Се надевам нема да го уништи Џовинко , а и играта е добра бидејќи тимот има самодоверба , а не дека Раниери направил нешто магично
Прво, Честита победа над Џенова..Второ, Пинтуричио, не се сложувам со тебе... Кога не играше Јувентус убаво, и кога редеше неславни резултати сите плукавте врз Раниери, ваков е, таков е, да си оди, а сега не направил нешто магично?? Што требаше?Да влезе и тој гол да даде?Да бидеме реални, мислам дека Ел Команданте Раниери има и тоа каква огромна заслуга за оваа супер победничка серија на Црно-Белите, и мислам дека заслужи да му честитаат сите што плукаа врз него.. Тимот има самодоверба точно, а кога ја немаше го обвинувавте Раниери, сега кога ја има тимот самодовербата и тоа во огромни количини, Раниери не е заслужен за неа, некако не ми е логички.. Во феноменална форма се играчите, па дури и Молинаро имаше шанса за гол, добро изреагира но ете, се најде таму играч на Џенова да ја извади од гол..Повеќе среќа нареден пат:pos2:За другите сите изиграа одлично....
Честитки за победата,вака како што сви тргнале све испопобедивте.
Што има сторено Раниери, играчиве даваат 100% од себе еве 4-1
Думан, ете оваа е коректна честитка, без провокации :helou: