Па пола скандали кои на крајот се докажале започнале преку медиумите, последен таков случај е баш со Берлускони а муабетов за медиумиве почна по она моето, дека има медиуми во Италија кои доколку имале некакви сознанија против Морати и Интер за наводно местење на Јувентус, веднаш ке реагирале без никаков пардон и поставив прашање, зашто истите молчат ?!
Ти на тоа ми го одговори она погоре што е цитирано од моја страна на што јас ти реков дека сепак има медиуми кои немаат никаква врска со таа медиумска контрола .
Затоа, 21 век сме, ете гледам имаш некои сознанија, исконтактирај со англичанецот или заедно со јувебалкан пратете мејл до Тутоспорт, убаво исфромулиран, и они ке имаат материјал со кој ке започнат истрага, иако, логично е да се размислува дека вие во споредба со она што го знаат Тутоспорт, Елкан и компанија, не знаете ништо, т.е., запознаени сте со 20% од целиот проблем .
Не е можно весник како Тутоспорт, луѓе кои се внуци на Ањели, да молчат во врска со овој проблем, а бидејќи Се се случува со причина и ништо не е случајно, постави си го прашањето зашто вакви моќници уз еден медиум не превземаат ништо .
Се си има свое јас, верувај, ти веруваш во едно сценарио, она на Моџи, ја верувам во друго, она кое ке ја отвори Пандора доколку се продолжи со истиов спор. А чим нит Тутоспорт не начнува муабет, чим Елкан и co.молчат, тогаш бар мене некои работи ми се јасни, а не ми се јасни оние кои упорно се крстат во Моџи а плукаат по наследниците на Ањели, поставени лично од него .