Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
2 февруари 2021
Мислења
13
Поени од реакции
6
Здраво, сакам да прашам, дали факултетов станува полесен, ако изгураме прва година, слушав муабети дека следните семестри биле полесни ако се помине добро на првиве, на смер софверско инженерство сум.
 
Член од
2 декември 2019
Мислења
60
Поени од реакции
44
Не знам од каде да почнам, се осеќам како да сум во безизлезна ситуација, веројатност и статистика ми е последен предмет и не можам никако да го положам.

Многу се исфрустрирав периодов, некој да понуди каква било помош, надеж, би му го запамтил за цел живот и би му вратил со голема добрина.
 
Член од
24 октомври 2019
Мислења
104
Поени од реакции
34

Би се нафатил да препишеш?
 
Член од
2 декември 2019
Мислења
60
Поени од реакции
44
Би се нафатил да препишеш?
Па не би ризикувал со оглед на тоа што е последен испит па не можам да ризикувам се досега, од друга страна и да препишувам како? Треба некој што знае во секое време да реши за положување да биде до мене.

Сум пробал со приватни часови ми читаа решени задачи џабе фрлав пари. Некоја техника како да се научи освен да се решат цели збирки задачи, ако нема друг начин тоа е за година-две ќе научам веројатно.
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121

Префрли се на ПЕТ.
 
Член од
10 јуни 2017
Мислења
15
Поени од реакции
0
Здраво дечки, моето прашање е дали може да се запише дипломска со молба, зошто некои оценки се уште не се ставени и не го исполнувам условот од 204 кредити.
Thanks
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Не знам од каде да почнам, се осеќам како да сум во безизлезна ситуација, веројатност и статистика ми е последен предмет и не можам никако да го положам.

Многу се исфрустрирав периодов, некој да понуди каква било помош, надеж, би му го запамтил за цел живот и би му вратил со голема добрина.
Префрли се на ПЕТ.
Една забелешка само.
Тоа ќе значи да ги полага сите задолжителни предмети на ПЕТ што ги нема полагано како изборни.
 
Член од
2 декември 2019
Мислења
60
Поени од реакции
44
Една забелешка само.
Тоа ќе значи да ги полага сите задолжителни предмети на ПЕТ што ги нема полагано како изборни.
Тоа е најголемиот проблем, знам дека навлегов во големи лајна и сега тешко излез, си потрошил 8 години и знаеш дека ако сменам сега уште 2 минимум ќе ме најдат, мава на психа.

Мислев дека ќе можам да положам како што положив се останато ама изгледа се излажав, едноставно немам доволно капацитет само ми е криво кој се не стана инженер по компјутерски науки и инженерство периодов.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
25
Поени од реакции
7

Оди во групата за вис на фб, сега скоро имаше некој поставено збирка задачи решени. Изреши ги сите, ако треба и по 5 пати. Напиши ги сите формули по теми на лист и пробај да разбереш убаво зошто се токму тие за некоја задача.
Според мене материјалот за статистика е полесен, би требало полесно да ги разбереш тие области ако си како мене.
Барај материјали на англиски и српски, има многу видеа на јутуб.
Комуницирај со професорите и асистентите на консултации, тие можат многу да ти помогнат на што да се фокусираш.
Не препишувај во ниеден случај, ќе си ја запечатиш судбината ако те фатат.
 
Член од
12 септември 2020
Мислења
6
Поени од реакции
5
Здраво, би сакала да ве прашам за мислење околу изборни предмети за втор семестар, кој е најлесен за положување, начин на полагање и сл.
 
Член од
6 октомври 2019
Мислења
38
Поени од реакции
62
Не знам од каде да почнам, се осеќам како да сум во безизлезна ситуација, веројатност и статистика ми е последен предмет и не можам никако да го положам.

Многу се исфрустрирав периодов, некој да понуди каква било помош, надеж, би му го запамтил за цел живот и би му вратил со голема добрина.
Ниедна ситуација не е безизлезна и ниеден предмет не е неположлив. Веројатно само имаш одбивност кон предметот и прв чекор треба да ти биде да поработиш на тоа и да сфатиш дека ако толку луѓе го положиле тогаш сигурно можеш и ти! Предметот е специфичен и обемен знам, ама тоа што ти е последен предмет ти дава простор целосно да му се посветиш. Не знам кај кој си одел на часови, јас одев кај Горан и задоволна сум. Клучно за положување на предметот е убаво да ја научиш т.е разбереш теоријата и тогаш многу полесно ќе ти одат задачите. Прво решавај од аудиториските, после решавај од испитни и колоквиумски. Би било добро ако најдеш и решенија на задачите (има во групата само ќе треба да побараш убаво и да ги средиш) и да не заглавуваш многу и да се нервираш ако нешто не знаеш, да видиш како се решава. Фокусирај се на задачите кои знаеш дека сигурно ќе се паднат: вектор, тестирање хипотези... Треба многу вежбање ама не е невозможно, само верувај во себе и тргни ги мислите од типот на немам капацитет за предметот. Со среќа :)
Автоматски споено мислење:

Здраво, сакам да прашам, дали факултетов станува полесен, ако изгураме прва година, слушав муабети дека следните семестри биле полесни ако се помине добро на првиве, на смер софверско инженерство сум.
Искрено и јас се надевав на тоа, ама за жал мислам дека не станува факултетот полесен во однос на материјал него ние се навикнуваме на него и стекнуваме рутина. Ама веројатно зависи и на кој смер си, јас лично за КН можам да кажам дека не е полесно. :place: Можеш да си го олесниш малку со паметно бирање на изборни предмети.
Автоматски споено мислење:

Ако некој не е во групите на фб или нема видено, ви го споделувам Предметникот во кој колегите пишуваат предмети за кои ги интересира мислење и други колеги им пишуваат позитивни и негативни работи за предметите. Мислам дека ќе ни биде од корист на сите при изборот на предмети :)
 
Последно уредено:
Член од
3 февруари 2021
Мислења
19
Поени од реакции
2
Здраво. Јас сум 4-та година и размислувам да се запишам на Финки на СИИС. Ме интересира дали е потребно да имам предзнаења од програмирање или се почнува од нула па ќе можам да се снајдам? (Математика знам супер, ама информатика и програмски јазици во средно не работиме скоро ништо)
 
Предзнаења секогаш се добредојдени ама не се неопходни бидејќи се почнува се од нула, битно е само да вежбаш и решаваш задачи редовно и секако да те интересира програмирање. И јас немав предзнаења од средно и ми беше потешко во однос на другите колеги кои имаат основа од средно ама не е страшно, ќе се снајдеш. :)
 
Член од
23 септември 2018
Мислења
34
Поени од реакции
37
Здраво дечки, моето прашање е дали може да се запише дипломска со молба, зошто некои оценки се уште не се ставени и не го исполнувам условот од 204 кредити.
Thanks
И јас тоа се прашував али ова го најдов на страната https://www.finki.ukim.mk/mk/studies/procedura-diplomska-rabota

146309101_3185369618231363_5450927051001078885_n.png
Тоа со кредитите пишува 200 за пријавување на дипломската а не за запишување
 
Kajgana Shop

На врв Bottom