а Подолски си замина.
За Олич ќе кажам, тој е одличен играч, aма веќе има 29 години и при почетокот на другата сезона ќе има 30, му давам 2 години претстој во Баерн.
Соса по се изгледа ќе ви оде у Палермо, го најавуваа како голем талент, ама во Баерн конкуренцијата е голема и не му лежи Германскиот фудбал.

Вие со голман што направивте?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.624
Поени од реакции
22.364
E gledav utakmicata, bravo za Baern, odlicna igra no Stuttgart mnogu slab bese. Sepak odlicno i moram da kazam deka Ze Roberto e masina za fudbal. Sekoja cest.

Ali i Hamburg tepa 3:1 i Olic 3 pati bese strelec taka da vo slednata godina ke bide mnogu interesno vo napadot. Klose dupka bese.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom