Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
3 октомври 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали може да се префрлам во друга група, како одат работите знае некој?
 
Член од
1 април 2017
Мислења
282
Поени од реакции
43
473A650B-27D8-4D30-9E4C-6168E20FF879.jpeg
Што мислите ок се професориве?
Да знам дали со време да пуштам молба за промена со друг.
 
Член од
23 септември 2018
Мислења
34
Поени од реакции
37
Мислење за Владимир Трајковиќ по АПС ,Соња Филипоска по Компјутерски Мрежи?
Соња е ептен добра, by far една од најдобрите професори на факултетов, објаснува визуелно со интересни примери, no time to waste професорка. Ако нешто ти е нејасно комотно на консултации се' објаснува, така и го положив предметот уствари.
 
Член од
3 октомври 2019
Мислења
8
Поени од реакции
16
Прегледај го приврзокот 218819
Што мислите ок се професориве?
Да знам дали со време да пуштам молба за промена со друг.
Колега го читам форумов и искрено сметам дека колегите премногу се замаарат со тоа кој ќе им биде професор по предметите, наместо да прашуваат како најлесно да го совладаат материјалот. Најчесто колегите на кои потешко им оди факултетот се опседнуваат со тоа да сменат професор и на крај не ни одат на предавања и вежби, ама битно сменет им е. Јас ги имам положено сите предмети во рок и можам да кажам дека ако не научиш ти како што треба кој и да ти предава исто ти е. Точно е дека сите имаат различен начин на предавање и објаснување, но не верувам дека некој нема да ти го предаде материјалот како шо треба и дека ти колку и да си сконцентриран нема ништо да разбереш. Тоа е само коментар од колегите кои ги мрзи да учат и си наоѓаат изговори.

Најдобрите колеги од генерацијата никогаш не се замарале со тоа да сменат професор зашто демек кај тој што им се паднал ништо нема да научат. Мој најпријателски совет ти е да се распрашаш како да го совладаш побрзо материјалот, а не да се замараш да смениш некој професор, па потоа дали ти се поклопуваат предметите и слично. Секогаш, за едни колеги некој професор добро ќе објаснува, за други друг. Најдобро ти е, ако не разбереш нешто на часот да прашаш на консултации или да побараш помош од колеги кои веќе поминале низ тоа и ќе ти објаснат. Некои професори кои малку побрзо го објаснуваат материјалот на час, не значи дека ако отидеш на консултации нема да ти објаснат полека.

Сум имал и ситуации каде што професорите запамтиле дека сум одел на предавања и потоа многу поразлично пристапиле кон мене кога се работи за добивање на повисока оценка или за дополагање на некој дел/изработка на проект и сл. Што значи дека и кај кој и да одиш на предавања ако си редовен и ако следиш што предава ќе имаш некаков бонус.

На крајот на денот, форумот е корисна работа и според мене на сите им советувам да успеат да извлечат повеќе информации за тоа како е најдобро да научат и да го совладаат материјалот, а не кој како предава и дали да сменам професор/асистент. Уште не отидени на предавања или отидени на еден час првата недела сите да прашуваат кај кого да одам, а не од кај да почнам да учам :D

Се надевам дека ова ќе го применат помладите колеги и ќе се фатат за работа, ама таа правата:D

Студентски поздрав:D
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069

Џабе, ова тренд станува. Што се вика ние до 3та година не ни знаевме дека сме имале опција да смениме професор. Многу главата им се полни со коментарите на фејсбук од постарите колеги.
 
Член од
23 септември 2018
Мислења
34
Поени од реакции
37
Здраво дечки, ако може некој малку да ми помогне со ова, збунет сум.

Новиот семестар сè уште не ми е запишан и летниот не ми е заверен ( на 21.10 треба да доставам документи ),
па ме буни зошто за новиот ми пишува дека е валиден а за претходниот невалиден. Дали е некоја грешка во iknow или јас нешто не сум доставил како што треба? Благодарам.

smestri.PNG
 
Прегледај го приврзокот 218860
Нема врска тоа, сум одел во студентска служба за истата причина. Нема никаков проблем, ако тебе лично ти смета оди кажи им да сменат. Документите чим ти се исправни си немаш гајле :)
 
Член од
23 септември 2018
Мислења
34
Поени од реакции
37
Нема врска тоа, сум одел во студентска служба за истата причина. Нема никаков проблем, ако тебе лично ти смета оди кажи им да сменат. Документите чим ти се исправни си немаш гајле :)
[UPDATE]
Сега бев до студентски прашања ми кажаа дека сè е океј. Сè е океј доколку е штиклирано во зелена боја.
Други колеги доколку го имате овој проблем да знаете дека е ништо страшно :)

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
29 март 2019
Мислења
19
Поени од реакции
1
Kolegi da prasam dokolu primer Strukturno programiranje sum propustil predavanjeto na mojata grupa ili ne sum go razbral dobro dali mozam da odam na predavanjeto od drugata grupa
 
Член од
17 септември 2012
Мислења
896
Поени од реакции
515
Kolegi da prasam dokolu primer Strukturno programiranje sum propustil predavanjeto na mojata grupa ili ne sum go razbral dobro dali mozam da odam na predavanjeto od drugata grupa
Можеш да одиш на предавања кај друг професор ако не ти се свиѓа начинот на кој предава, освен ако е задолжително присуство за потпис (што е многу ретко на ФИНКИ)
 
Член од
22 август 2019
Мислења
4
Поени од реакции
1
Потребно ми е мислење за професорите на Финки од постарите колеги.
Доколку некој уште ги чува лабораториските испитни колоквиумските од овие предметни доколку може/сака да ги прати. Screenshot from 2019-10-06 00-34-10.png
 
Член од
1 април 2017
Мислења
282
Поени од реакции
43
Потребно ми е мислење за професорите на Финки од постарите колеги.
Доколку некој уште ги чува лабораториските испитни колоквиумските од овие предметни доколку може/сака да ги прати. Прегледај го приврзокот 219016
Професорите ти се топ,едино Миле :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom