Баш паметно ќе биде да потпише за нас летово и да одигра уште една сезона како позајмен во Рен.
Многу ми се свиѓа политикава што ја тераат поготово од кога дојде Решке како шеф на скаутинг....
Порано имаа скроз промашена политика.Се цинкареа за топ таленти,ги испуштаа од раце кога реално можеа да се купат за релативно мали пари а после стануваа топ ѕвезди по 40-50 милиони вредни.
Сега гледам дека научиле нешто-конкретно со Коман па и Кимих може да се каже дека спаѓа тука.
У тој стил треба да продолжат...Мислам дека детево треба што побргу да го купат па макар и платиле 20,30 милиони затоа што ми делува дека е страшен потенцијал кој за брзо време може да вреди 40+ милиони.
Сооглед дека и Рибери и Робен се на залезот ни треба ваков трансфер.Мега може да искочи дечково ги има сите предиспозиции.
Во трката со Барса и Реал на врвот вакви трансфери можат да ја направат разликата у иднина.Многу е важно да се препознае топ талент и брзо да се реагира...
Затоа што во спротивно мораш да купуваш готови топ играчи а такви од типот на Нејмар,Бејл,Агуеро и слично се скоро невозможни да ги добиеш.Исто ко што они неможат да го земат Милер Лева и остали.