Абе оти никој не спомна? Швајни во понеделникот вечерта излегол на телевизија, видно расположен и дал изјава дека се чувствува многу подобро и дека болката исчезнала.

Еве извадокот од изјавата што ја има на официјалната страна:
Бастиан Швајнштајгер околу...
...неговата моментална здравствена состојба:
"Воглавно се чувствувам многу добро, болката тотално исчезна. Докторите завршија добра работа со операцијата. Сега останува да чекам додека зараснат скршените коски."
...соочувањето со секојдневните работи:
"Тешко ми е и да си ги облечам чорапите, или да си ги врзам врвките од чевлите. Возењето, или средувањето на мојата фризура, не доаѓа во предвид. За тоа е потребна и левата рака, па затоа не можам да ги правам овие работи без нечија помош."
...пропуштањето на дербито со Дортмунд:
"Ќе биде натпревар со огромно значење, и тоа што нема да бидам дел од истиот, навистина боли."
...неговата страст за кошарката:
"Фасциниран сум од тоа како високите момци успеваат да се движат толку брзо, и исто така од тоа како толку ретко се повредуваат. Навистина уживам да го гледам овој спорт."
Ме радува што Швајни и покрај тешката повреда, со својот цврст карактер остана со својот весел дух, а не потпадна под некои депресии, како што многу играчи го прават тоа. Реков јас, ќе се врати посилен од порано.
