Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
17 јули 2014
Мислења
67
Поени од реакции
41
Која е разликата помеѓу КНИ и ИКИ? Кој е подобар?
ИКИ е студиска насока која постои од 2005 на ФЕИТ. Кога во 2010 се создаде ФИНКИ, ИКИ и ИНФО заедно со институтот ИКТИ(еден од двата инститиути што се споија и го создадоа ФИНКИ) и целиот кадар што раководеше со институтот и студиските програми преминаа на ФИНКИ. Во 2013 ИКИ и останатите смерови беа реформирани по нова програма. КНИ пак е насока која постои од 2011 со почнувањето со работа на ФИНКИ и е смер кој е создаден од ФИНКИ ( не е пренесен како ИКИ, ИНФО, АСИ и тн). За тоа кој е подобар е тешко да се каже но дефинитивно двата смерови се водечките на ФИНКИ и во исто време најтешките. КНИ важи за целосно софтверски смер во кој најголем акцент е ставено на програмирањето, додека ИКИ има поширока теориска и инженерска основа, односно покрај програмирањето од софтверскиот дел има застапено и мобилни апликации, компјутерска графија, напредни кориснички интерфејси, оперативни системи итн. Покрај тоа насоката ИКИ зафаќа еден помал дел од физичката работа на компјутерот и градбата на компјутерските системи, дигитална електроника, логички кола, телекомуникации и пренос на податоци...со еден збор има малце и од хардверскиот дел што според мене е многу добро за подобро разбирање а компјутерските науки. Тоа е бидејќи сепак ИКИ предходно бил на феит и тоа се како еден вид остатоци од електротехника/ електроника/ дигитални системи... Значи да се резимира, КНИ е по специјализиран и понасочен исклучиво програмерски смер, а ИКИ е смер во кој целосно се изучува компјутерското инженерство, малку по општ и по инженерски смер.[DOUBLEPOST=1439047060][/DOUBLEPOST]
Не е прашањево за овде но гледам е активна групава.
Ме интересира дали со 6000-7000 денари се поминува Скопје месечно ?
(студентски дом)
Па еве од лично искуство ти кажувам, ако не се расфрлаш премногу со пари, но во исто време и да не кратиш премногу на оние работи кои ти се неопходни и потребни, месечно се поминува со околу 7 - 7500 денари. Студентскиот дом е околу 3 до 3500 денари (варира цената во зависност од студентскиот дом и бројот на студенти во соба), месечна карта со ЈСП е 1000 денари ( ако ти е одалечен факултетот), ти требаат најмалце 1000 денари за храна бидејќи не секогаш ќе можеш да јадеш во менза во студентскиот дом ( има денови во кои по 8-9 саати си на факултет)...По некои предмети ти треба книга, скрипта или да копираш нешто ии секогаш требе да се има во предвид дека многу често може да се појават непредвидени трошоци...
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.064
Поени од реакции
7.150
Најдобар е, додека колегите од другите смерови се мачат со математиките ние ќе си дизајнираме веб странички. :D
 
Член од
10 август 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, некој да предложи добар професор по Калк 1 за вежбање испитни задачи?
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.034
Поени од реакции
3.615
Еве едно мислење од мене до сите кои планираат да се запишат на ФИНКИ, посебно за оние кои се уште размислуваат, а останаа само уште 3 дена до првиот уписен рок.

Прво, не се залетувајте доколку не сте спремни и одлучни да вложите 95% од своето време за факултетов. Што подразбира тоа?
- Сите мои колеги знаат за што станува збор, но сигурен сум дека не очекувале да биде како што навистина е. Значи ова важи за вас, идните бруцоши (студенти во прва година), заборавете на средно, заборавете како функционираше тој систем, за 3 дена вие се запишувате на ФИНКИ, не на факултет, буквално не на обичен факултет туку на ФИНКИ. Што е разликата?
- На 80% факултите, зборувам конкретно за тие што не се технички, ќе има да учите теорија, но она што ќе го научите, без разлика за колку време, истото ќе имате шанса следниот ден на испит/колоквиум да го напишите. На ФИНКИ тоа не е случај, или веќе ако е, многу ретко... не велам дека е невозможно тешко, сакам да ви кажам дека мала несериозност може да ве чини многу. Секогаш на колоквиум има задачи кои си немаат благе везе со аудиториски, тие секогаш ќе ги лоцираат после тоа од каде ги дале, но станува збор за некои комбинации од задачи, претежно треба да знаеш 100% за една преодна 6ка... другото што е плус си е башка муабет.
Доколку се сретнувате прв пат со програмирање на факултет, ви препорачувам да си направите некоја малечка основа пред да почнете со студиската програма, имате еден месец, веројатно е доволно. Материјалот ќе оди многу брзо, а како за студент што се среќава прв пат со програмирање, едноставно е препребрзо. Еве ви линк до материјалите (предавања и аудиториски вежби од структурно програмирање).
За смер не знам што да ви препорачам, сигурно дека КНИ и ИКИ се најдобрите, а за цена на тоа и најтешките. Доколку сакате да поминете полесно, а особено ако си имате проблем со математика и немате јака основа од средно, одете на ПЕТ, одбегнете ги Калкулус1 и Калкулус2 бидејќи во тој случај кога тогаш ќе барате смена на смер и на крајот ќе дојдете на истово што го пишам.
Стварно не знам каков совет да дам, освен да ви кажам дека се фаќате на тешко оро, а за да си ја олесните работата, дајте максимум на она што зависи од вас, во превод учете и факултетот нека ви биде ама баш на прво место, барем овие 4 години, на кој му треба повеќе и повеќе, битно да се заврши...

Ако ве интересира нешто поконкретно, слободно прашајте пошо од септември натака може да е касно и да нема назад. :D
 
D

DAoliHVAR

Гостин
Еве едно мислење од мене до сите кои планираат да се запишат на ФИНКИ, посебно за оние кои се уште размислуваат, а останаа само уште 3 дена до првиот уписен рок.



Ако ве интересира нешто поконкретно, слободно прашајте пошо од септември натака може да е касно и да нема назад. :D
еве тебе ќе те прашам тоа што прашав порано ама изглеа не ми го видоа постот
ја како што прерачунав имам 83-84 бода
мислам меѓу кни и ики, а исто така би преферирал да бидам у државна квота
проблемот ми е што реално незнам што е разликата меѓу двете.
Ги глеав предметите и знам дека се различни ама проблемот ми е што незнам што добивам со едното а што со другото.
исто и за другите смерови.

до сега сум програмирал, и го сакам тоа, исто и математика. ама со тоа ми изгледа како да можам кој било смер да го изберам.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.034
Поени од реакции
3.615
еве тебе ќе те прашам тоа што прашав порано ама изглеа не ми го видоа постот
ја како што прерачунав имам 83-84 бода
мислам меѓу кни и ики.
проблемот ми е што реално незнам што е разликата меѓу двете.
Ги глеав предметите и знам дека се различни ама проблемот ми е што незнам што добивам со едното а што со другото.
исто и за другите смерови.

до сега сум програмирал, и го сакам тоа, исто и математика. ама со тоа ми изгледа како да можам кој било смер да го изберам.
Аку повеќе те влече прогамирање, подобро КНИ бидејќи е поспецијализиран за програмирање отколку ИКИ. Можеби ИКИ е за малку потежок, меѓутоа е релативно тоа, зависи кој како ќе ги сфаќа материјалите.
Околу поените, не знам дали ти е целта исклучиво државна квота. Лани во државна на КНИ влезе последниот (160 ранг) со 87 поени, а последниот во приватна (вкупно 240 на ранг од КНИ), тој околу 70 мислам дека имаше. Годинава гледам дека КНИ е проширен за 20 места и ќе прима 160 државна, 100 приватна бидејќи минатата година околу 30-40 немаа можност да студираат на КНИ поради недоволно поени, а сепак претходно беше пополнета квотата од вкупно 240 студенти (државна + приватна квота на КНИ).
 
Член од
17 јули 2014
Мислења
67
Поени од реакции
41
еве тебе ќе те прашам тоа што прашав порано ама изглеа не ми го видоа постот
ја како што прерачунав имам 83-84 бода
мислам меѓу кни и ики, а исто така би преферирал да бидам у државна квота
проблемот ми е што реално незнам што е разликата меѓу двете.
Ги глеав предметите и знам дека се различни ама проблемот ми е што незнам што добивам со едното а што со другото.
исто и за другите смерови.

до сега сум програмирал, и го сакам тоа, исто и математика. ама со тоа ми изгледа како да можам кој било смер да го изберам.
Врати се на предходната страница, друг исто така е во дилема помеѓу ИКИ и КНИ, имам одговорено поопширно и за двата смерови, тежината, и разликите помеѓу нив...
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.064
Поени од реакции
7.150
Веќе реков дека планирам да се запишам на ПЕТ, но имам едно прашање. Бидејќи на КНИ има голем број на изборни предмети во трета година, а ПЕТ помалку, дали ќе биде можно да земам изборен предмет што го има на КНИ, а го нема на ПЕТ?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.402
Поени од реакции
58.640
Веќе реков дека планирам да се запишам на ПЕТ, но имам едно прашање. Бидејќи на КНИ има голем број на изборни предмети во трета година, а ПЕТ помалку, дали ќе биде можно да земам изборен предмет што го има на КНИ, а го нема на ПЕТ?
Може
 

Kajgana Shop

На врв Bottom