Се сложувам. Во случајот со Трезеге, Раниери беше во право. Првата сезона кога Раниери дојде во Јуве, Трезеге беше во играчите со најмногу минути поминати на терен, а можеби беше и прв на таа листа. Втората сезона со Раниери, Трезеге на почетокот на сезоната замина на операција на колената, и отсуствуваше повеќе од 6месеци, и се врати кратко пред натпреварот кој беше најзначаен во таа сезона, возвратниот натпревар со Челзи, кој натпревар беше од огромно значење бидејќи од тоа зависеше понатамошниот пласман на Јуве во ЛШ. Токму на тој натпревар, Трезеге доби шанса и тоа 80минути, и на крајот се побуни зошто бил изваен последните 10. Да беше некој друг тренер, по толкава пауза претходно, немаше ниту да го стави во игра а камоли да му даде шанса од 80 минути на најважниот натпревар. Трезеге напротив треба да биде благодарен што по толкава пауза, Раниери го седнува на клупа Амаури, и му дава нему шанса, а не да се буни зошто бил изваен од игра 10 минути од натпреварот.