Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.960
- Поени од реакции
- 5.578
Оваа година Мело нема изиграно слабо за Бразил, на сите натпревари на Бразил играл максимално мотивирано и е полн со самодоверба. Но во Бразил игра токму на онаа позиција на која што е најдобар. Мело е класичен кршач, играч кој е задолжен да одзема топки и веднаш да се ослободува од нив. Во Јуве тој добива задача да биде организатор на средината, играч кој треба да биде креатор во средината, а Мело нема такви карактеристики.Се согласувам со fosil, во врска со Мело. Знам дека е добар играч и дека ќе ги оправда сретствата. Работава со него знајте како ми изгледа? Како некој претпоставен ќе замрази некого кој треба да го контролира и што и да направи овај да му тресни една по глава.
Агентот на Гус Хидинк изјави дека пред да се преговара со некој клуб Гус Хидинк сака да ја реши ситуацијата со Руската Репрезентација.линк
По се изгледа дека Хидинк сака да го заврши договорот со Руската репрезентација, за да може да се концентрира само на својата работа во неговата следна дестинација, или ова негирање на агентот на Хидинк е само поради тоа дека Чиро ќе седи на клупата на Јуве уште на натпреварот со Наполи во Купот. Хидинк побара од Руската репрезентација да му дозволи да води и клуб покрај репрезентацијата, и го доби потребното одобрување. Хидинк нема што повеќе да приговара со Руската Репрезентација, освен ако не сака да ја заврши соработката со нив, бидејќи долго време се најавува во Руската Фудбалска Федерација ќе биде назначен нов Претседател, а се шпекулира дека тоа може да значи дека покрај стариот Претседател ќе си оди и Гус Хидинк, а можеби Хидинк смета дека е подобро сам да си замине отколку да чека отказ.