Мореее, ме нема 2-3 дена и Љубе збеснал овде…
Добро, бидејќи гледам дека си упорен (па си се дрзнал да ме пратиш на "сликање", бре, бре...) најпрвин, пред да прејдам на твојата "аргументација" мислам дека има потреба да разјасниме нешто меѓу нас, а и за другите што не читаат овде.
1. Мојот мотив да истражувам и пишувам на оваа тема е следниов:
Филип Втори Македонски (сакал ти тоа или не) е една од најголемите личности во македонската историја, и на мене ми е многу важно да ја дознаам вистината за тоа дали т.н. "гроб-2" од неколкуте гробници кај Кутлеш (Вергина) и златниот ларнакс во првата просторија ги содржат коските на таткото на Александар Трети Македонски (Голем-Велики) или не. Важно ми е од историски, од археолошки, од уметнички, од цивилизациски ако сакаш аспект, ама пред се од аспект на МАКЕДОНЕЦ од МАКЕДОНИЈА.
2. Кој е твојот мотив?
Еве јас ќе одговорам, па ако грешам поправи ме.
Ти сам, или некој друг (заради политички цели од кои ти лично нема да имаш никаков ќар) ти има набиено во главчето агенда на "борец против т.н. антиквизација" и заради тоа овде си дојден да бараш теми во кои се третира историјата на древна Македонија и без аргументи (а богами и без памет) опонираш на се и сешто со цел да ја истераш таа смешна дневно-политичка кампања против сегашнава влада која нема никаква врска со историја. Со предрасуди и дневно-политичка моронштина не се третира и коментира историја во светот Љубенце. Тоа може да ти донесе поени само кај твојот "лидер", којшто заедно со тебе и ЉуБчо (неговиот ментор) по дома си го слави Ванчета Михајлов, а од друга страна е спремен да му седне во скут на Бране, само да се докопа до некое државно местенце. А ти, ако тоа негово сонче некогаш (не дај боже) му се оствари ќе завршиш како употребен куртон, и ќе си останеш со прстето во уста, прашувајќи се за кого тоа си гинел вака храбро по форуми.
За жалење е констатацијата што не си ни прв а по се изгледа нема да бидеш ни последен празноглав тип што "во името на организацијата и за лидерот" е спремен да се пресмета со било кој свој брат Македонец (ако си ти воопшто Македонец?). Разликата е во тоа што некои од нив пред и самите да бидат убиени сватија какви злостори против својот народ направиле, па си умреа како покајници.
Значи да резимираме.
Муабетот е дали коските во гробот-2 се на Филип Втори Македонски или не?
Сепак која и да е вистината и точниот одговор нема да ја промени одделноста на древните Македонци од Хелените што е признат и потврден факт, и оваа тема иако има некакви импликации (од денешен аспект) кон ова прашање, всушност не е отворена заради тоа, мислам пред се во научната сфера. Велам од "денешен аспект" заради фактот што од "откритието" нема поминато ни 33 години а дебатата во највисоките научни кругови токму околу ИДЕНТИФИКАЦИЈАТА на погребаните не стивнува.
Да имаше некој непобитен артефакт за "грчкиот карактер" на Филип во гробницата тоа твоите омилени грчиња одамна ќе го раструбеа на долго и на широко, арно ама не само што нема, туку никој точно не знае ни што точно имало во гробницата (како што имплицитно ти потврдува и Хацопулос во неговиот напис што си го постирал, ама за тоа подолу).
Е сега да поминеме на последниот документ што си го постирал и преку кој се надеваш да "победиш" во дебатава.
Прво да ти објаснам неколку рабоќе за авторот.
Во истата книга каде е објавена оваа капитална студија на професорот Ернст Бадиан (ќе ти речев "прочитај ја внимателно за да ти се разјаснат работите помеѓу Македонците и Грците", ама како што ќе те раскринкам подолу веќе ми е јасно дека ти не само што немаш основни познавања за древната историја на Македонија, туку си немаш поим ни од Англискиот јазик, ниту пак ги читаш работите што самиот ги постираш а камоли туѓите, и затоа си едно гревче за жалење):
http://www.scribd.com/doc/30954415/Greeks-and-Macedonians
Значи во истата книга статија има поднесено и твојов "авторитет" Милтијадес Хацопулос. Па во забелешките си го запишал и ова: "I should like to thank professor E. Badian for reading and improving this article while I was his guest at Princeton for a few days. He is not, of course, responsible for the opinions expressed."
Треба превод..?
Ова за да ти биде појасно кој е газда а кој чирак во однос на експертиза за прашањава што те мачат.
Е, арно ама (пошто е твоја сорта) Хацопулос низ годиниве без усул си пласира про-грчка пропаганда кај ќе стигне. И воопшто не ме чуди што си го нашол за "одбрана", и тоа пази добро - на сајт каде се води хистерична анти-македонска пропаганда. Што мајка си барал таму ти, сам господ ќе знае… да не ќе е заради твојот "мотив" што го опишав погоре..?
Па така во 1994 год. (хмм… зошто ли баш во 1994 год..?!? одговори си сам) Хацопулос е еден од ко-авторите (заедно со тко-би-други ако не = Манолис Андроникос -постхумно пошто цркна во 1992) на едно луксузно Грчко-Француско книжевно издание наречено: "Macedonia from Philip II to the Roman Conquest"
Во него има одлични фотографии во боја на многу предмети и археолошки наоди од древна Македонија и се разбира фина пропагандичка за наводниот "грчки карактер" на Македонија. А, за тоа од ко-авторите е најзаслужен..? тко-би-други ако не = Хацопулос.
Е арно ама, таквите зло-дела ги читаат и сериозните истражувачи и историчари и се должни да прават рецензии за истите. Еве една рецензија за книжурево од Девин:
Превод на потцртаното:
1. "Ова е една супериорна книга-за-на-кафе-маса, т.е. за на масичка во дневна соба"
Definition of a Coffee Table Book:
http://www.ehow.com/about_5036135_definition-coffee-table-book.html
Largely an interactive decorative item, the coffee table book is usually an oversize book people keep on the coffee table in their home to entertain guests or alleviate boredom. Coffee table books are often about art, nature, photography or any subject matter that lends itself to large photos or illustrations.
"Во голема мера интерактивен, декоративен предмет, книгата за на кафе-масичка е вообичаено книга со голем формат што луѓето ја чуваат на нивната кафе-масичка (најчесто до тросед или фотеља) во нивниот дом за да ги забавуваат гостите или да се оттргнат од досада. Таквите книги се најчесто за уметност, природа, фотографија, или било која тематика што оди добро со големи фотографии или илустрации."
2. "Одредена мера на ТЕНДЕНЦИЈА е очевидна. Хацопулос е на мака да го потенцира "Грцизмот" на древните (претците) Македонци.
Значи книгава за сериозните историчари е едно памфлетче со убави и големи слики, што може да служи за "семејна забава кога доаѓаат гости", и во неа има јасна ТЕНДЕНЦИЈА за по-грчување на древните Македонци.
Сега појасно ли е каков "научник" е Хацопулос..?!?