Снајдер позади него ги има Камбијасо, Станкович и Мунтари, а пред него Ето и Милито, а сега и Пандев.
Па не би рекол дека е сам :wink:
Погледни ја километражата на Diego на секој натпревар ќе видиш кој трча најмногу, кој јаде најмногу ќотек и кој се залага најмногу во тимот (зборам за офанзивните задачи)
Влатче, и било кој тука не ме свакајте погрешно - немам ништо против Диего. Снајдер сам ги донесе Интер до победи против Удинезе, Сиена, Катанија и уште неколку утакмици каде асистирал како да е играч од друга планета. Само направив споредба, за да докажам дека 1 играч може да победи тим т.е. да донесе 3 бода.
Али батали. Не ми беше тоа целта. Разговаравме за Мело. . .
Реално и објективно гледам на работите, затоа што многу луге од тука почнаа да фрлаат дрва и камења по Мело.
Медиумите ја полнат главата со 300 глупости, а сите ние тука сме под влијание на истите.
Точно е тоа дека моментално Мело не игра добро и прави дузина грешки. Но тоа не е случај само кај Мело туку тоа е случај со повекето од половина од тимот. Што значи во тимот владее лоша хармонија. Чиро им ги измеша на сите позициите и многу нормално е тие играчи да не се пронајдат себеси во тие улоги.
Еве, нека ми каже било кој, зошто никој не му мава критика на Маркизо? Игра на позиција нестандардна за него и гледаме сите дека е арпа невидена. А објаснувањето е дека лошата игра на Маркизо е резлутат на неговата неприродна позиција. Факт. Крај.
Ист е случајо и со Мело. И тој игра на позиција нестандардна за него, па не ми ни чудно зошто не го бидува. И Диего игра како втор напаѓач па не чини. Тоа е нормално.
Прандели излезе 2 пати во јавноста и кажа дека перформансите на Мело се резултат на неговата неприродна позиција каде што игра. Прандели тоа го кажа во 2 наврата, а истото го кажа и Дунга и плус надополнувајки се со името на Диего.
Fast Forward: Сакам да кажам дека Мело не е лош играч. Моментално никој во тимот не игра како што треба. Кога ке дојде новиот тренер и кога секој ке игра на позицијата што ја играл со години наназад тогаш ке видиме кој навистина чини, а кој е за фрлање
Мело не заборавил да игра фудбал, се кладам. Минатото лето на купот на Конфедерациите САМ во џеп ги стави Пирло и Де Роси. Да, ги стави, ама ги стави затоа што му беше дадена задача да ги затвори и да дава кратки пасови, во нога.
Не заборавил да игра, верувајте само му треба некој да го среди:smir: