Жилберто не размислува за одење од Арсенал
Играчот од средниот ред на Арсенал, Жилберто Силва е цел на многу познати европски клубови, но уште еднаш потврди дека нема намера да се пресели од Емирати стадионот. Во Арсенал не се трудат премногу да го продолжи договорот, но Жилберто не размислува за понудите од другите клубови.
Најзаинтересирани за него во летниот преоден рок беа Јувентус, Валенсија и Интер, кои понудија по 15 милиони евра за неговите услуги, но самиот Жилберто не прифати ниедна од нив. И покрај с$, Валенсија остана најупорна и ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да го ангажира во својот тим.
"Ме интересира исклучиво Арсенал и договорот до 2009 година што го имам со овој клуб", јасно им порача Жилберто на сите заинтересирани.
Од друга страна, раководството на Арсенал и ако одлучи да му понуди продолжување на соработката, тоа ќе биде на уште една сезона, за разлика од Валенсија, која во моментов му нуди четиригодишен договор.