Агуеро: Аргентина премногу зависи од Лео Меси
Кун Агуеро е свесен дека Лео Меси е најдобриот фудбалер на Аргентина но предупредува дека тие не смеаат целосно да се наслонуваат на ѕвездата на Барса Напаѓачот на Атлетико Мадрид исто така вели дека тој во целост го заслужул местото во селекцијата преку настапите на теренот а не поради тоа што селекторот Диего Марадона е татко на неговата сопруга. Кун Агуер предупредува дека Аргентина на мондијалот во Јужна Африка не може силно да се наслони на главната ѕвезда Лео Меси, од кој тие премногу зависат.
“Лео е многу важен играч за селекцијата. Тој со еден потег може да реши натпревар.” – рече Агуеро. “Па ние сме среќни што тој е со нас.”
“Но понекогаш правиме грешка бидејќи премногу зависиме од Меси. Потребно е да му помогнеме, бидејќи и другите играчи се исто така добри.
“Потребно е да бидеме паметни и да му му помогнеме на извонреден фудбалер како што е тој.”
За својот влез во селекцијата на Аргентина, Агуеро додаде: “Бев повикан во националниот тим многу години пред да му станам зет на Диего.”
“Секогаш го заслужував повикот со игрите на теренот и секогаш многу јасно сум велел дека во националниот тим, Марадона за мене е само тренер. Ништо повеќе.”
“Имав добра сезона со Атлетико, пристигнав тука во добра форма и се надевам дека со исто стил ќе продолжам и на Светското Првенство.”
што е премногу точно не може цело време само меси, мора другите напаѓачи да помагаат повеќе и во средина, каде според мене сме ужасни и нема кој да ги поврзе нападот и одбраната