Oдамна е познато дека Красич има договор со Јуве. Тоа е стара вест, не се радувајте сеуште не е ништо готово. Проблемот е што ЦСКА не ја прифаќаше понудата на Јуве.
Токму така.Красич уште од почетокот се договори со Јуве,но ЦСКА побара нереално високи суми за играчот и затоа тогашните преговори пропаднаа,бидејќи ЦСКА сметаше дека ќе го продаде играчот на аукција.Но,плановите на ЦСКА пропаднаа,Красич ги одби сите понуди(Сити,Фенербахче) а во меѓувреме Јуве почна преговори со Волфсбург за Џеко,а поради новото нон-ЕУ правило Јуве не може да ги ангажира двајцата,и Јуве е јасно дека го одбра Џеко пред Красич.
Пред 10-ина минути во Торино завршила средбата помеѓу Марота и официјални лица на Волфсбург. Се претпоставува дека се разговарало за трансфер на Диего во Волфсбург и доаѓање на Џеко во Јуве. Ова се последни вести од Sky Sport 24. Се очекуваат повеќе информации покасно.
Не ми се допаѓа заминување на Диего по никоја цена...
Ако Јуве сакаше да го вметне Диего во трансферот на Џеко,веројатно уште на почетокот на преговорите Марота ќе се договореше со Волфбург за трансферот,и потоа цело време ќе го убедуваше Диего да се согласи со трансфер во Волфсбург.Многу медиуми шпекулираа дека официјалната понуда на Јуве изнесувала 30 милиони евра,но Волфсбург бараше 40,што е висока сума за играчот.
И да се договори Марота со спортскиот директор на Волфсбург Хенес за трансферот,ќе биде тешко да се убеди Диего да ја прифати понудата на Волфсбург,бидејќи на неколку пати изјави дека не сака да се враќа во Германија повеќе.