Фамилијата Марковски

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Да не има некој линк од денешната епизода?
Утре ќе ја има на јутјуб во HD без лого и реклами. Стрпи се причекај.

Серијата интересна и интересно што има млади ликови. Содржината интересна но рано е за ваков тип серија да се коментира содржински дали ми е добра, оставам да помине бар уште некоја од епизодите.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Иако не очекував и На терапија и Семејството Марковски навистина се добри. Семејството Марковски можда мене за нијанса повеќе ми се допаѓа од причина што се прикажува автентично македонско семејство, соседство, состојба во државата и општеството и слично. За актерската екипа и продукцијата засега немам замерки. Единствено би сакал да констатирам дека серијата е наменски критички настроена оти е финансирана од УСАИД исто како Преспав за да влијае на подобрување на состојбите. Малку е жално да чекаме пари за серии и тоа доаѓа некако како нарачана серија. Во секој случај засега 5*****
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Ја изгледав првата епизода, имаше некои кринџ моменти али у глобала сосема солидно. (y)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Прва епизода во HD без реклами без логото на Канал 5
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Само проскролав, во Орце ја снимале дел. :) Иначе стандард македонска серија, ко да се реплицира Салон Хармони од 96 - 97, со тоа што таму имаше и хумор или ја сум бил помал па ми била интересна. Забелешка, ко да не е доволно у Фиром што живееш па и животот на серија треба да си го глеаш, иначе имало и полошо у смисол на серии.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И мене ми беше ептен лошо, али ајде, нек се радуваат средношколциве што ги има во серија.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Издржав 25 минути. Најлош дел, средношколецот со она телефонот. Абе од рака не го пушти. Па лигушот ја снима професорката. :D

Не ми треба потсетување кај живеам. Ова е ко да гледаш креативни вести на ТВ.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Издржав 25 минути. Најлош дел, средношколецот со она телефонот. Абе од рака не го пушти. Па лигушот ја снима професорката. :D

Не ми треба потсетување кај живеам. Ова е ко да гледаш креативни вести на ТВ.
У некој од наредни епизоди професорот јако ќе му свикне кога ќе снима на сред час. Видов таа сцена ја има во трејлерот каде професор глуми Зоран Љутков.и му вика ГАСИ КАМЕРАТА ЌЕ ДОБИЕШ УКОР.

Мене ми се допаѓа што се опфатени реалните проблеми во државава и проблемите со кој се соочуваме во животот.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
И сега ќе испадне Коцев дека ги брка од зградата, па оваа бриченава ќе има тука морални дилеми, па ќе се приклучи на шарена револуција, овој влогеров ќе ја ќари таа шмизлата, татково ќе си има проблеми со револуционеркава и сето тоа проследено со премногу кринџи моменти. :drk::drk::drk:
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.170
Интересна серија.
Би била одлична доколку и слеп немаше да види дека е спинзорирана од шарените. Волку шарена пропаганда нема ни во Преспав.

Незнам зошто мора волку да се меша политикава ве се и сешто.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Зошто толку политика? Зошто толку напнување против одредена партија? Сериата можеби има потенцијал ама со олку политичко сценарио нема далеку да истурка. Плус има изрази кој незнам дали некој ги користи не ми се допаѓа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom