Несакам Арсенал да биде продаден на странски инвеститор. Мое мислење е дека тоа ќе го уништи Арсенал и сето тоа за што се бореше Венгер во изминативе 12 години.
Несакам Арсенал да биде новиот Челзи, ниту во најлошиот кошмар.
Челзи менаџерите ги менува на секои 6 месеца, па види сега...
Ги менува...ама освојува титули, игра во финалиња....и така натака...Ова е нешто што за нас е условна именка во последните 2-3 години, каде не играме никаква улога во ПЛ и ЛШ и Купот....Така да...сите се сложуваат со тоа да се купи некој, а воедно тоа ке се случи ,дали тебе ти се допагало или не...Освен ако не му ги купиш на Нина акциите...
Во ждребката за 1/4 финалето на ФА Купот големите клубови се разминаа, Челзи и Манчестер Јунајтед ќе играат на гостински терен.
"Црвените ѓаволи" ќе му гостуваат на победникот од дуелот Свонси и Фулам коишто ќе преигруваат на "Крејвен Котиџ" и потоа ќе стане јасно кој ќе биде противникот на Манчестер Јунајтед.
Челзи ќе треба да му гостува на победникот од дуелот меѓу Блекбурн и Ковентри. Ковентри Сити се во предност бидејќи натпреварот ќе се преигра на "Рико Арена".
Доколку Арсенал прво го исфрли Кардиф, а потоа и Барнли ќе игра во 1/4 финалето со победникот од дуелот Хал Сити и Шефилд Јунајтед.
Во последната 1/4 финална средба еден против друг ќе се соочат Евертон против Вест Хем или Мидлзброу.
Мечовите од шестото коло на натпреварувањето за Купот на Англија ќе се играат на 7 и 8 март.
Ждребката беше извлечена од легендарниот поранешен капитен на Арсенал, Френк Меклинток и Греам Соунес.