Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
дечки сакам да земам еден гејмер од АМЦ и да ве прашам за мислење :)

intel i7 2600k 3.4GHz
MB intel H67
8 Gb RAM DDR3
1 TB HDD
Nvidia GeForce GTX 550 1Gb GDDRS
DVDRW

за 40 000 што мислите ?
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
не за цената или за конфигурацијата бе батка ?
И за двете ама повеќе за конфигурацијата. Веројатно сакаш да играш игри чим викаш дека сакаш да земеш од такозваните "гејминг" конфигурации од АМЦ, ама верувај ќе се заебеш со оваа.

1. Лоу енд карта со хај енд процесор? Која е логиката овдека? Многу подобар избор би ти бил некој i5 + GTX560Ti/6950, или за нешто повеќе 7850, чим ти е за гејминг.
2. Sandy Bridge платформа, не дека SB процесорите се нешто слаби напротив сеуште рокаат и ќе рокаат уште некое време, ама Ivy е веќе неколку месеци излезен, и додека нема баш некои raw performance бенефити т.е. процесорите не се повеќе од 5-10% побрзи од SB, има останати бенефити како целост, т.е. како платформа. (нативен USB 3.0, подобар мемориски контролер, намалена потрошувачка, 22nm процес, PCIe 3.0 поддршка кај новите 7 чипсети итн.)
3. i7 K процесор, со отклучен множител, во комбинација со чипсет што не дозволува оверклок? :facepalm:
4. Нема наведен точен модел на матична, нит на рам нит на напајање, нити па на хард диск. Може да ти бутнат ѓубре матична, ефтин рам, Green хард диск со 5400RPM и Delux/Hantol напајање.
 
фала многу за ова (y)
ќе ми биде од корист ;)
кога веќе ова не го бива ќе дадеш пример за добар гејмер за тие пари ?
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
фала многу за ова (y)
ќе ми биде од корист ;)
кога веќе ова не го бива ќе дадеш пример за добар гејмер за тие пари ?
Кажи само дали можеш сам да склопиш/дали имаш кој да ти склопи конфигурација, или сакаш се од едно место?
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Кажи само дали можеш сам да склопиш/дали имаш кој да ти склопи конфигурација, или сакаш се од едно место?
моментално немам кој да ми склопи а сам мислам дека можам ама не се нафаќам да не ја утнам..:X3:
затоа гледам од некоја продавница готова конфигурација со акцент на графичката и процесорот наравно и матична да одговара со нив.
А можеби знаеш дали во АМЦ би ми дале јас да си одберам делови а тие да ми го склопат ?
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
моментално немам кој да ми склопи а сам мислам дека можам ама не се нафаќам да не ја утнам..:X3:
затоа гледам од некоја продавница готова конфигурација со акцент на графичката и процесорот наравно и матична да одговара со нив.
А можеби знаеш дали во АМЦ би ми дале јас да си одберам делови а тие да ми го склопат ?
Амц се катастрофа, многу шкарт делови, многу лоша услуга и сервис. Ќе видам што може од Анхоч да се склопи, или од Сет.
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Амц се катастрофа, многу шкарт делови, многу лоша услуга и сервис. Ќе видам што може од Анхоч да се склопи, или од Сет.
Јас сум од Кочани така да нема овде Анхоч инаку и јас би земал од нив..
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Јас сум од Кочани така да нема овде Анхоч инаку и јас би земал од нив..
Подобро ти е да се договориш со Анхоч, Сет, Мебиус, од каде и да земаш делови, да им кажеш кога ќе дојдеш и да си ги подигнеш во една кеса, ранец, куферче. Подобро плати една повратна карта од Кочани до СК, него од АМЦ да земаш. Лично немам ништо против, АМЦ, ама има многу негативни критики на нивна сметка. А што вика и Мастер, што не пишале конкретни модели на тие делови што ги нудат во конфигурацијата. Ќе ти убутаат нешту бутур..
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Јас сум од Кочани така да нема овде Анхоч инаку и јас би земал од нив..
Хмм ај ако можеш како што кажа Blazing Guns да се договориш со една од тие фирми, јас еве ќе ти составам конфигурација од Анхоч, мислам дека со нив ќе имаш најмалце проблем за договор.

CPU: i5 3450
MB: Gigabyte Z77-DS3H
RAM: 2x4GB DDR3 1600Mhz Kingston HyperX Genesis
GPU: GTX560 Ti
HDD: 500GB WD Blue
PSU: 570W Gigabyte Real Power
кинеска кутија + некој режач

Се околу 42000 ден.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Здраво, ми треба еден "мал" совет за шопинг, па мислам дека ова е точната тема (ако не е простете). Имам еден компјутер кој е, да кажеме, премногу слаб за денешно време. Го имам веќе 7 години и се повеќе покажува знаци на старост. Али тоа и не е битно со оглед дека и нов да ми е истиот нема да ми помогне многу бидејќи ми треба подобар за денешно време. Дури веќе незгодно ми е коа им кажувам на луѓето дека иам 512 мега рам, 1.8 гхц и сл. Такада морам да си земам у скоро време нов компјутер, само имам 2 проблеми. Инаку сакам компјутер со кој ќе ми фаќаат најголем дел (да не кажам еве сите) од игрите кои се излезени досеа, а дури веќе сум назад со све што излага со оглед на тоа дека сите играат COD: Black Ops 2, Skyrim, Assassin's Creed и такви ствари, а ја сум заглаен на COD двојката, Counter-Strike и GTA San Andras. Веќе и фејсбук почнува да ми лагува у пм. Инаку да, проблемите што ги имам и каков совет ќе ми дадете. Првото е што не се разбирам премногу во компјутери. Си ги знам вака основите ствари, нормално зависи кој што подразбира под основно, али да идам сам да купувам компјутер комплетно ќе се изгубам кога би требало да земам. Другиот проблем е што немам некој голем буџет за купување, т.е. ми треба добар компјутер за околу 20.000 денари мање-више (подобро мање, што не верувам). Уште на форум не сум се распрашал за ова, па ме интересира каков совет би ми дале. За секој совет би ви бил благодарен :)

П.с: И нејќам половен. Кога купувам, сакам да купам еднаш еден нов и асален.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
П.с: И нејќам половен. Кога купувам, сакам да купам еднаш еден нов и асален.
Дали имаш монитор, и дали планираш да го менуваш, колкав е исто така?
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Дали имаш монитор, и дали планираш да го менуваш, колкав е исто така?
Мониторот ми е колку компјутерот стар. Планирам ако зеам нов компјутер и нов монитор да зеам заедно. Али ете ако е прескап мониторот на ново, може ако најдам некој половен ако се погоди за ефтини пари. Нормално не знам и каков монитор би бил погоден.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom