Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
@Toneh имаш мн повеќе искуство од мене во оваа област така што ќе почекам да поминат најмалце 2 месеци настава пред да кажам што мислам за се ова.

Ова си грешка, има доста солидни докази дека колку повеќе знаеш нешто, толку потешко ти е да го објасниш тоа нешто на друг. Се вика curse of knowledge (Google it) лошо е што ниеден факултет несака или незнае за ова и не се обидува да направи нешто во врска со тоа. Се оди по обратна претпоставка што е најлошо ставаат луѓе кои знаат највеќе и претпоставуваат дека ќе може да ги научат и други на тоа. Истата претпоставка што и ти ја направи. Факт е дека најдобро ќе те научи некој што тукушто ја научил таа материја и може да гледа колку толку од перспектива на некој што незнае. Така што горе ова не ти држи вода и не гледам како има врска со било што.

Ако ми треба столче би избрал мајстор што 100 пати направил успешно слични столчиња отколку мајстор што читал како се прават и го направил 10. Тоа твое "зошто" има лимит, глупо е да учиш асемблер ако учиш OO language. Помодерните јазици се прават за луѓето да не мора да ги учат постарите т.е. за да им биде полесно да програмираат. Целиот свет во ова поле оди да му овозможи на обичен почетник да направи нешто во некој јазик без да знае како и зошто тоа работи...бидејќи се цени креативност и иновативност пред се. Ако сакаш да учиш зошто нешто работи тоа би било зошто би сакал да биде научник ама се кладам у колку сакаш ако ги интервјуираш повеќето што се запишале на финки ќе ти кажат дека на пр. мн. повеќе сакаат да научат како да направат мп3 плеер отколку да научат некоја теоретска работа за OO. Не викам дека ако научиш зошто нешто работи е неважно него треба да има баланс а засега гледам дека го нема овој баланс на финки.
Кога ќе пораснеш и кога ќе стигнеш при крајот со студирањето, се разбира ако си од тие студенти што си го сфаќаат сериозно факултетот и учењето, ќе сфатиш колку не си бил во право и колку ти била потребна основата што те научиле во прва година.

Колку од тие што предаваат на ит факултетиве направиле една програма за комерцијална употреба?

Иначе мајстори има колку сакаш на стотици бесплатни форуми за прогрмирање каде што можеш да прашаш какво било прашање.
Многу, да не речам сите. Не сакам имиња да ти набројувам зашто може да испуштам некој. Имај во предвид дека сите работат, ама работат на мноогу големи и сериозни проекти/системи или како и да ги наречам. Со тек на студирањето ќе се запознаеш подобро со нив и ќе видиш кој што сработил.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Најнов распоред е овој од 20ти? Нема нови измени?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Најнов распоред е овој од 20ти? Нема нови измени?
99% е сигурно дека ќе има. Најкасно до утре би требало да има нов, сепак од понеделник си се продолжува редовно со настава.
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
Ние што сме прва година треба да поднесеме документи за запишување зимски семестар ?
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Ние што сме прва година треба да поднесеме документи за запишување зимски семестар ?
Па вие ако не се лажам тоа го направивте со запишувањето на факултет. Ако си платил 6120/12240 тогаш си запишал семестар ;)

Туку нешто не ми е јасно - има разлика меѓу мастер студии и магистерски студии или тоа е едно исто?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Па вие ако не се лажам тоа го направивте со запишувањето на факултет. Ако си платил 6120/12240 тогаш си запишал семестар ;)

Туку нешто не ми е јасно - има разлика меѓу мастер студии и магистерски студии или тоа е едно исто?
Едно исто е. Во документите како Втор циклус на студии се викаат:)
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Едно исто е. Во документите како Втор циклус на студии се викаат:)
Значи сега новите смерови на ФИНКИ се сите 3+1+1 што би значело дека со 3 години си дипломиран(што и да е) и потоа имаш 2 години магистерски, а на ИКИ на пример со 4 години си дипломиран и имаш една година магистерски. Така? И колку се плаќа година од магистерски студии, уште е 2000 евра?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Значи сега новите смерови на ФИНКИ се сите 3+1+1 што би значело дека со 3 години си дипломиран(што и да е) и потоа имаш 2 години магистерски, а на ИКИ на пример со 4 години си дипломиран и имаш една година магистерски. Така? И колку се плаќа година од магистерски студии, уште е 2000 евра?
Со 3 години си Bachelor of Engineering.
Со 4 години си Bachelor of Science.
Со 5 години си Master of Science.

Магистерските студии кај што се 4+1 се плаќаа ако не се лажам околу 2000 евра со тоа што 1000 евра е годината и 1000 евра бранењето отприлика. Кај тие што се 1+1 вкупно испаѓа 3000 евра.
Али да потенцирам уште еднаш, МИСЛАМ дека е вака зашто никогаш не сум проверил од негде официјално, него ова се од муабети информацииве...
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
А може ли со Bachelor диплома да магистрираш во странство?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
А може ли со Bachelor диплома да магистрираш во странство?
Се разбира, затоа учиме по Европски Кредит Трансфер Систем. Ти може на електро да си завриш па да идеш на економски на постдипломски. Само пак ќе кажам, да си провериш пред да го земеш постов здраво за готово, знам многу што отишле на постдипломски на други факултети и во странство, дали да си провериш за конкретен факултет да не постојат некакво предуслови за мастер...
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Се разбира, затоа учиме по Европски Кредит Трансфер Систем. Ти може на електро да си завриш па да идеш на економски на постдипломски. Само пак ќе кажам, да си провериш пред да го земеш постов здраво за готово, знам многу што отишле на постдипломски на други факултети и во странство, дали да си провериш за конкретен факултет да не постојат некакво предуслови за мастер...
Па еве на пример од КНИ да одам на ова не би требало да имам тешкотии нели? КНИ колку кредити има?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Па еве на пример од КНИ да одам на ова не би требало да имам тешкотии нели? КНИ колку кредити има?
Немам појма искрено, али не губиш ништо да им испратиш меил.

Ако си 3 години - 180 кредити.
Ако си 4 години - 240 кредити.
 
I

Intex

Гостин
А кога може да се избира дали ќе бидам на 3 или на 4 годишна струка? За новите од ФИНКИ зборам.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
А кога може да се избира дали ќе бидам на 3 или на 4 годишна струка? За новите од ФИНКИ зборам.
Кога ќе ја завршиш 3та, ќе си избереш дали ќе продоложиш и 4та, па кога ќе ја завршиш таа, ќе си одлучиш дали ќе идеш и на 5та т.е. мастер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom