Исто така во последно време низ медиумите проструи информацијата дека Албанската Репрезентација своите натпревари ќе ги игра на арената “Филип Втори”. Истата таа иницијатива произлегува на барање на невладината “Разбуди Се”, односно на Артан Груби, кои да потсетиме беа главни организатори и провокатори на неодамнешните случувања на Скопското Кале. Според добиените информации од ЈП за станбен и деловен простор скришум е дадено зелено светло на ова барање-провокација, па така ние како Комити ќе бидеме приморани да застанеме во ред и да ја браниме нашата чест со тоа што нема да дозволиме на нашиот стадион присуство на Албански навивачи, кои во центарот на Скопје ќе извикуваат навредливи пароли према целокупниот Македонски народ и ќе истакнуваат пишани пароли негирајќи го Македонскиот народ и неговто постоење. Овие претпоставки доаѓаат од претходните искуства кога играа Македонија и Албанија на гостински терен, кога Албанци од Македонија ги нападнаа фудбалерите на Македонија, исто така и пример од натпреварот на младинците на Македонија и Англија кој се одигра на стадионот во Чаир, на кој се навиваше против Македонската репрезентација и беше исвиркувана нашата државна химна.
Соопштение на Комити Скопје
Верувам дека сите Македонски Н.Г ќе застанат зад ова соопштение!